Велешкиот спанаќ затруен со олово, како и повеќето производи произведени таму

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Велешкиот спанаќ со 18 пати повеќе олово од дозволеното, еколозите бараат државна помош за еколошко производство

Велешките земјоделци ќе сеат маслодајна репка оти знаат дека почвата е загадена со тешки метали. Земјоделецот Миле Стојанов кој петнаесет години произведува градинарски култури е прв од четириесетината кои сакаат да произведуваат еколошки зеленчук и овошје. Тој живее од нив и ги продава на градскиот пазар од каде ги купуваат велешани.

-Почвата во Велес е загадена за да добиеме почиста почва и да произведеме здрава храна. Па сите градинарски култури од пиперки, домати, кромид и спанак. Имам и овошки, еден мал овоштарник, вели Миле Стојанов

Анализите на експертите покажаа дека велешани не треба да јадат спанаќ произведен на велешка почва оти содржи олово 18 пати над дозволеното, а во зелката го има 10 пати повеќе.

Магдоносот содржи 2,5 пати повеќе цинк, а отровни се и другите градинарски култури. Поради ова екологистите почнаа со акцијата за чистење на почвата. Првично маслодајна репка ќе се сее на 10 хектари површина оти обезбедија само 6 илјади евра од норвешката амбасада. Со парите купија семе и го гарантираат откупот на родот.

-Пред еден месец побаравме поддршка и доставивме барање до надлежното министерство, но досега немаме никаков одговор. Во рамките на конвенциите кои би требало државата да ги почитува се надеваме дека за 40 дена ќе добиеме одговор, дали се заинтересирани или не да го поддржат деконтаминирањето на почвата во Велес, вели д-р Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила зора.

Засега нема најави од Министерството за земјоделство дека ќе го поддржи проектот на велешките екологисти. Од таму за Канал 5 рекоа дека државата ја субвенционирала маслодајната репка. За посеани 3 декари површина на земјоделците им давала 8,5 илјади денари.

Сепак здравјето на велешани е во рацете на државата. Ако и таа даде пари, маслодајна репка ќе се сади на поголеми површини. Од неа велешка Mаслодајна ќе произведува био гориво, а почвата побрзо ќе се деконтаминира.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=72483
 
[

Анализите на експертите покажаа дека велешани не треба да јадат спанаќ произведен на велешка почва оти содржи олово 18 пати над дозволеното, а во зелката го има 10 пати повеќе.


ОНИ нема да јадат, но, затоа ќе ни ги продаваат овде низ скопските пазари
 
Се е загадено таму, тоа водата има вкус на железо кога ја пиеш, погадна вода неам пиено у животов.
 
Затоа е подобро да си засукаш ракавите...
не,
поубаво е да го купуваме сушениот спанаќ
-ионака ретко го јадеме (само проблемот не е во спанаќот- којзнае уште што се’ ни се продава, а е исто толку или повеќе затруено)
 
Може на отпад да го продаваш.
 
не,
поубаво е да го купуваме сушениот спанаќ
-ионака ретко го јадеме (само проблемот не е во спанаќот- којзнае уште што се’ ни се продава, а е исто толку или повеќе затруено)
Не, уствари за кој како.
мене ми е подобро да ми расте дома, да го одгледувам и да се грижам за него. Барем така ќе знам дека не е третирано со недозволени хемикалии. Додека тоа што го купуваш на пазар, појма немаш со каква вода е наводнувано и со какви препарати е прскано (и со што е боцкано за да порасне поголемо)
 
Не, уствари за кој како.
мене ми е подобро да ми расте дома, да го одгледувам и да се грижам за него. Барем така ќе знам дека не е третирано со недозволени хемикалии. Додека тоа што го купуваш на пазар, појма немаш со каква вода е наводнувано и со какви препарати е прскано (и со што е боцкано за да порасне поголемо)

ок, но дали можеш се’ да одгледуваш?
 
Нели имавме некој минерал во кумановско кој ја деконтаминира почвата ?
Зошто не се преземаат мерки целата почва да се врати во првобитна состојба.
Ах да, нема провизија тука.
 
What's up, losers? Today's lesson: Natural selection.
Excellent system. Made us who we are today.
But then we invented seat bells & things like анализи од експерти за олово во салатите.
Things that keep idiots and weaklings alive. And let's be honest. Most of you don't really deserve it.

Мухахаха. :devil3:

Него, ако дознаеме за какви штетни ствари ни увезуваат, еве, спанаќот и зелките ќе ни се преслатки како за вегетеријанци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom