Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Возраст
39
Локација
Париз, Франција
Со раце под глава во темната соба бдеам во таванот. Менталниот клип за тоа каков ќе ми биде животот во Скопје штотуку се одмота. Безмилосно и со презир ја погледнав Саат Кулата од мојот прозор. „Конечно ќе мрднам од градов, ќе одам некаде каде што никој кур да го боли кој сум, чиј сум, на кого сум...и ќе бидам она што навистина сум“.

The_Clock_Tower_Bitola_by_kokic.jpg

Со нетрпение го очекував знакот под мостот каде што пишуваше Добронидојдовте на влезот во Скопје.

Низ главата ми се вртеше помислата, „Живеам сега во Скопје, работам сега во Скопје,...еј фак...не е мала работа човек да се одлучи на ваков чекор“. Низ главата ми се вртеа филмови на еманципирани луѓе, желни нешто да направат во животот.

2282858-Main_square_in_Skopje-Skopje.jpg

Конечно ќе се движам во кругови како интелектуалниот труд е далеку повреднуван од оној на кого си/чиј си и како ако мрднеш само малку на интелектуално ниво (си издал збирка мочана поезија) се доживува со лицемерен крик на нискобуџетната локална телевизија, која уствари си пополнува место во емисијата „Локални дијагонали“.

Ги замислував седенките на кафе во Аја Лезет, како пијам чај Earl Grey со млеко, бидејќи во Битола ме гледаа како да сум паднал од друга планета, а не дај Боже да те земат на „удолу“ во смисла „Шо му е на чооооеко бе браааат?! (М)Ооооооре ненормалееен“.

...

Skopje_before_rain_by_The_ReaL_MF.jpg

Деновите се нижеа. Декаденцијата на градот полека, полека започна да се отвора. Морзеова азбука. Бетон, асфалт, бетон, бетон, асфалт. Сето тоа спомешано со миризба на плин, бензин и огромни количество дизел.

Стрес на секое лице. Не знам дали е до Сонцето, сињакот или нешто друго, ама брчките на лицето овде изгледаат подлабоки.

Ефектот на добро настегани сардини во смрдливите автобуси те следи на секој чекор. Веќе го научив ритамот и на тоа. 7.30 сабајле, 3.30 попладне, 11.30 навечер. Секои осум саати автобусите крцкаа од луѓе испозалепени како плакати врз гнасните прозори на 5-ка, 23-ка,15-ка,57-ка...

И тука некаде низ сиот песок од нормални луѓе ќе фрлиш поглед и ќе ги забележиш малите бисерчиња - богати луѓе со гнасен материјалистички фетиш, кои со своите џипови, ферарија, масерати, бентли фрчаат низ улиците.
Успат излегуваат пред Holiday Inn да ги мрднат своите дебели машки и ултра слаби женски газови со „екслузивната“ солунска викенд роба.

Штета што кај нас нема мали лепенки за браници на коли (bumper stickers) на кои ќе пишува „Го фатив Господ за мадиња“.

...

A0C6B5961A02F6479EB0197F9A689AA4.jpg

Ги нема седенките во Аја Лезет. Премногу сум/сме зафатени да се избориме за егзистенција или сме пропаднати во длабока меланхолија за викендот кој едвај чекаме да дојде, а кога ќе дојде ...само ја сумираме измината недела и гледаме уствари колку ни е шит животот.

Контактите замираат. Градот е голем. Кој ќе се влечка од Аеродром до Радишани, од Радишани во Капиштец, од Капиштец во Ново Лисиче.

Старите...ги гледаат глупавите турско/индиски серии и приспонуваат на топлото време и бесцелното шеткање покрај кеј, собирајќи ги миризбите на смрдливот Вардар.

Сивилото е насекаде околу мене. Градот нема дух. Вештачка творевина исполнет со лажен лицеремен интелект во форма на навидум успешен човек кој својата репутација ја креира со лажен себе-идол (малку различно од егоцентричност и нарцисоизам) за она што сте го постигнал.

Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. Yeah right!

Веќе ги научив сите места низ целиот Центар и Аеродром. Кога имав некој динар, тркнав и до Тафталиџе, Маџари (која факинг дупка) и други елитни населби низ Скопје, како Чаир (транзит), Бутел и елитната Радишани (читај: Богу иза леџа).

Малото брдо, не многу поголемо до Тумбе кафе, се величи како да е Монт Блан и постојано се шират приказни до посер за тоа каааааков триумф е да се искачиш до крстот (која дебилна идеја ама ајде) и каков секс може да падне покрај патот до Видиковец или средно Водно (постојано да бидеш освелтуван од дебили со „долги“ светла...а-ха...ооуккеј...no thanks).

Младите „провинцијалци“ одвај чекаат да тркнат до родниот град. Студентите, кур ги боли. Нема мама, нема тато, цело друштво им е тука, шо ќе им се оди дома. Ќе дремат тука месец-два и ќе излегуваат во елитните ноќни клубови, при тоа неминовно е двочасовното чекање ред како за леб во 90-тите (читај: глумат лудило, пуштени од синџир).

6da9a7f576fc833077cd85c116d34cd0.jpg

Читај драги провинцијалецу:

Плата имаш висока во Скопје, во споредба со Битола (ова пополни го со твојот роден град). Но, те молам одбиј за кирија, сметки, живот, транспорт, окапани коски по автобуси како градски, така меѓу градски. 120 денари за шише 0,33 Скопско во Ноќен клуб, ...

Ете тоа.

Повеќе друг пат...

П.С Не одговарам на провокативни одговори на темава. Ова е јас како го гледам Скопје, ништо посебно за вас и вашето его.
 
Се согласувам во целост со цел текст. Факт е дека тоа со платите и киријата, сметките, транспорт, храна е точно... со 300 евра во Кичево можеш да си приуштиш многу, а со тие пари во Скопје си на диета.
 
Хаха ме насмеа ова баш убаво.Интересно и вистинито пред се.Кога би почнааал да пишуваам за нашето ни мило скопје охохооооооооооо.Скопјанец сум ама што е право право е само треба да се гледа и на посветлата страна на работите.Еве денес за прв пат се возев со еден од новите автобуси и задоволен сум и среќен што мојот град се поднови така добро.Мојата гордост што сум од скопје штотуку рипна за плус еден и сега се повеќе се насетува близината на нулата некаде во облаците.Со малку среќа и поддршка од власта а и културата на народот да се подобри за малку ке се доближиме повеќе и ке можеме и да сонуваме и за некоја позитивна оцена..Разбирам за односот на платите, киријата, излегувањата, сметките други, девојка, заштеда можеби?Неееее:ne: , само така спомнав, ако ти иде спортска од рака можеби иначе ЗАШТЕДА:vozbud::zver:...Некултура на високо ниво, прост народ да ги црпиш неможеш за 100 века да ги исцрпеш, депресија ме фаќа од ваков народ, се почесто гледам на улица луѓе кои си зборуваат самите со себе си и си се смеат онака слатко и се потсеќаат најверојатно на нешто кое реалноста денес неможе да го понуди.Shit музика колку сакаш, фраеришта кои живеат од мамичка и татичко а се фураат и глумат фраери, градски момци а сељаци во душа, некултурни, неписмени, лоша смисла за хумор, да се чудиш од кај толку излегоа.Национално богатство ни се.Ги има во скопје како што нафта има во Саудиска Арабија.Жалосно, да заплачеш од мака.Најисплатливо е да бидеш средношколец.Женски еден куп, уште во таа фаза каде мама и тато финансираат и тоа и не е некоја срамота, можеш да и кажеш на женската срце моите ми го скратија џепарацот и сега сум шворц и ако си снаодлив со зборови ке пројдеш супер со тоа и пак ке бркнеш нешто.После средно тоа некако глупаво звучи.Да си добар финансиски скопје го гледаш одма од друга перспектива.Има кај да се излегува, има кај да се троши, има на кого да се троши.Ако имаш кеш и незнаеш каде дојди у скопје, нема да згрешиш.Ама додека дојдеш до тоа е интересно.Ај ме мрзи више....и онака не кажав многу можеби и без везе забегав у непознат правец ај да се прочитам еднаш па ке дополнам ако треба...
 
300 Евра да ми идеа дури седев под кирија, ќе живеев ко цар во битола. А во скопје ко работев ми идеа истите тие 300 евра и ако останеа месечно - 5 евра заштеда бравос ќе речев.
На работа дури појдам: 30 денари градски
Цигари и еден сок или јадење: 100 денари
Назад да дојдам од работа: 30 денари

Дента да излезам на кафе - 50 денари
Да купам нешто за јадење, пиење, просек дневно 100 денари

310 денари дневно

Дневница од плата: 400 денари

И на крај ми излегуваа 90 денари само да штедам за киријата која никогаш не излегуваше целосно да ја платам:)
 
TOOO majstore ja ova se obiduvam na site so imaat takvo mislenje ko sto si imal da im go dolovam ama ednostavno ne im vleguva vo glava dur ne go osetat na svoja koza
 
Како еден Скопјанец ,од стара Скопска фамилија ке пробам да дадам едно свое видување за горе напишаното..
Те разбирам како се чуствуваш ,и не ми е воопшто чудно, уште кога го прочитав насловот на темата ми беше јасно.
Насловот ти е утка ,па од тука ти се промашени сите наредни констатации... а коректниот наслов е “Скопје дувлото на провинцијалци, низ призмата на провинцијалец“ е ова е нешто друго и текстот ти добива на вредност.
Тоа што ти на погрешен начин си створил слика за Скопје и сега си разочаран е уствари твоја лична проценка за очекувањата кои ги имаш , и сега тука на површина за жал излегуваат комплекси на површина :toe:
Еве јас ке ти кажам ,ти мислиш дека знаеш нешто за Скопје ама уствари немаш врска ,и како што гледам уште 200 години да живееш таму пак исто ке мислиш....
Околу бесните коли ,џипови и сл...тоа се нивите продадени од провинција во најголем процент.....жал ми е ,тешка утка ти е постот..
 
Имам што да ти кажам, ама дадов свечена заклетва на крајот од постот :)

Значи ова е субјективно гледање на Скопје, многу луѓе ќе се пронајдат, многу не. Искажуваме мислење, нема навреди...само она што е :) the naked truth!
 
и тогаш која е поентата на живеење на провинцијалецот во Скопје?????
 
Ај богати викаш од нивите а? абе не знаат шо е земја и мотика бе од нивите било. ОД нивите не може да се прелебат 1 фамилија бе пријателе а не кола од 30+ илјади евра да купиш.
 
Имам што да ти кажам, ама дадов свечена заклетва на крајот од постот :)

Значи ова е субјективно гледање на Скопје, многу луѓе ќе се пронајдат, многу не. Искажуваме мислење, нема навреди...само она што е :) the naked truth!
Па зависи од која страна ке ги земеш работите...
Јас сум роден во Скопје ,растев со Скопје и приказните од дедо ми за неговиот дедо од мојот град.
Јас каде се пронаоѓам ти нема шанси таму да се најдеш ,исто како ни јас во твојот град,јас не вреѓам ,ама би можел да ти одговорам со една контра тема за твојот град и и стотиците дебилни работи кои ги имам јас таму видено ,ама каде води тоа ...
Многу попаметно е да најдеш начин да ги запознаеш вистинските вредности на Скопје него да ни објаснуваш за тоа како гледаш низ твоите наочари кои се затемнети до макс..
Јас живеам во Гетеборг ,сите тие твои “мани“ кои ги најде во Скопје не постојат овде ,ама ако ти кажам дека има многу работи кои не може ни во сон да се мерат со Скопје тогаш можеби и ке разбереш..

--- надополнето ---

Ај богати викаш од нивите а? абе не знаат шо е земја и мотика бе од нивите било. ОД нивите не може да се прелебат 1 фамилија бе пријателе а не кола од 30+ илјади евра да купиш.

Батали приказни ,постојат примери ,посебно Тетово и поширока околина....
 
Како еден Скопјанец ,од стара Скопска фамилија ке пробам да дадам едно свое видување за горе напишаното..
Те разбирам како се чуствуваш ,и не ми е воопшто чудно, уште кога го прочитав насловот на темата ми беше јасно.
Насловот ти е утка ,па од тука ти се промашени сите наредни констатации... а коректниот наслов е “Скопје дувлото на провинцијалци, низ призмата на провинцијалец“ е ова е нешто друго и текстот ти добива на вредност.
Тоа што ти на погрешен начин си створил слика за Скопје и сега си разочаран е уствари твоја лична проценка за очекувањата кои ги имаш , и сега тука на површина за жал излегуваат комплекси на површина :toe:
Еве јас ке ти кажам ,ти мислиш дека знаеш нешто за Скопје ама уствари немаш врска ,и како што гледам уште 200 години да живееш таму пак исто ке мислиш....
Околу бесните коли ,џипови и сл...тоа се нивите продадени од провинција во најголем процент.....жал ми е ,тешка утка ти е постот..

Ти како еден скопјанец треба да знаеш и да одговориш на ова прашање што ке ти го поставам: Што ти мислиш дека не е точно напишано во горе напишаниот текст?
 
АК НЕ ВИ ЧИНИТ, НЕ ИДАЈТЕ!

Принудени сме да идиме.... разболи се оди у скопје....некои документи пак оди у скопје....факултетите скоро сите се таму. А вас не ви одговара оти се дискутира така во врска со скопје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom