Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Е па од нашава лекарска за такво нешто ќе почекаме... :D
Не знам дали приметуваш дека тоа е еден од проблемите во релацијата пациент-лекар во Македонија каде иако сме во ера на интернет и достапни информации, македонскиот пациент е доведен во заблуда од "ветувањата" токму од таквите "авторитети" и ги става алтернативните методи на прво место и над научно докажаните методи за терапија и третман на болестите.

Доказ за тоа е овој што спамира погоре за бојата Е100.
 
Се тролам со кадаифко зарем не гледаш.
Инаку да куркумата е еден од најдобрите зачини само и со неа да не се претера.
Пред 2 години Хрватска Забрани увоз на куркума, не се сеќавам од каде, ама од Европска држава, слично како и неодамна наши производи
 
Пред 2 години Хрватска Забрани увоз на куркума, не се сеќавам од каде, ама од Европска држава, слично како и неодамна наши производи
Не е проблемот во куркумата, него во другите состојки,материјали,микропластика,што се помешани заедно неа.
Ако има на 100г количина 100г куркума мало морген дека е шетна.

Исто и со протеините протеинот е здрав е но другите состојки како филери,бои,засладувачи,микропластики тоа е тоа што е штетно.

A тоа што пишав се тролав со кадаифко.
А за куркумата има научни студии но треба добро да се припази во која количина да се зема и со што да се комбинира за максимална апсорбција.
 
Суплементите не треба да бидат замена за тоа што го внесуваме преку исхраната. Најдобар начин да се задоволат нутритивните потреби на телото е преку храната која обезбедува витамини, минерали, протеини и други важни супстанции. Сепак, во одредени ситуации може да имаат корист, пример кај недостаток на витамин Д, калциум, железо, кај специфични категории на луѓе, бремени жени, постари пациенти, пациенти со хронични болести, вегани и сл.
 
Еми зошто никој не сака да работи ШО, не знам :toe:
 
Суплементите не треба да бидат замена за тоа што го внесуваме преку исхраната. Најдобар начин да се задоволат нутритивните потреби на телото е преку храната која обезбедува витамини, минерали, протеини и други важни супстанции. Сепак, во одредени ситуации може да имаат корист, пример кај недостаток на витамин Д, калциум, железо, кај специфични категории на луѓе, бремени жени, постари пациенти, пациенти со хронични болести, вегани и сл.

И да и не за твојот исказ.
Многу нормално дека е најдобро преку храната да се внесуваат сите тие работи, но проблемот лежи во тоа што, плодовите поради земјоделските практики и злоупотреба на земјата нивниот квалитет и хранлива вредност е значително намален.

Она што малку се зборува во денешната медицина, но за среќа зема се поголем замав важноста на црвената флора и придобивките од зголемен внес на растворливи и нерастворливи влакна. Ретко кој човек ја внесува соодветната дневна количина на влакна, а несоодветниот внес на растворливи и нерастворливи влакна предизвикува каскаден ефект врз целото тело, па така сега колоноскопии ќе почнат да препорачуваат и на луѓе под 40 години.
 
Ретко кој човек ја внесува соодветната дневна количина на влакна, а несоодветниот внес на растворливи и нерастворливи влакна предизвикува каскаден ефект врз целото тело, па така сега колоноскопии ќе почнат да препорачуваат и на луѓе под 40 години.

Тоа ретко внесуваат влакна заради зголемената благосостојба на населението и дека никој неќе да купува "црн" леб.
 
Ако конзимираш голема количина на влакна мора и вода.Инаку само проблем ке ти направи.
 
Најпрво здраво би сакала повеќе информации околу полагањето на државниот испит за медицинска сестра дали тоа се одвива само во државна болница скопје или може и во некоја од другите болници? Откако ќе се земат потписите од сите одделенија каде што се одвивало стажирањето каде треба да се обратам за полагање на испитот во деканатот или??? ве молам се што знаете да споделите многу ми е важно
:)
)
...јас знам, ама ќе се воздржам од коментирање, оти чуден ми е постов, емотиконот ме насочи накај фемина форум на ист коментар од 2013 година, каде ти одговориле на прашањето, а сега 2025!?? WTF :toe:
Screenshot 03-13-2025 22.55.11.png
 
Суплементите не треба да бидат замена за тоа што го внесуваме преку исхраната. Најдобар начин да се задоволат нутритивните потреби на телото е преку храната која обезбедува витамини, минерали, протеини и други важни супстанции. Сепак, во одредени ситуации може да имаат корист, пример кај недостаток на витамин Д, калциум, железо, кај специфични категории на луѓе, бремени жени, постари пациенти, пациенти со хронични болести, вегани и сл.
Ме интересира конкретно, каков е ставот за суплементи кај мали деца? Гледам во МК сите другарки даваат еден куп суплементи на децата, тука освен витамин Д друго не се препорачува. Омега, па за имунитет, па пробиотик... си викам може и јас треба да давам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom