Еврејските партизани на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
-Скопското Еврејско мало во мојте сеќавања
Евреите се населиле во Македонија и на Балканот многу
пред да дојдат Словените.

Со оваа реченица си го девалвираш целиот напис... Бидејќи не е тоа темата, муабетот околу неа ќе оставиме за другпат и во други теми.
 
Смрт за зони и пајак возила @ Anco
Ти си талентиран за писател. Делот на постот, во кој ги опишуваш куќите во полукруг, заедничките јажиња за сушење алишта, бунарот во Црквата Свети Димитрија, сликарите ... е достоен за писател. Се потресов читајќи ги твоите зборови. Потресно е сознанието дека во тие куќи некогаш живееле Луѓе кој на ѕверски начин се убиени.
Во времето на Скопскиот земјотрес јас имав 10 години, инаку живеев на другата страна од дрвеното мовче, поточно карши Арапската куќа Но јас многу слабо се сеќавам. Имаше безистен... Карши зградата во која живеев имаше Театар за деца.
Штета што овој твој опис го немав порано. Верувај ми дека најголем дел од него ќе „ препишев “ во поднесокот број 3. Ти благодарам, за ова што го напиша на мое барање, а верувам дека и другите, кои ќе ги прочитаат твоите зборови, ти се благодарни.
 
-Кариес....многу малку книги има за воопшто животот во
Македонија за во “турско,српско,бугарско“- основна
причина покрај тоа што сме биле под туѓа капа ама и
јазикот мајчин ни го забранувале.Јас и порано напишав
дека моето познавање од историја се сведува на О.У.
Вие точно знаете од каде ми е извадена првата реченица
јас тоа не го знам, но штом го напишале можеби е така.
Еве ги читам вашите теми па на Ченто и дгугите и не се
мешам во тоа само учам.Со многу работи прв пат се
среќавам.Она како им враќате на бугарите ме радува.
-Смрт за зони и пајак воз.
...синоќа прекинав,отидов на работа 3 смена,сега доаѓам
сакав синоќа да напишам за темата, т.с. Еврејски пртизани...
некој борби и загинувања кај тие се учесници,но мислев ај
и ова за нашето Еврејско мало да го пишам (што е и надвор
од темата) ама гледам ви се допаднало.За жал јас неможам
повеќе да помогнам,не сум живеел во тоа време, додека
мајками многу ги спомнуваше, како што дедоми многу ги
спомнуваше турците.Денес одам да видам дали постој на
едно место таму еден таков склоп на куќи,т.с.соби со еден
двор за повеќе фамилии.Инаку баш во Еврејско мало нема.
На нивни имоти сега се паркинзи за возила.
---------------------------------------------------------------------------------
...кај застанав синоќа...што не напишав да ми текне
кажуваш, писател а јас не кријам тоа што сум КВ - бравар
...а за Вардар не пишав,за галабите, за челик...детската игра.
-----------------------------------------------------------------------------------
...собирањето на Евреите - кажување од мајка ми
еве што сум чул од мајка ми родена скопјанка, и дедо ми исто
тогаш таа мома на 14-15 год.Се дружела со сите останати
моми во соседството,наши ама и Еврејки и Ромки па и Србинки
ако не на улица тогаш во училиште кое било на српски јазик
тогаш пред ратот(скопски да се искажам-а треба војната).
Критичниот ден вечерта на 10 март 1943 година мајка ми
останала кај некоја другарка Еврејка да преспие,со која биле
скоро неразделни.Ноќта,т.с.утрото заедно со сите домаќини
е приведена-собрана од бугарските фашисти и однесена и
затворена во тогашниот монопол ( пред стара рампа )
Дедо ми разбрал за собирањето на Евреите,уште утрото
тргнал да ја бара мајка ми бидеиќи знаел каде може да биде
кога не е дома, но кога отишол во куќата на Евреите била
празна,а по улици вриело од жандари.Во тој период тие
години јас не знам што точно работел дедо ми,беше со
државна пензија пред земјотресот.Работел во улици или
како да кажам во градот во комунално,поплочување на
улици со коцки.Сега тоа му доаѓа значи во општина или
тогаш гратска управа.Сигурно се познавал и со тие некој
началници во тоа време.Важно со пајтон (тие немале) значи
градски пајтон тој и уште еден од градот да не речам од
власта некој незнам можеби и некој бугар да бил отишле во
монополот да ја барат и земат мајка ми.
Мајка ми веќе била таму,затворена и ја видела сета таа
страотија и се разбрало дека дошле да ја бараат.Се знаела а
и ја знаеле сите и повозрасни Евреи.Кога чуле дека ќе искача
(пак скопски-треба излегува) Евреите во некое платно
завиткале тоа нешто злато што го имале на себе или сокриено
во себе а што бугариштата се уште не успеале да им го земат
а бидеиќи знаеле што ги чека,така го завиткале тоа околу
половината на мајка ми.Таа кога ја повикале излегла таква но
бидеиќи слабичка лесно се приметило завитканото околу
половина и бугариштана веднаш све зеле и барале уште.
Поголеми тормозења потоа немало поради човекот во
пајтонот , а и бугариштана задоволни со полни џебови.
-Така се спасила мајка ми од монополот,за жал не е повеќе
меѓу нас инаку многу повеќе ќе чуевме за овие настани-
------------------------------------------------------------------------------------
читам во некој теми се расправате за 6-7 век вака било
така било,дај ќе прашаме некој да ни каже-е па нема
-дај ќе прашаме некој за Илинден 903- е па нема
затоа треба сега додека има сеуште понекој сведител од
ивие настани да се праша да каже ,да се искористи утре
можеби ќе биде доцна.
----------со поздрав и среќна нова година.
Ама ми ја избришава среќна нова 1942 год. а ќе продолжев
 
Смрт за зони и пајак возила @ Anco
Длабоко ме потресе искуството на твојата Мајка. Овој настан, веројатно, оставил длабока трага на целиот нејзин живот. Децата на таа возвраст сакаат да се дружат и да преноќат едни кај други. Дали, можеби ти го кажала името на нејзината другарка?
 
само што се вратив од посета на некогашното Еврејско мало
односно или поточно тоа си го знам само јас во мене дека
тука пораснав и ова мало е и мое мало и на мојте родители
и на другите граѓани на некогашно:турско Скопје,па српско
Скопје,па бугарско Скопје па повторно такво и онакво да
конечно некаде при крај на“44 е наше Македонско Скопје
слободно Скопје во дел од неговата слободна Македонија,за
жал без жителите на ова мало кој само пред година и половина
фашистите со аманет на хитлер и цар борис ги пратива на пат
во една насока,на пат без враќање, на пат во смрт на пат за
нивно уништување како народ од најмали повојчиња со
нивните родители и деца со нивните баби и дедовци од кој
некој и го изоделе животниот пат па и овој последен пат до
Треблинка некој и нема да го издржат и ќе бидат просто
врлени таму кај што ќе ја испуштат добрата Еврејска душа,
но има и такви мали души што се уште не го вишле денот,
мали добри Еврејски души во мајчините утроби што се уште
ни мајка не ги видела,што не направиле ништо лошо досега
таму каде што се а некаде дал господ ги има и две,тие мали
души мајка нема да ги принесе до својте гради да ги надои,
некој тоа нема да и го дозволи,така заедно пепел ќе ги стори ,
само затоа што се луѓе,добри луѓе Евреи , но некој зверови
што се уште не станале луѓе одлучиле да Евреите се “нелуѓе“
---------------------------------------------------------------------------------------
за спомен на мојте сограѓани кој ги нема
за спомен на комшиите на мојте предци
Алтарас Јаков Саломон, 1891-1943-техничар
Алтарас Саломон Естер,1906-1943-домаќинка
Алтарас Саломон Симха,1927-1943-кројачка
Алтарас Саломон Клара,1928-1943-ученичка
Алтарас Саломон Леон, 1930-1943-ученик
Алтарас Саломон Јаков,1932-1943-ученик
Алтарас Саломон Буиса,1934-1943-ученичка
и на сите други македонски Еврејски фамилии
 
вчера сакав да напишам за она што и мислев ќе го најдам
во Еврејското мало,но излезе напишаното во еден здив,
во една реченица па потоа го читав пак и сега пак...и пак
...зар можело така да биде, зар постоеле такви зверови.
---------------------------------------------------------------------------------
Кога ќе влезете во чаршијата,над клучарот Мирко има едно
мало сокаче од левата страна и оди угоре и излегува под
Калето кај некогашните оџачарски сервиси.На половина пат
по тоа сокаче што наликува на велешките ќе ве сретне влез
во еден двор.Влезот не е како на куќа со двор, туку од двете
страни лево и десно има ѕид од тамошните одаи,дури и над
влезот ако погледнете е затворено поточно тоа долниот свод
на горната одаја веројатно не плоча туку со греди а внатре е
сигурно со патос (душемето).Влегувате во дворот и гедате
од сите четири страни на долниот приземјен кат одаи,
поточно повеќе врати во кој веднаш влегувате во собата.
Тоа е една до две помали соби во кој и светлината потешко
доаѓа поради горните стреи од горниот кат.Од дворот на две
три места има дрвени скали(лесвици)кој водат на горниот
кат.Горниот кат има исто толку одаи-соби колку и долниот.
Сите заедно прават еден затворен простор, отворен само во
средината кон небото со големина колку што е и дворот.Горе
кога ќе се качите по скалите ве очекува трем од дрвен патос
кој води до сите соби така да дури може во круг да стасате
одеиќи од кај сте почнале.Тремот не е многу широк еден до
два метри и намената му е да ги поврзува одаите поточно
да не се прави скали до секоја одаја.Во овој склоп на одаи
поточно соби за живеење има и по десетина фамилии.
Целиот живот се одвива тука поточно во дворот.Некаде во
вакви центри (гета) може во средина на дворот да има бунар.
Во дворот има и заеднички работи како маси и клупи а
секако и јажињата за сушење на чаршави и алишта кој се
оптегнати од едниот до другиот крај во дворот и потпрани
во средината со стап.Децата со нивните игри се цел ден во
дворот.Може ќе се сретне и маче или куче,ама не и некој
домашни животни или кокошки поради малиот простор.
-----------------------------------------------------------------------------------
До ова место може да дојдете и од горната страна од кај
Калето каде е и канцаларијата за “Еврејски фонд“
За жал овој комплекс не е каков јас се сеќавам на него.
Северното крило е сосем срушено,горниот кат го нема.
Ама вчера кога бев мора да се протињам(провлекувам)
помеѓу пружените чаршави исто како пред ратот(војната)
значи некој се уште живее тука.Е за вакви склоп на куќи
напишав првиот пат.Ќе продолжам после.
 
- Како загина борецот Соломон Садикарио - Мо
секоја борба,секоја победа на нашите партизани во НОВ водена за
исполнување на “идеалот“- слободна Македонија одземала и некој
млад живот на овие наши храбри борци.Кога се пишува за смрта и за
загинувањето на борецот, од борци соучесници во тие борби најчесто
тоа е во јуриш на некој бункер или митралеско гнездо.Но има и други
разни и непознати и неопишани случаеви, или за еден исти случај во
посебни книги е и различно опишан.(па сега оди барај ја вистината)
Еве еден пример,по завршување на борбата нашите ги собираат
загинатите партизани на позиција и кај некој од нив забележуват дека
се отстрелани од грб.Тоа некој “непријател“ се вметнал во нашите
редови и зазел последна - најгорна позиција во борбата или нападот
и отепал неколку наши борци кој биле напред.( и останал неоткриен)
- Прво заседание на АСНОМ
“За да се расчисти теренот од какво и да било загрозување, како и да
се оневозможи секаква намисла на непријателот, за време на
заседанието да направи некаква провокација,Штабот на 3 Македонска
ударна бригада донесе одлука да се нападнат фашистичките бугарски
сили залогорени на местото Страцин.Нападот е извршен ноќта 1август
спроти самото одржување на заседанието.Опкружувањето е мошне
успешно изведено без непријателот да забележи дека е опколен.
Нападот бил ненадеен и изненаден.Каменливиот терен беше мошне
погоден за фаќање бусија. Кога почнаа да јачат бомбите и пушко-
митралезите, бугарските фашисти не знаева што попрво да фатат,да
ја прифатат борбата или да се засолнат од овој пекол.Борбата траеше
околу два часа и непријателот беше наполно совладан а имаше доста
ранети бугарски војници и офицери и заробени околу дваесетина.
Токму кога единицата ликуваше поради победа,борецот Соломон
Садикарио - Мо, комесар на чета од редовите на “Стив Наумов“ кој
штотуку се готвеа после овие борби да заминат за Битола, загина.
Мо воодушевен од победата, се качи на една карпа да ја објави,но
реченицата му ја пресече непријателски куршум.Некој фашистички
војник,кој успеал да се подзакрие и извлече од обрачот смртно го
погоди Мо.Тој иако од Еврејската заедница се одзва на идеалот за
борба и слобода на македонскиот и неговиот народ.За тој идеал
тој го даде и животот.Бригадата направи се за да ги ликвидира сите
што се извлекле од обрачот.Ги пребара сите терени и внимателно
ги исчисти.Меѓутоа, болката по комесарот Мо остана неизбришлива
лузна на таа борба,дотолку повеќе што оваа жртва беше непотребна,
до толку потешко ја примија сите борци и раководствата како на
четата “Стив Наумов“ така на целата единица.
извор-Од Козјак до Загреб-3 МНУБ- “народна армија“ Белград,1971
 
-Депортирање на Евреите во 1943 год.од Скопје
-излагање на Драгољуб Будимовски во книгата
-Скопје во НОВ 1943-1945 стр.721-724
--------------------------------------------------------------------------------------
-Точно е дека тогаш членовите на Партијата и на СКОЈ во Скопје се
ангажираа околу известувањето на еврејските семејства дека ќе дојде
до депортирање и колку што можеа им помогнаа да ја избегнат депортацијата,
или беа упатени во партизански одреди,се разбира,оние Евреи кои се одзваа на предупредувањата од наша страна и доброволно изразија желбада бидат засолнати.
-За тоа дека ќе бидат Евреите депортирани сигнализир другарот
младинец Бане Стефановски,кој беше уврлен меѓу легионерите во Скопје.
Бидејќи меѓу легионерите имаше најмногу бугарски агенти,Бане на некој
начин дознал за депортацијата и веднаш сигнализира.
-Партијата и СКОЈ беа ваднаш активирани.Методија Котевски ја пренесе
директивата на Месниот комитет на СКОЈ уште вечерта да се известат
еврејските семејства дека другиот ден ќе бидат депортирани од Германците со помош на Бугарите.Знам дека успеавме за кратко време
сите средношколци-скоевци да ги вклучиме во таа акција.Во Еврејското
маало влегувавме од куќа во куќа и ги известувавме Евреите,за кои
полицискиот час веќе беше почнал во 19 часот.
-Карактеристично беше дека тогаш Евреите на таа информација што им
ја соопштувавме,се однесуваа со сомневање,просто не ни веруваа.Од
каде дојде тоа неверување? Дојде врз основа на една лага која перфедно ја спровел бугарскиот архимандрит Стефан,а која ние тогаш не ја знаевме да им ја
разоткриеме на Евреите.Архимандритот Стефан ги лажел Евреите
дека нема да дозволи и дека ќе ги спаси да ги депортираат Германците
и дека тој ќе направи се да не дојде до тоа.И најверојатно неколкупати пуштал гласови меѓу Евреите дека ќе дојде до депортирање,па не
доаѓало до тоа,а кога требало фактички да се изврши тој со неколку
сандаци благо,собрано од Евреите си седел во својата резиденција и,
се разбира ништо не презел.Некој што нам ни поверуваа,успеава да
бидат засолнети и да ја избегнат депортацијата.Знам тројца другари
што ги засолнивме.Едниот се викаше Емануел Камхи.Сестраму исто
така се засолни,Лујза Камхи- двајцата загинаа во НОВ.Исто така беше
засолнат и еден скоевец го викаа Џек.Три семејства беа засолнати во
ординацијата на доктор Гарабет.Беше засолнет и Мони Каиро.
-Покрај ова Партијата и СКОЈ презедоа и други акции.Додека Евреите
беа во монополот, осум дена беа таму затворени,не само организираните членови него и други ѓраѓани од Скопје правеа обиди
да им се достават храна, лекови и друго...
-Овој злостор е злостор над Евреите,но тоа е истовремено и злостор
над македонскиот народ. Евреите живеева тука со нас и ние заедно ја
делевме судбината со нив.Ова е важен настан за историјата на НОВ.
Тоа е најмасовен злостор над населението во Македонија за време на
втората светска војна.
------------------------------------------------------------------------------------
Бане Стефановски е младинец од Тетово,кој во 1942 год.е ученик
во втората машка гимназија во Скопје каде дејствува како скоевец.
По задача на средношколското скоевско раковоство е уфрлен меѓу
легионерите,а неговата врска со СКОЈ продолжува на поединачна
врска.Со својата работа ни даваше многу драгоцени информации
вклучувајќи ја и оваа за депортација на Евреите,како и многу други
за блокадите што ги вршеа Бугарите, Во јули 1944 год.е уапсен од
бугарската полиција и во затворот подло убиен од тие џелати.
 
- пред малку денес во 18 часот гледав емисија на ТВ - А2 за
депортација на Евреите од Македонија во Треблинка.А тоа
се случило на утрешен ден.Еве едно сеќавање на тој настан.
-------------------------------------------------------------------------------------
“- Можностите за организирано спасување на еврејското население од депортација, беа сосема ограничени.Во тие трагични денови од за еврејското население од Месниот комитет во Битола беше пренесена одлуката: сите способни да носат оружје,да се засолнат и да се скријат кај што можат,додека не се воспостави врска со партизанските единици.
.Вознимереноста кај Евреите беше се поголема.Навечер никој не ги згаснуваше ламбите,шиевме пригодна облека,торби,ранци,ги поправавме дотраените чевли и подготвувавме други потреби, за секоја евентуалност. Речиси сите легнувавме облечени од страв и студ,иако верувавме дека на принудна работа ќе бидат земени само мажите. За логорите на смрта ништо не сме слушнале ниту пак некој знаеше. Фашистичкиот печат пушуваше само за одведување на Евреите на принудна работа.
-На 10 март 1943 год.попладнето,одржавме партиски состанок во куќата на Естреја Леви - Лена. Уште еднаш се повтори истиот став.
-Пред полицискиот час,за Евреите беше 19 часот заедно со Естераја им рековме на домашните дека вечер нема да спиеме дома и дека утрото пак ќе се вратиме.Дури не се ни поздравивме, не знаејќи дека тоа ќе ни биде последно видување.Бргу се упативме према мостот на Драгор,кој го делеше градот.Со забрзани чекори, не носејќи ништо со себе,жолтите значки ги скривме,останавме не забележани,зошто темнината и маглата почнаа да го обвиваат градот.Забележавме дека некој непознати лица се упатуваат кон улиците на еврејскиот дел од градот.Се приближивме кон дуќенчето на инвалидот Богоја Силјановски,кое беше сместено до полицискиот участок.Еден бугарски полициски агент во дуќанчето купуваше цигари.Ние моравме незабележано да се одалечиме и да почекаме .Темнината не спаси и од погледите на стражарот од участокот.Откога видовме дека агентот излезе, набрзина влеговме во дуќанчето и по изговорената јавка, Богоја веднаш не засолна,го затвори дуќанот и си отиде дома.
-Во раните утрински часови одеднаш не стресоа силни крикови и плач,
довикување,пцуења од бугарски полицајци,тропот од коњи и брчење од автомобили.Избезумени од малиот отвор на вратата,се обидувавме да погледнеме што се случува надвор.Меѓутоа се уште беше ноќ и нешто како темна завеса се спушти пред нашите очи.Освен очајнички гласови, ништо друго не допираше до нас.Заклучени не можевме да излеземе надвор, а неколкуте илегалци кој ги најдовме во дуќанчето,настојуваа да не смират и охрабрат со зборови за одмазда и борба против фашистичките гадови.Скаменети од ужасните гласови,мислевме ќе ги интернираат во Бугарија како што правеа и дотогаш.Само да преживеат..
Тоа беа нашите надежи во тој миг на очај и неизвесност
-...Во дуќанчето се собравме: Естреја Овадија-Мара, Адела Фараџи-Ката
Естреја Леви-Лена, Роза Камхи, јас и неколку илегалци Македонци.Таму останавме во изворедно тешки услови до крајот на март кога се преврливме во одредот “Дамјан Груев“....( освен Роза,која беше фатена од бугарската полиција )
----------------------------------------------------------------------------------------------
кажувања-сеќавање на Жамила Колономос
сакав еден друг текст да напишам,ама дојдов до овој пообемен кој уште го читам така да утре ќе го дополнам.
А утре посетете го Еврејско Мало за кое пак ќе напишам уште нешто.
 
И покрај масовните преселби, повеќе од 100,000 Евреи се уште живееле во Македонија, по релативно мирната атмосфера. Бугарскиот (Нацистички) режим упаднал во Македонија во 1941 година и внел омраза и мисија за геноцид на Евреите. Големата Еврејска заедница од Солун го назначила Рабинот др.Зви Корец за претседател на градот. Рабинот Корец течно зборувал германски и заедницата сметала дека тој има моќ да преговара со Нацистичкиот режим. Корец бил погрешно проценет за неговите преговарачки тактики. Тој доследно им попуштал на Германците, сметајќи дека ако ги следи Нацистичките наредби Солун би бил поштеден. Всушност, во март 1943 Корец собрал една група Евреи од Солун и ги испратил во кампови во Полска.
Евреите во Македонија се соочиле со „расни закони„ на сегрегација и биле приморани да носат жолти ѕвезди за идентификација. „ Месаџеро„ (Еврејски весник од Солин) за брзо време бил затворен од страна на Нацистичкиот режим. Во 1943 година голем број Евреи во Македонија биле или убиени или уапсени од страна на Нацистите. Тие што биле уапсени биле однесени во концентрационите логори Аушвиц и Треблинка. Многу Евреи кои не биле уапсени во нивните градови биле убиени за време на војната. Само во Солун биле убиени педесет илјади Евреи. Накит, злато и заштедата од богатите Евреи од Македонија исто така биле конфискувани од Нацистите оставајќи ги Евреите да се вратат во сиромаштија.
По Втората Светска Војна многу од преживеаните Евреи од Солун и Македонија емигрирале во Израел.
 
Потресно сведоштво на битолчанката Шамила, единствена од семејството која го преживеала Холокаустот-репортажа на Би Би Си

Колономос која сега има 89 години се сеќава на вечерта кога го напуштила својот дом во Битола за да им се придружи на партизаните, што и го спасило животот. Таа вечер нејзиното семејство било депортирано во Треблинка.
-
Татко ми мислеше дека браќата и сестрите се премлади за нешто да им се случи, а мене ме пушти во партизани.Се уште ги слушам врисоците...вели Шамила.

Таа сега живее во Скопје, не можела да остане во родната Битола. Вели дека се уште чувствува гнев за невините жртви – 18 члена од нејзиното семејство загинале во депортациите на Евреите по 1943 година.

Репортажата Би Би Си ја емитува информирајќи за новиот Меморијален Музеј за жртвите на Холокаустот во Скопје, кој е изграден за да потсети на ужасните судбини на македонските Евреи – дури 98% од Евреите во Македонија биле убиени во Холокаустот!

getImageThumbnail.axd


 
- ..............Приказната за Бела Бергер

- Најсрамната трагедија која се памети во нашата земја. Окупаторот свирепо и педантно ја спроведе оваа гнасна фашистичка задача во Македонија. Македонските Евреи сите беа депортирани во логорите на смрта од каде никој не се врати.
- Меѓу многуте трагични судбини,некои засекогаш ќе останат во сеќавање на македонскиот народ.А народот памети,памети подолго од поединецот.

- Таква беше судбината на Бела Бергер, Евреин по народност,кого судбината го натерала од Смедеревска Паланка да се засолни и работи во
Ложилницата во Скопје.Тука тој работеше како техничар. За време на окупацијата тој ја почуствува намерата на германскиот окупатор и неговите
слуги во Македонија. Во тоа секако му помогнаа партиските активисти.Беше
прифатен во партискиот актив.( во списокот на депортираните Евреи од Скопје не најдов семејство со неговото презиме- моја забелешка )
- Партијата знаеше дека тој како припадник на еврејската нација ќе мора да носи жолта звезда, како знак за распознавање дека не и припаѓа на ариевската раса. Во тоа време се навестуваа скриените намери на окупаторот за протерување на Евреите. Затоа беше решено да не се дознае дека Бела Бергер е Евреин. Ложилницата беше стратешки објект.
Таа мораше да обезбедува локомотиви за влечење на возовите со наоружување и со оперативна војска за фронтот во насока кон Солун - Софија и Белград. А присуството на еден Евреин во еден таков објект во тоа време воопшто не беше пожелно.
- Партискиот актив на еден свој договорен состанок го повика Бела Бергер
и го запозна со се што може да му се случи.
- “ Ти Бергер, од сега натаму не си Евреин, туку Хрват. Ние преку нашите луѓе ќе те внесеме како таков во евиденција со католичка вероисповед.
На почетокот Бела се противеше:
- “ Јас сум Евреин и не сакам да ја менувам националноста и верата.Туку
едноставно сакам да ја делам судбината на својте сонародници.“
Кога другарите се уверија во неговата тврдокорност, презедоа нова тактика.
- “ Ти Бела Бергер си војник на Партијата и како симпатизер и активист мора да го почитуваш ставот на Партијата.Запомни ти си од денеска Хрват и ништо друго. “
Тој иако не беше многу убеден,го прифати ставот и стана Хрват-католик.
Во тоа време во Ложилницата имаше над 600 вработени. Многумина од работниците знаева дека Бела е Евреин.Иако меѓу работниците имаше и
симпатизери на окупаторската власт, никој не го пријави. Работничката
солидарност и во овој случај се покажа посилна од определеноста на поединци да му служат на окупаторот.
...Партијата го советуваше Бергер да не се експонира многу пред властите.Му даваа такви задолженија преку кој власта не можеше да го препознае.Негова работа и голем придонес за НОБ беше што редовно ја
известуваше Партиската организација за правците на движење на возовите, посебно на воените транспорти.
...Од 1941 до 1944 година во Ложилницата настанаа големи промени,
провали и апсења.Многумина од работниците беа затворени и мачени.
Но за Бета Бергер никој ништо не проговори. Бергер доживеа уште една голема криза кога Евреите беа депортирани од Македонија во 1943 год.
Тој пак инсистираше.
-“ Сакам по секоја цена да ја делам судбината на својот народ.“
Партиската организација се спротистави и тој понатаму работеше во
Ложилницата и во интерес на нашата НОБ.
...Бела Бергер по природа беше скромен и тивок човек. За жал здравјето
му беше нарушено. Боледуваше од туберколоза. Тука никој не можеше да му помогне. Почина во април 1944 година на 38 годишна возраст.
Работниците од Ложионица му одадоа достојна почит.
Беше погребан во Скопје, на Католичките гробишта.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------
-Има многу за пишување за животот и работата во Ложилницата-Скопје
посебно за саботажите кој ги правеа нашите работници со што го помагаа
НОД и НОБ, сега само го изнесов ова во врска со темава.
извор: ОКУПИРАНИ - НЕПОКОРЕНИ ,железничарите во Скопје 1941-45
- ( М.С. - ВЕДА - Скопје 2002 )
 
- “ БРАТОТ “ - ја почнал темава пред повеќе од една година, со наслов
“Еврејските партизани во Македонија“
( јас се фатив на орото ) и почнав да пишувам, но не само (стрикно) по
темата туку и воопшто за животот на Евреите во Македонија,поточно за
мојте сеќавања на Еврејското маало а и некои извадоци од книгите што
ги имам.Сега сакам да го дополнам првиот уводен “негов“текст од темава.
--------------
Еврејските партизани (заедница) во Битола
- “Во текот на 1941 година активноста на битолските Евреи во НОД беше
ограничена и се сведуваше само на неколку другари, членови на Партијата и СКОЈ.Во тоа време во градот имаше две напредни младински организаци-,Hasomer Hacair, - Tehelet Lavan, (ili vo prevod)
-“Млад стражар“ -сочинета најповеќе од ученици
и “ Сино-бело еврејско знаме“- од работници и занаетчии.
Во обете организации имаше 800 членови-социјалистички ориентирани
Може да се рече дека 1941 беше година на превирања и кршење на отпор
во раководствата на овие организации. Во 1942 година дојде до таква деференцијација што најголем дел се определи и активно вклучи во НОД
(народноослободителното движење) само мал дел остана по страна.“
--------------
-“ Во средината на 1942 година, меѓу еврејското население активно
работеа осум скоевски групи со 70 членови на
( Сојуз на комунистичката младина )
СКОЈ. Секоја група раководеше со по три и повеќе групи на симпатизери, тоа главно беа интелектуалци. Такви групи имаше 25 со преку 150 членови.
Според ова, во тоа време беа вклучени и активно работеа за НОД-(народноослободително движење)
околу 650 луѓе од еврејската заедница во Битола. Членови на Партијата и СКОЈ како и групи на симпатизери имаше
во сите слоеви, а најголема активност имаше меѓу сиромашните и средните слоеви.Во втората половина на 1942 година, сознанието за НОД беше присутно во секој дом од еврејската заедница.
-Активноста се искажуваше на разни начини,преку давање материјална помош,примање илегалци,активна организирана работа и учество во
вооружана борба т.с. партизанските единици.
-Без претерување, може да се рече дека во текот на 1942 година најголемиот дел на продукти и пари со кои располагаше НО- фронт беше
од помошта на еврејското население.“
--------------
- Во партизанските одреди “Дамјан Груев “ и “Јане Сандански“ во 1942 г.
и надополнето во почетокот на 1943 год. има 20“ина борци од Битола од
еврејската заедница ( кои ги има и “Братот“- дадено по име и презиме )
-“ Во исто време од градот Битола избегала уште една група од седум
организирани младинци во Грција и тоа;
Самуел Калдерон, Марсел Демајо, Пепо Хасон, Ментеш Ишах,
Пинхас Ишах, Луна Ишах.(и уште еден илегалец)
Оваа група во Грција се поврзува со грчките партизани и стапија во нашите единици во почетокот на 1944година. Сите овие младинци и младинки се покажаа како добри пожртвувани борци, а некои од нив
набргу станаа воени раководители.“
--------------
-“ Во текот на НОД - НОБ како партизани загинаа девет (0д Битола)
- Арон Аруести
- Мурдо Нахмијас.........командант на батаљон
- Мурдо Тодоландо
- Соломон Садикарио
- Самуел Садикарио...политички комесар на батаљон
- Марсел Демајо
- Пепо Песо
- Естреја Овадија ......Народен херој на Македонија
- Исак Сарфати“
--------------------.......................................вечна им слава
извор; Траги на незаборавот-Бено Русо ( автобиогравски ракопис)
 
- “ БРАТОТ “ - ја почнал темава пред повеќе од една година, со наслов
“Еврејските партизани во Македонија“
( јас се фатив на орото ) и почнав да пишувам,
Jас, а верувам и останатите, сме благодарни на твоите постови и те охрабруваме да продолжиш со пишување.
 
---“ Слободата и државноста на Македонија не се дојдени сами,ниту ги добивме на подарок.Тие се изборени со патриотизмот,љубовта,копнежите и со крвта и самопрегорот на генерации и генерации.
- Долгот на сегашните и идните генерации е да обезбедат тие да бидат вековити! Да градат живот-достоен за човека,за неговата лична семејна среќа, за благосостојба на сите граѓани!
- Цел свет да ни е братски и во него да бидеме негови горди граѓани !“
.................................................................................Бено Русо
-
- Пишувајки за нашите славни партизани,кои ни ја со борба донесоа оваа
наша Македонија и Слобода, а посебно како што е во овој случај темата
за „ Еврејските партизани“- а да не напишеме неколку страници за нашиот
Коки, тогаш сме направиле голем пропус и неправда према неговата личност и дело и секако и према големата борба и идеал за слободна Македонија, за која тој се бореше од почетокот и во текот на целиот живот.
-Продолжувам со извадоци од неговиот „автобиографски ракопис“
--- надополнето: 8 април 2012 во 20:50 ---
- Бено Исак Русо - Коки........ Траги на незаборавот
-
- Благороден,стамен,човечки богат,општествено и семејно значаен е животниот пат на достоинствениот син на македонскиот и еврејскиот народ, големиот хуманист,револуционер, истакнат македонски воен раководител, самопрегорен општественик,голем другар и пријател,
драг собеседник и родител - Бено Исак Русо - Коки.
- Низ својот животен од ( 20.1.1920 г. - 18.6. 2006 г. ) Бено Русо - Коки
мина низ многу лични и општествени премрежја. Беше сведок и
непосреденучесник на многу крупни историски настани од посебно
значење за македонскиот народ и за еврејската етничка заедница
во Македонија, двата народа на кои подеднакво им припаѓаше и кои
подеднакво го сметаат и почитуваат како свој. Имаше бурно детство
и рана младост исполнета со жед за учење и желба за војничка
кариера во воздухопловството или морнарицата. Имаше возбудливи
активности во Еврејската младинска организација, го доживеа сломот
на поразената Југословенска кралска војска и мина низ голготите на
заробеништво и тешките маки за враќање дома, во Битола.
- Доживеа многу бурни настани,исполнети со радосни мигови заради
тоа што му се даде животна шанса,како дел на прогресивната
генерација млади луѓе на кои им припаѓаше, да се вклучи во борбените редови за изборување на изгрејсонцето на слободата на Македонија,
што беше и татковина на неговите Еврејски сонародници.
--- надополнето: 8 април 2012 во 21:34 ---
- Бено Русо го почуствува и најтешкиот бол на Еврејскиот холокауст
што со илјадниците невини жртви однесе и многу негови најмили ,
родбини, пријатели и другари. Се вложи себе си и го даде и својот
голем и хероијски придонес во остварувањето на вековниот копнеж
на македонскиот народ за национална и социјална слобода и
создавање на првата слободна македонска држава во која сите етнички заедници, Вклучувајќи ја и Еврејската, ги добија својата слобода
и рамноправност.
- Минувајќи низ тешкото детство и раната младост,низ кои сам се
пробиваше и се челичеше, израсна во напредна и нескротена
револуционерна личност која остави длабоки и трајни траги во
победоносната Народноослободителна и антифашистичка војна и во
слободна изградба и одбрана на Република Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom