Еврејските партизани на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
дополнување:
И јас барав повеќе податоци за некој активности на Евреите во НОВ.
За инжињер Грос - го најдов ова
---------------------------------------------
„После ослободителната војна беше поставено и првото раковоство на Железницата. За шеф на Ложионицата која единствено вункционираше,беше поставен машинскиот инжињер Кос.
Кос, по народност Евреин,кој уште од првите денови на окупацијата се приклучи кон борбата против фашизмот. Цело време на окупацијата тој беше илегалец во градот. Се наоѓаше на различни работно места во Ложионицата. Кос со успех раководеше со обнова на Ложилницата.
Почина во Београд во 1967 година како железнички пензионер.“
--------------------------------------------
( Железничарите,а посебно вработените во Ложионицата 1941-1944 г. активно се вклучија во НОД - НОВ, со се почестите саботажи,уште пред
почетокот на востанието, а со тоа и инж. Кос кој беше соработник со вработените мајстори - за овие случувања има повеќе во книгата
Окупирани-Непокорени - Железничарите во Скопје 1941-1945 год.)
 
Приказна за откопување на Еврејското злато во Штип 1943 год.
Во својата самоиздадена брошура (и со чудно име) „Вистински
приказни“, Скопје,1мај 1988 година,во две од повеќе приказни,под наслов „Курир“ и „Копање Злато“, Даница Михајлова Кожинкова
изнесува невистини и дава еден вид литературен опис на споменатата акција од насловот,а како главен учесник во задачата го наведува Митко Кожинков.
Но тој не бил испратен во Скопје,еве изјава од Исак Сион
„ Точно е дека по депортација на Евреите од Штип,Масниот Комитет заклучил дека би можело да обиде се стапи во контакт со Пепо Леви,а тој заедно со другите активисти-Евреи,како Аврам Сион,Моис Сион,Исак Леви и други,да испитат дали штипските Евреи-симпатизери на НОД би биле спремни скапоценостите скриени во нивните домови да ги стават на располагање на движењето во Штип и дали за таа цел би можеле да ги посочат местата каде ги оставиле тие вредности.
Во оваа смисла беше напишано и едно писмо за Пепо Леви,Благој Јанков-Мучето и Славчо Стојменски.На самиот состанок на МК беше решено да како најсоодветен да се обиде да го реализира овој потфат и го одредиле Васил Златев. Со задача да оди во Скопје,да воспостави врска со Пепо Леви во логорот во монополот,да му го предаде писмото и да извиди што може да се направи во врска со оваа акција.
Набргу после ова Васил Златев ( а не Митко Кожинков, моја забел.)
тргна за Скпје и задачата успешно ја изврши.
По Пепо донесе едно кратко писмо со прецизни податоциза 8 места во 6 еврејски куќи,во кој се наоѓале скриени скапоцености и со кратка порака - дека нивните сопственици Евреи од Штип тие свој вредности
доброволно ги ставаат на располагање на НОД во Штип,како свој придонес во борбата против фашистичките поробувачи.
Значи како курир во Скопје беше Васил Златев,а не Митко Кожинков.
Во изведување на оваа задача беа ангажирани:Васил Златев,Исак Сион,Митко Недев-В’нич,Ристо Кадифков,Митко Кожинков,Славко Јовев и Предо Раденков.
Групата успеа во 3 еврејски куќи,на пет места,да пронајде 3 големи и 2 мали тегли полни со златници и златен накит.Како која тегла беше откопувана,беше предавана на МК на Партијата.Најголем дел од пронајденото злато беше откопано во куќата на Пепо и Наим Леви.“
----------------------------
Во својте сеќавања во наведената брошура Даница воопшто не ги спомнува Васил Златев кој заедно со Исак Сион беа главни организатори и непосредни учесници во целиот овој потфат во тоа време во март 1943 година во Штип.
---------------------------
Каков голем потфат и „стремеж“,па би рекол и идеал на веќе затворените Евреи,од Штип во скопскиот Монопол,кој тогаш сигурно и ја претчуствувале својата судбина, да решат и донесат одлуга својте вредности да ги дадат за партизанското движење и борбата за слобода.А тие пари-злато се употребени баш за таа намена.
За ова е малку познато и пишувано во јавноста.Иако и уште во првите години од окупацијата Евреите од Штип го помагале НОД и некој од тие собрани и сокриени сретства (10 златници) биле најдени и во оваа акција.А вкупно е откопано нешто повеќе од 10 кгр скапоцености.
--------------------------
Својте скапоцености ги оставиле на располагање на НОД овие Евреи
Алберто Исак Леви,
Жак Хаим Леви, наречен „ Дел Сараф“
Семуел и Исак Јаков Леви,
Челобон Бохор Леви,
Анри Давид Сион, наречен „Дел Ројо“ и др.
Со овој потег тие се рамо до рамо со другите борци од НОД.
 
Исак Сион - како ја избегнав депортацијата
„Околу полноќ бугарската војска почна да се распоредува по градот.На сите еврејски семејства тогаш им беше наредено да се облечат и со најнужните прирачни потребности во рок од еден час да излезат на плоштадот....Така и беше,сите излегова.
Тука Бугарите почнаа сите да не постројуваат и потоа да не формираат во помали групи и така,една по една група,под стража,пеш да не спроведуваат кон железничката станица.Двете мој сестри,Естела и Матилда,брат ми Аврам и јас бевме одредени во ред по двајца во една мешана група од околу 25 машки и женски и неколку деца од 6-7 години.Така тргнавме со стража од 4 бугарски полицајци кон станицата.Веднаш по тргнувањето од плоштадот,јас гледав дали би можел низ некоја од попречните улици да бегам,но насекаде гледав бугарски полицајци.Кога одевме покрај бавчите пред мостот,забележав дека четирите бугарски полицајци што ја водеа нашата колона не беа толку строги.Секој од нив ја држеше својата пушка во десната рака слободно,речиси мошне лабаво.Преку еден до друг во колоната,им укажав на тоа на некој повозрасни во колоната и испитав дали би биле спремни,по четворица од наша страна на секој еден полицаец,во едновремен напад да ги разоружаме и сите да бегаме.речиси сите повозрасни изразија таква желба за акција.Но јас бргу видов дека,освен еден,никој од нас не служел војска и не знаевме да ракуваме со оружје,поради што целата акција може да биде голем ризик,а можеби и катастрофална за целата група и затоа се откажавме од тоа.
Во меѓувреме видов дека едно наше мало дете се одвој од групата на страна да врши мала нужда.Полицајците не го спречија во тоа.Потоа се одвоив и јас малку од групата,божем и јас да вршам нужда.Стражарите не ме ни мене спречија,а групата продолжи полека напред.Застанав и чекав малку да се одалечат.Кога групата се одалечи едно стотина метри,легнав во ендекот крај патот додека групата уште да се одалечи.Тогаш забележав дека од правец на градот се приближува едно возило. Станав и бргу почнав да трчам десно од патот кон Брегалница,зад новите касарни.Местото каде се издвоив од групата беше едно 7-800 метри од камениот мост на Брегалница.Теренот,по кој трчав беше природно избразден на оделни места.Така стасав до Брегалница,облечен веднаш ја прегазив и поминав на нејзиниот лев брег.Продолжив уште малку и на некој камења застанав да се исцедам.Отука одев покрај реката некое време низводно и меѓу дрвјата застанав и чекав да помине денот.
Предвечер се упатив накај Бело Брдо и преку Отиња се доближив до куќата на Фируз,во која влегов кога се стемни...
Така само јас успеав да се спасам-избегав.Исак Јаков Леви (кој не беше собран) сам по два дена се пријави во полиција,која потем го спроведе во Скопје во логорот.“
-------------------------
 
Еврејската младина посебно се истакна во многу активности на НОБ од 1941-1945 година. Еврејските заедници од Битола, Скопје и Штип даде виден придонес во таа борба.
Во борбата против фашизмот дејствуваа и лица од еврејско потекло пред 1941 година. Познат комунист и борец за работнички права, член на КП на Мексико Рафаел Батино (илегално име Мишо Цветковиќ), се враќа во родниот град Битола во 1934 година. Набргу се вработува во Скопје и во 1935 година учествува во штрајковите на Урсовите синдикати. Во јуни 1936 година во Скопје, заедно со Мино Миновски, Живко Ивановски, Васил Антевски, учествува во формирањето на партиски ќелии. Меѓутоа, на 15 септември е откриена таа активност од полицијата и е осуден на 5 години робија. Во затворот во Сремска Митровица учествува во разни активности за подобрување на условите на затворениците. Заради тоа неколку пати е изведен пред суд и му е продолжена казната. Често мачен и претепуван, му ја повредуваат ногата, и поради тоа е слабо подвижен. Во затворот, заедно со Моша Пијаде и други искусни револуционери, станува, професор на Црвениот универзитет". Учествува и во преведувањето на "Капиталот" од К. Маркс и прави обид за пишување на граматика на македонски јазик. Во 1941 година успева да побегне од затворот со група политички затвореници и се приклучува во Посавскиот одред. Во јули 1942 година, е предаден и е фатен од четничките банди, и е предаден на италијанските фашисти го стрелаат со група партизани во Вучја Клека.
Сарина Песо во септември 1939 година, поради својата активност, е затворен со група скоевски раководители. Во 1940 година е член на Меснсиот комитет на КПЈ во Битола. Членови на КПЈ во 1940 година се: Пепо Камхи, Исак Сарфати и Елијао Барух. Тие истовремено се и раководители на еврејската младинска организација "Хашомер Хацаир", освен Исак Сарфати.
Во 1941 година од Белград се враќа во Битола Давид Садикарио, член на КПЈ од 1939 година.
Ѓорѓи Блаер, дентист од Скопје, член на КПЈ од1937 година и истакнат синдикален работник, од 1941 година е учесник во НОБ во Скопје. Исак Сион од Штип во 1939 година учествува во акциите на напредните банкарски службеници во Љубљана, а во 1940 година станува член на КПЈ. Во 1941 година се враќа во Штип и веднаш стапува во НОД.

P1404.jpg

Штип,
Венчална фотографија од 1946 на Исак Сион со сопругата Љубица.
Единствен Штипски евреин кој на 11 март 1943 успева да избега од депортацијата.
Носител на партизанска споменица 1941
 
B0706.jpg

Битола, Бено Русо

Во мај 1941 година се собираше оружје, наменето за идните борци и партизански одреди. Истиот месец дел од еврејската младина беше собрана во градската општина на Битола и од страна на германската команда однесена на принудна работа. Таа пренесуваше воен материјал од воените складишта на бившата Југословенска војска во месноста "Тумбе-кафе" до железничката станица. Повеќе денови непрекинато работеше. Еврејските младинци договорено фрлаа во џбуновите и траповите пакети оружје и муниција со мисла тие да се користат за потребите на Народноослободителното движење. Подоцна еврејската младина од Македонија беше испратена на принудна работа во Бугарија и во околината на Скопје.

Беа собрани околу стотина пушки, некои купени илегално, а дел поправени во механичката работилница на Бено Русо.

На крајот на јули 1941 година е растурен летокот со кој се повикуваат Македонците и сите народности масовно да излезат на прославата на Илинденското востание и да демонстрираат против поробувачите на Македонија. На 2 авгтуст во Скопје и Битола излегоа на улиците голем број граѓани, групи студенти, работници, комунисти, скоевци и симпатизери на НОД да демонстрираат. На 1 и 2 август полицијата затвори околу 10 души во Скопје, исто и во Битола. За првпат на тие демонстрации во Битола се исфрли паролата "Да живее слободна Македонија". Во тие демонстрации учествуваа и Евреи, кои поединечно и спонтано се вклучуваа во поворката.
Илинденските демонстрации јасно покажаа дека македонскиот народ и народностите ги сметаат Бугарите за окупатори, а не "ослободители" – како што тие се нарекуваа. Набргу се случија и првите атаци врз личната слобода: апсења, интернации и др. На 7 август 1941 година скопскиот полициски началник издава наредба за начинот како ќе се испраќаат лица на принудна работа и интернација и тоа во пооддалечени места.
--- надополнето: 28 август 2012 во 21:20 ---
 
ПРИКАЗНА ЗА МОРИЦ РОМАНО

Прв пат сум во двоумење како да ја почнам оваа „приказна“ и све што да напишам
за овој човек,син на последниот битолски рабин и учесник во НОБ за што имам
поточни и немам некој податоци,освен дека бил затворан уште 1942 година.
Но некако мора да се почне и еве со „ Белешка за авторот“,од крајот на неговата
последна книга - книшка како што тој ги нарекува неговите дела,за жал само
за пријатели,роднини и комшии но не и печатени за пошироката јавност.
„Беше едно момче Еврејче што заврши основно училиште,полуматура во гимназија
и матура во Трговската Академија во Битола и Економски факултет во Скопје.
Членуваше еден Сефард во три Македонски влади како министер за трговија,
финансии и потпретседател по стопански прашања.Работеше еден економист како
претседател на Стопанска комора,Амбасадор во Чиле и Пратеник во Републичкото
собрание и пратеник во сојузното собрание.Учествуваше еден опшественик во
претседателството на Социјалистички Сојуз и во Сојуз на Борците.Во слободно време
беше еден љубител на спорт,музика туризам и екологија,Претседател на музичката
младина на Македонија,пријател на шумите ,Советот за заштита на човекова средина
и во Туристичкиот Сојуз.Користеше време еден пензионер за пишување книшки со
сведочења на еврејски теми“-
-Битолски албум,-Сефардски романсси,-Радовишки муабети,-Охридски лета,-Фајрон,
-Шалон,-Жар,-Скопски писма,-Сефарди,-Рабуш,Стенограми,-5761 година.
Во холокаустот на македонските Евреи Мориц Романо го губи целото семејство.
-----------------------------------
Ако е дозволено би продолжил со уште некој податоци,за жал за сега немам
можности за поставување и на слики,но наскоро би побарал помош за тоа од вас,
и би отворил тема воопшто за животот на македонските Евреи пред војната.
 
спомени на стариот Партизан
Во годините пред војната 1938-1941
бевме „разред“ од дваесет лични чупиња
во црни „кецели“ и јакнички бели
и десет голобради момчиња
со долги или куси панталончиња
во прочуената „Трговачка Академија“
крај Широксокак,на Алимпичева улица,
во Битола бабан Битола.
Женските беа одлични и врло добри,
а машките добри и едвам добри.
Се знаеше отворено без трошка мака
која чупа со кој дечко се сака.
На Широксокак кај што секоја втора жена
свиреше на клавир и зборуваше француски,
учениците од Гимназијата и Академијата
бевме главни шетачи и љубовџии.
Читавме повеќе забранети
одколку задолжителни книги.
Се изразувавме во Зидни новини
и со реферати на литературни собири.
Честопати одевме на кино и театар,
на матинеа и на екскурзии
до Тумбе кафе и на Пелистер
или крај Драгор на серенади.
Од кога на брзина матуриравме
војната привремено не раздели.
Едни се иселија од Битола
други продолжија на факултети,
трети војници или во шума појдоа,
четврти се омажија и оженија
петти како книговодители се вработија
шести во логори и зандани лежеа.
По војната триесетте соученици
со телефони и писма се поврзувавме
и едногласно си ветивме
секој пет години да се сретнуваме
да ги одбележуваме годишнините
од матурата и младоста
во придружба на професорите
во Битола бабан Битола и во Скопје.
Се среќававме според договорот.
Се прозивавме според дневникот.
Ручаме,пеевме и танцувавме
„Маријана“, „Кукурача“, „Лишими“ и други,
Ги фалевме децата и внуците.
Забранивме за болести да зборуваме.
Што дека на секоја средба,
се помалку живи останувавме...
За шеесет и пет годишнината
на пролет 2006-та година
си ветивме да се сретнеме
макар само неколкумина,
колку да се потсетиме
и свеќи да запалиме
за драги соученици на генерацијата
од „Трговачката Академија“ битолската.
.........
некогаш така беше.Сега се раскажува.Ги почитуваме сите вери и невери.Нека ни завидат.Оставаме во наследство поука.Да живее космополизмот.
Мориц Романо - 5761 година
 
Picture 280.jpgPicture 282.jpgPicture 283.jpg Бено Русо
Партизанот од Македонските борбени единици
-„По пробивањето на Сремскоит фронт,бефме информирани,а подоцна и луѓето ни раскажуваа за активностите на непријателската пропаганда по одност на македонските единици.Тие на народот му зборувале дека Македонците се примитивни луѓе,дека колат без милост,дека го напаѓаат жените,плљачкосуваат и слично.Со оглед на тоа што во тоа време за Македонија се знаеше многу малку,а за Македонците од страна на ненародниот режим се имаше искривена престава,оваа пропаганда имаше влијание врз луѓето,особено по селата.
Но имаиќи го тоа предвид,Командата и СКЈ презедоа поширока активност во единиците за објаснување на случајот и целта на непријателската пропаганда. Ова придонесе да пропагандата не ја постигне саканата цел и побрзо да се отстрани заблудата кај оние граѓани кој беа наседнале на неа.
...Во овој простор нашите единици останаа три месеци.За цело тоа време на дело се градеше братството и единството со месното население:Срби и Хрвати.Тие за овој период многу повеѓе дознаа од нас за борбената историја и за македонската нација,отколку за цело време на постоењето на Кралството Југославија“
Бено Русо - Траги на незаборавот
 
Приказна за доктор Аранели од Битола
Д-р Аранели (Хаим) Евреин од Битола, успеал некако да ги спаси својте деца од ножот на Хитлер, но му ги зема страшната скопска катастрофа по 20 години во 1963 г.
Како се почнало: ( еве што кажува )
„Со првата екипа на лекари од Битола за Скопје појдов и јас,дојдовме да пружиме помош на повредените,да ги отргнеме од прегратката на смрта,доколку е тоа можно.Од железничката станица отидов право до зградата во која стануваа мојот зет,ќерка и син.
Зет ..... Д-р Салваторе Леви (Леви Арон д-р Салвадор, во списокот на загинати)
Ќерка...лекар Рена Леви (Леви (м.Абраванел)Хаим д-р Рени,во списокот на загинати)
Син......лекар Нисим Абранели (Абраванел Хаим д-р Нисим,во списокот на загинати)
Кој само што ги завршил студиите.Кога видов дека од четирикатницата останало само куп на цигли и бетон....знаете се што сум проживеал. Ама надежда никогаш не ме напушти.“
Надеж не изгубил.Со денови чекал пред рушевините да некого извадат жив од под нив.Расчистувањето напредувало.Почнале и да ги наоѓаат затрупаните. За жал синот на стариот битолски лекар го извадиле мртов. Го земал.Потоа се вратил да ја бара ќерката. Но во меѓувреме додека го погребувал синот,спасувачите ја пронашле и ќерката - но мртва. И тие ја погребале.Старецот бил принуден да раскопува неколку гробови како би ја пронашол. Потоа почнал да ја бара последната жртва на неговото семејство - зетот, доцент на скопскиот медицински факултет. Но никако да го најде неговото тело. Познатиот скопски лекар исчезнал во некој гроб на кој пишува „непознат“.
 
Picture 1124.jpg Партизанката Жамила Колономос
со сопругот Народниот Херој Чеде Филиповски -Даме(Загина во несреќен случај 1945 г)
(нивната единствена ќерка Чедомирка,загина во скопскиот земјотрес 1963 година)
 
ЕВРЕИ ПАРТИЗАНИ 1942 - 1944 год.

Picture 1245.jpg Соломон (Мо) Садикарио
командир на батаљон,загинат 1944 год. во кумановско------------------------------------Picture 1247.jpg Рафаел Батино-----------------------------------------------------------Picture 1246.jpg Самуел Садикарио
командир на падобранска единица,загина во 1945 год.
 
Рафаел Батино
„ Еден од првите партизани беше Рафаел Батино, еден од организаторите на востанието против фашистите кој падна во борба во 1942 година. Неговото име во илегала беше Миша Цветковиќ. Бидеиќи еврејските борци користеа други имиња во илегала, тешко може да се знае точно колку Евреи се бореле заедно со партизаните“.
------------------
Од книгата:„Евреите од Монастир“, Македонија - Шломо Албохер

„ Во борба беа убиени многу од еврејскте партизани,меѓу кои беа:
Арон Аруести,Марсел Демајо,Мордехаи Тоделано,Јосеф Песо,Ишах Царфати.
(како и другите спомнати до сега, а некои со приложени и фотографии)Picture 1257.jpg Мордехаи Нахмиас (Лазо), борец
беше убиен (загина) во мај 1944 година на должност како комесар на бригада.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom