Скопско супер женска лига

  • Креатор на темата Креатор на темата vk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

vk

Член од
15 март 2011
Мислења
88
Поени од реакции
1
Овде можите да се информирате за женскиот ракомет во Македонија односно за женското ракометно првенство,има борба за места но сепак за шампионот нема повеќе борба,прилеп ја изгуби борбата со Металург,иако Жито Прилеп го победи Металург но сепак во решавачкиот дуел металург го совлада со висока разлика.
Што се однесува за другите екипи според мене РК Ѓорче Петров добро се држи на 3 место и одлично напредува,сепак и другите екипи се борат ,ЖРК Вардар засилен ова година е на 4 место,трејнер е поранешната ракометарка Наталија Тодороска а исто така и добри спонзори има.
Екипата на Гевгелија е посебно борбена на домашен терен исто така и Леов Бартек,ЗА РК Фон Универзитет и РК Кичево кои годинава се насјлаби има вистинска борба ,според мене иако РК Фон-Универзитет е послаба екипа сепак јас мислам дека е појака од РК Кичево
наредната година се надевам дека и Металург и Жито Прилеп би дале повеќе.
Изглед на табелата
1 ЖРК Металург 54
2 РК Жито Прилеп 48
3 РК Ѓорче Петров 32
4 ЖРК Вардар 30
5 РК Гевгелија 23
6 РК Леов Бартек 22
7 РК Фон-Универзитет 6
8 РК Кичево 3
Следни натпревари
РК Фон Универзитет-РК Ѓорче Петров
ЖРК Металург-ЖРК Вардар
РК Леов Бартек-РК Гевгелија
РК Жито Прилеп-РК Кичево
 
^ Доста со вакви глупи постови по сто пати ви е кажано. Грдо е.
Ако имаш нешто да кажеш или мислеш ова и она напиши нешто по адекватно. Те опоменувам, немој вакви постови понатака, општо низ цел форум мада и тука не.
 
РК Жито Прилеп-РК Кичево 49-17 ,висока победа остварија прилепчанки.
 
Жито Прилеп сега е јак тим и го победи Металург на домашен терен.Според мене јака борба би имала за 3 место .за сега Ѓорче Петров е поквалитетен тим од Вардар но до крајот има уште многу да се игра.
 
Што мислите за ЖРК Жито Прилеп и ЖРК Металург,дали овие тимови ќе бидат гордост?

Падна митот на непобедивост на женскиот ракометен шампион Металург на домашната сцена. Синоќа во Спортската сала Македонија во извонреден натпревар каков што љубителите на женскиот ракомет не паметат кога последен пат виделе со оглед на децениската доминација на Кометал, Жито Прилеп го нанесе првиот пораз на Металург по двегодишната доминација. Натпревар со висок ритам, брза игра, ефектни голови и одбрани на голманите, зачинет со полна сала и громогласно навивање. Победата од 31:28 на тимот на Магдинчев е наполно заслужена бидејќи домаќинките освен почетното водство на Металург цело време беа во водство на моменти и со 5 голови разлика, а фаворитот беше во ситуација постојано да ја брка негативата. Гостинките во самиот финиш, со мала помош на судиите, стигнаа и до гол негатива но сепак одличната на голот Наумоска и головите во последните напади на Шалевска, Серафимовска и Гичева на Жито Прилеп му ја донесоа победата за која девојките може да се каже го оставија срцето на терен. Оваа победа многу ќе ни значи за продолжение на првенството. Нашиот триумф е добар и за македонскиот ракомет бидејќи внесовме неизвесност во борбата за титулата. Добро ја простудиравме играта на противникот, а девојките исполнија 80% од задачите. Но нема еуфорија ова е само една победа, за да бидеме први треба уште двапати да ги победиме. Тешко но не и неизводливо, изјавија по мечот Претседателот на Жито Прилеп Оливер Деркоски и тренерот Ристо Магдинчев. Тренерот на Металург Крсто Петрушевски видно разочаран од поразот честиташе за добрата игра и победата на противникот: Пружи натпревар кој е вистинска слика на мотивиран тим. Можеби ние самоуверено влеговме во мечот и помисливме дека победата ќе дојде само што ќе истрчаме на теренот. Можеби повеќе девојките мислеа на мечот со Сковде во Шведска од ЕХФ Купот и тука ја гледам причината за недисциплината и несериозниот пристап во играта. Со овој триумф Жито Прилеп за момент изби на чело на табелата со 3 бода повеќе во однос на Металург кој има и натпревар помалку најавувајќи дека до крајот на првенството ќе атакува на својата прва титула.
 
РК Фон Универзитет-РК Ѓорче Петров 22-22
ЖРК Металург -ЖРК Вардар 39-21
RK Жито Прилеп-РК Кичево 49-17
РК Гевгелија-РК Леов Бартек 22-22
 
Металург шо се фураат се фурат као шампиони но од кога жито прилеп го победи некако металург како да застана на земја но публиката го дигна жито пп така да по поразот од металург во пролетниот дел жито си остана приземјен со таа 20разлика така да додека се фураат нашите ''звезди'' во домашно првенство некој освојува Лига на шампиони и си е приземјен така да нека се спуштаат малце нашиве за да може некој успех да има
 
Жито Прилеп до вгодина ќе биде многу јака екипа ,неделава ќе пристигнат и двете русинки од звезда-звенигород кои дојдоја но сепак чекаја одговор од Трефилов,деновиве во Жито Прилеп се и две ракометари на проба од Црна-Гора
 
Жито Прилеп до вгодина ќе биде многу јака екипа ,неделава ќе пристигнат и двете русинки од звезда-звенигород кои дојдоја но сепак чекаја одговор од Трефилов,деновиве во Жито Прилеп се и две ракометари на проба од Црна-Гора

интересно ми се допаѓа но се надевам дека нема до вгодина да пропадне скопско супер лигата
 
е да во право си ,некој освојува лига на шампиони а македонија има преставници само во купот на ехф и во други купови.Интересно ќе биде другата година бидејќи металург ќе игра квалификации лига на шампиони играше и годинава но беше поразен од трите екипи а исто така ЖИТО ПРИЛЕП би играл во ехф-куп со силни противници .ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА НЕКОЈ УСПЕХ
 
Таман почна лигата,и отиде се у ТЛПМ:D
Ѓорче Петров се откажаа....не одеше....
Ете ги сега и Феникс АМ ги ФРЛИЈА ЦИПЕЛИТЕ:D...
Се силеа,вака ќе напрајме,така ќе напрајме,спонзори од ваму,спонзори од таму-и се си еба матер.....
Откажа главниот (тренерот Николче ака Златаро(изгледа му снема од златото):D)....и толку беше од ЧУПИЊАТА:(...
А добро ќе беше Битола како ракометен центар,да има и женски суперлигаш,ама ете не било пишано....
 
Таман почна лигата,и отиде се у ТЛПМ:D
Ѓорче Петров се откажаа....не одеше....
Ете ги сега и Феникс АМ ги ФРЛИЈА ЦИПЕЛИТЕ:D...
Се силеа,вака ќе напрајме,така ќе напрајме,спонзори од ваму,спонзори од таму-и се си еба матер.....
Откажа главниот (тренерот Николче ака Златаро(изгледа му снема од златото):D)....и толку беше од ЧУПИЊАТА:(...
А добро ќе беше Битола како ракометен центар,да има и женски суперлигаш,ама ете не било пишано....
Копиле е то Николче му сврти грб на чупињата , кога требаше да им се соопшти тоа го направи преку ФБ и ги одбиваше нивните повици што е срамота за личност која се стремеше да направи екипа за во Европа . На крајот излезе дека е вистински аматер. Ете веќе некои од нив си најдоа нова средина во втората екипа на Металург и ќе продолжат додека останатите ќе останат дома и ќе заборават на ракометот и колку добро изгледаа тренинзите секоја вечер. Штета навистина штета овие девојчиња навистина го сакаа ракометот од се срца .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom