пример ќе го земам националниот парк Јасен таму целата планина е ископана и
внатре имало два огромни тунели со аеродроми огромни фрижидери за храна магацини за оружје возни паркови а како што имам разбрано од кажувања на постарите можно е да
има и авиони внатре сеуште ,
тенкови и други оклопни возила. Замислете цела планина да се ископа а никој нема видено каде се носи земјата тоа е огромно количество на земја која треба да се носи со години и треба илјадници камиони за транспорт и за сето ова никој ништо не знае!!! Дедоми ми има кажувано за некој војник кој бил однесен кај бункерот во Јасен, тој бил во Словенија на служење воен рок и го префрлиле ваму и кога стигнале тој рекол зачудено "оооо она е селото мое" селото негово се гледало одозгора и така го слушнал некој од старешините и другиот ден одма го вратиле назад во Словенија... Е таткото на еден мој другар кога бил млад морал да ги однесе овците во планина зборувам за селото Слатина што е до Македонски Брод и вика си седам и одеднаш од планина полетува авион, вечерта за враќање авионот слетал во планината повторно. И најчудното од се е што никој незнае ништо.
Таму мислам има мртва стража и пристапот е забранет 100%, јас сум убеден дека и таму нешто се мати мислам дека се прават експерименти со се живо. Ако знае некој повеќе за мистеријата околу Јасен може да пише секоја информација е добредојдена