Еврејските партизани на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Во април 1941 година, бугарската војска, која била сојузник на Германија, навлегла во Македонија и окупирала голем дел од територијата. Во тоа Бугарија видела можност да си ја зголеми територијата и вовеле построги мерки. Така, на 4 октомври 1941, Бугарите вовеле закон со кој меѓу другото им забраниле на Евреите да бидат било како вмешани во општеството. Малку покасно, Бугарите ги собрале скоро сите Евреи од Битола и ги преместувале во посиромашни и помизерни делови за живеење.

Оние Евреи кои сакале да се приклучат во борбените единици дејствувале потајно во организирани напади.
Уште во мај 1941 година, околу еден месец по анексијата на Македонија кон Бугарија, околу 100 пушки и муниција беа складирани во куќата на Бенџамин Русо, во надеж дека ќе биде искористено против нацистите и нивните соработници.

И покрај тешките околности во кои се наоѓале и ограничениот простор за живеење во еврејските квартови, Евреите од Битола презеле бројни подземни активности: еврејските домови биле користени за чување и поправка на оружје, правеле копии и дистрибуирале пропаганден материјал, собирале опрема за прва помош и им давале засолниште на партизаните.

Претставувајќи околу 10 отсто од вкупното население на Битола, Евреите сочинувале речиси три четвртини од сите подземни активисти.

jewish%20macedonian%20partisants.jpg

Македонско-Еврејски единици


Партизаните се бореле против Четниците и Балистите (српски и албански единици кои се бореа на страната на Германија), против бугарските, германските и италијанските единици.

На секој член на подземјето му бил даден прекар, оневозможувајќи со тоа да го дознаеме точниот број на еврејски борци. Проценката е дека десетици млади еврејски мажи и жени од Битола се бореа во различни единици.

Во 1942 година, Виктор Мешулам (познат како "Бустрик"), Мордехај Тоделано ("Спиро") и Јосиф Русо ("Пипо") му се придружија на одредот "Дамјан Груев" (по името на македонскиот херој кој во 1903 се борел против Турците ).

macedonian%20goce%20delchev%20brigade%20among%20them%20the%20jewish%20fighters%20estreja%20ovadja%20estreja%20stella%20levi%20jamila%20kolonomos%20and%20adela%20faradji.jpg

back%20-%20inscription.jpg

Натпис на задниот дел на фотографијата: Македонската ``Гоце Делчев`` бригада. Сликата вклучува четири еврејски жени: 1. Естреја Овадија (национален херој). 2. Естреја (Стела) Леви. 3. Џамила Колономос. 4. Адела Фарадија

Во одредот "Јане Сандански" беа: Бенџамин Русо ("Кики"), Мордо-Мордехај Нахмијас ("Лазо") и Нисим Алба ("Мики"). Ахарон Ароести и Јосеф Лазар се вратиле во Битола за да продолжат да работат во нивните локални подземни единици.

Во пресрет на депортацијата, во март 1943 година, уште осум млади македонски Евреи успеале да им се приклучат на партизаните: Шломо Садикарио ("Мо"), Шмуел Садикарио ("Симолико"), Алберт Касорела ("Берто"), Алберт Русо ("Коте" ), Естреја Овадија ("Мара"), Џамила Колономос ("Цвета"), Стела Леви ("Лена") и Адела Фарадија ("Ката").


Естреја Овадија – Мара (народен херој)

Во Април 1943 год. се приклучува на битолскиот одред „Гоце Делчев“, потоа се префрлила во одредот „Даме Груев" кој водел тешки борби со италијанскиот окупатор во околината на Преспанското Езеро. Учествувала во многу напорниот Февруарски поход. По завршувањето на февруарските движења на единиците, била формирана Третата македонска ударна бригада, а Естреја Овадија била поставена за заменик политички комесар на чета. Учествувала во сите борби што се водени кај Фуштани, Тушин и Кожуф. Co формирањето на Седмата македонска бригада била поставена за политички комесар на батаљон. Загинува во почетокот на 1944 год. на Кајмакчалан, а по нејзината смрт нејзините другари марширале и пееле песна во чест на хероината - Мара – песна која потоа станала и македонска народна песна:
„Сеќавајте се на неа, браќа мои
Естреја Мара
Естреја - Мара
Таа падна за својот народ
За својот народ таа падна
За Македонија.“​
За народен херој е прогласена на 11 октомври 1953 година.

estreja%20ovadija%20-%20mara.jpg

Споменик на Естреја Мара во Битола

http://www.macedonianspark.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/511-2011-02-27-19-13-08
 
- СОЛОМОН САДИКАРИО “МО“
------------------------------------------------------------------------------------------------------------Соломон Садикарио-Мо е роден во Битола 1922 год.каде се добива со
средно образование.Многу учи и чита и други книги.Кон крајот на 1941год.
Мо стана член на СКОЈ, а во средината на 1942 година е примен за член на
Партијата.Уште далеку пред Ефрејската катастрова Мо се наоѓа во
Лавчанската корија во одредот “Даме Груев“.Во одредот Мо беше делегат
на една десетина.Секогаш бодер и тукуречи прав “мотор“ за дискусија на
секаде и со секого Мо дискутираше и објаснуваше.
-Кога во декември 1943 година во село Герман-Егејска Македонија се
формира битолско-преспанскиот батаљон “Стив Наумов“ тој е назначен
за комесар на една чета од батаљонот. Во тоа својство Мо го поминува
и прочуениот февруарски поход на пат за Козјак и формирањето на
третата македонска ударна бригада.
-Со својата храброст и пожртвуваност и над се со својот другарски однос
Мо бил пример на борците.Во борбите и покретите насекаде тој им помага
на болните и послабите.Колку ли пати Мо ќе се видеше да и покрај својот
шмајзер да носи и пушкомитралез.Мо беше еден од ретките политички
комесари и предавањата беа негова омилена работа.
-Во почетокот на август 1944 година третата македонска бригада го
обезбедува и чува просторот околу манастирот “Прохор Пчински“ и
води секојдневни борби со бугарските фашисти. Во тие борби тука
кога се “кова“ и раѓа македонската држава храбро ќе го положи својот
живот Мо недочекувајќи ја слободата за која се бореше.
-Погребан е во село Арбанашко во присуство на голем број борци.
-После војната неговите коски се пренесени во спомен костурницата
во Куманово.Таму почива борецот СОЛОМОН САДИКАРИО_МО.
 
Евреите сочинувале речиси три четвртини од сите подземни активисти....
ова е нејасно, Македонците (православните и другите, не евреи) биле одговорни за надземни активности?
хммм.мај,а?
а, да, Русите беа нападнати на 26 јуни...дотогаш спиевме, хибернација...не бевме окупирани, зошто и против кого да се браниме..
Сталин и Хитлер беа гз и гаќи, ние меѓу нив?
 
ова е нејасно, Македонците (православните и другите, не евреи) биле одговорни за надземни активности?
хммм.мај,а?
а, да, Русите беа нападнати на 26 јуни...дотогаш спиевме, хибернација...не бевме окупирани, зошто и против кого да се браниме..
Сталин и Хитлер беа гз и гаќи, ние меѓу нив?

Дали освен фактот дека не ти се допаѓа ваквото тврдење, имаш некој друг коментар?

За учеството на македонските Евреи во НОБ има многу книги, само некој треба да ги прочита.

Monastir Without Jews: Recollections of a Jewish Partisan in Macedonia

51mw9zJZPbL._SL500_AA300_.jpg

Monastir Without Jews is Kolonomos's personal memoir recalling the fate of Monastir s Jewish Community during the Holocaust -- it is also an eyewitness account of the Jewish presence in the Yugoslav Resistance, as recalled by this highly decorated Jewish Partisan. Adapted from the compilation of Ladino (Judeo-Spanish) articles and essays, 'Monastir Sin Djudyos,' and appearing for the first time in English, with the addition of 150 personal and archival photographs, Monastir Without Jews is a rare firsthand account of the life and death of a Sephardic community.

About the Author

Jamila Andjela Kolonomos was born in 1922 and raised in the Jewish community of Monastir (Bitola). At the age of 19, she became a member of the Yugoslavian Resistance shortly after the Bulgarian occupation of Yugoslav Macedonia in 1941. She escaped the roundup and deportation of Monastir s Jewish Community, and with several Jewish companions, joined the Partisan army in April 1943, eventually rising to the rank of Commissar of several battalions before becoming a Deputy Commissar of a Macedonian brigade and the 42nd Yugoslav Division. After the war, Kolonomos was cited many times for merit and bravery, and was a leading official in many political, benevolent and social associations, including the Alliance of Yugoslav Resistance, the Union for the Protection of Childhood of Macedonia and the Alliance of Anti-Fascist Women of Macedonia, as well as a deputy in the Macedonian Assembly.
In 1962, Kolonomos was named Professor Emeritus in the Faculty of Philosophy, Department of Romance Philology at Sts. Cyril and Methodius University, in Skopje. She is the author of numerous articles and works of history, Judeo-Spanish (the language of the Sephardim), and of the Yugoslav-Macedonian Resistance.
--- надополнето: 20 декември 2011 во 11:16 ---
Ueskub - 1919. Pessach for Jewish Soldiers. Rabbi Dr. Jakob Sanger.

E23O5.png


Пасхално - богослужение за еврејските војници, Рабин Д-р Јакоб Сангер. Скопје 1916.

http://www.flickr.com/photos/9679871@N04/sets/72157601522659240/detail/
 
-За “радиомилева“- мора ли во секое јајце да бараш влакно,
ако сакаш да научиш нешто читај,ако знаш нешто пак кажи
јас ги читам и твојте текстови за историја па и од нив учам.
-За оваа тема бар потрудисе најдија книгата ( 94 страни )
-Естреја Овадија-Мара од Стојан Ристевски
во неа има сосем добро и опширно напишано баш за овие
настани: Евреите во Битола пред НОВ и во НОВ,
 
За страдањата на Евреите во Втората светска војна, напишав нешто во мојот поднесок број 3, до Судот во Стразбур. Сакав да пратам но не е можев да најдам ниту една фотографија од Еврејското маало во Скопје од времето на Војната. Сега гледам дека има членови кои добро го понаваат овој период.
 
јас цитирав и прашав...зошто толку возбуда?
сме се тепале со швабите, ама да не претеруваме..во тоа е работата...
моето семејство имало пријатели Евреи, кои завршиле во Треблинка.
факт е дека скоро никој од Македонците не криел Евреи. зошто?
тие што ги напишале книгите, не објаснуваат зошто, ПРОЦЕНТУАЛНО, најголеми загуби Евреите имале токму во МК?дали само булгарите биле криви за тоа?
додека партизаните пееле за Елпида , во Треблинка чаделе оџаците...
зошто не ги исековме пругите, жиците од комуникациите, и т.н. да им помогнеме?
Евреите се одамна присутни во МК,....истото важи и за Ромите.......
п.с.
за Пајакот....пиши во Стразбур и дека дури и вода не им дававме (освен поединци) во Монополот....
судовите, обично ако си соучесник...
 
-на 11март 1943 година,четврток,во раните утрински часови
почна собирањето на Евреите во Скопје, Битола и Штип.
Од страна на бугарските ослободители - Ф А Ш И С Т И
Точно 7.315 Евреи беа екстрадирани во Треблинка .
Од таму никој не се врати.
Меѓу кој имаше 539 деца од 1 до 5 години.
-----------------и 602 деца од 5 до 10 години.
-----------------и 865 “души“ над 60 години.
Повеќето се цели фамилии(т.с.собрани на спиење)
Ги имам во книгиве сите по име и презиме.
-------------------------------------------------------------------------------------
На 21 јануари 1941 година ,бугарското(со мала буква)
народно собрание,го изгласа законот за заштита на
државата во кој бугарската нација се заштитуваше
од Евреите.Со одредбите на овој закон Евреите во
бугарија (Б; не заслужува) станаа луѓе од втор ред.
Т.С.третирани како државни непријатели.
---------------------------------------------------------------------------------------
А во Македонија како нивна ново ослободена земја
важеа тие исти закони дури и уште по “сурово“
Во Битола на некој дуќани и установи имаше закачено
натписи - “ за кучиња и Евреи влез забранет“
сите Евреи беа остранети и останаа без работа.
------------------------------------------------------------------------------------------
Толку многу имам да пишувам за Еврите, а има и
напишано, долго време живеев во Еврејското мало
во Скопје а мајками со нив израсна и со нив ја
собраа и беше затворена неколку дена во монополот.
------------------------------------------------------------------------------------------
На 2 март 1943 година беше донесено решение од
б.фашисти целокупниот имот на Македонските Евреи
да се конфискува ( грабаа се што може да се граба)
На 21 јуни 1943 година “целокупна б“лгарија“ објави
кратка вест со која ги информира граѓаните на Скопје
дека се продаваат на јавна лицитација еврејски работи:
спални,трпезарии,машини за шиење, и друго.поточно
она што остана по грабежот од бугарските полицајци.
---------------------------------------------------------------------------------------
За помошта, криењето и сл, друк пат.
 
Смрт за зони и пајак возила @ Anco
Те молам напиши повеќе за ова. Напиши што Мајка ти доживеала. Можеш да отвориш тема за ова.
 
-Ќе напишам овие денови.
од монополот само две Еврејски души успееале да избегат.
мајка ми не е изгледа во тие на друг начин е ослободена.
Оваа книга ја немам морам да ја набавам:
“Трагедијата на Евреите од Македонија“- Александар Матковски
 
јас цитирав и прашав...зошто толку возбуда?
сме се тепале со швабите, ама да не претеруваме..во тоа е работата...
моето семејство имало пријатели Евреи, кои завршиле во Треблинка.
факт е дека скоро никој од Македонците не криел Евреи. зошто?

Имало потреба за нивно криење?


тие што ги напишале книгите, не објаснуваат зошто, ПРОЦЕНТУАЛНО, најголеми загуби Евреите имале токму во МК?дали само булгарите биле криви за тоа?
додека партизаните пееле за Елпида , во Треблинка чаделе оџаците...
зошто не ги исековме пругите, жиците од комуникациите, и т.н. да им помогнеме?

Логистички, многу полесно е да собереш 7 илјади и веднаш да ги транспортираш.

Треба првин да пресметаш колку време имало за реакција, колку дена се спремала и траела депортацијата од МК, дали тоа на сите јавно им било соопштено?

Само во текот на ноќта меѓу 10-ти и 11-ти март 1943, биле уапсени 99% од Евреите во Македонија.
Првиот транспорт со скопски Евреи започнал на 22 март 1943 година. Вториот транспорт започнал на 25 март со дел од скопски, сите штипски и група битолски Евреи.Третиот транспорт започнал на 29 март со околу 2.500 души.

Значи во текот на 1 недела биле транспортирани сите Евреи.

Единствените информации од печатот биле дека Евреите ќе бидат одведени на принудна работа.


Израелскиот национален фонд открива нови моменти за улогата на бугарскиот суверен како божемен еврејски спасител
http://www.holocaustfund.org/index.php?option=com_content&view=article&id=468:izraelskiot-nacionalen-fond-otkriva-novi-momenti-za-ulogata-na-bugarskiot-suveren-kako-bozhemen-evreski-spasitel&catid=111:novosti&Itemid=577&lang=mk
 
Подготвувајќи го поднесокот број 3 до Судот во Стразбур и јас најдов податоци дека партизаните се подготвувале да го спречат овој гнасен чин. Но се е извршено толку брзо да никој неможел да реагира, посебно што се работело и за старци, деца и мајки. Во секој случај оваа е гнасен чин од кој сега се срами Човечкиот род.
 
-трагедијата со нашите Евреи во Македонија е точно
многу голема,бугарските фашисти тоа го извеле во
една вечер т.с.неколку часа.Во тоа време во градовите
нема партизани и нема кој да се спротистави.Патријата
тоа го разбрала и среда вечерта скоевци од скопските
гимназии оделе во Еврејското мало по куќите да ги
обавестат Евреите.Тоа одело тешко зошто постоел и
полициски час па Евреите по 7 часот навечер не смееле
да искачаат.И многу малку Евреи на овој начин се спасени.
Негде сум читал дека во Штип само еден Евреин успеал
да се спаси и се приклучи во Н.О.Б. ( Исак Сион )
Во книгата “Судењата...“- Јован Павловски пишува стр.419
-“ Евреите живеева во една илузија дека некој важни
личности од бугарското царство сепак ќе го спречат
нивното собирање .“- што излегло неточно царството
ги собра 100 % Евреите од новоослободените земји.
---------------------------------------------------------------------------------
Еве еден податок дека Евреите ја знаеле судбината многу
пред овој настан.Евреите во цела Европа и кај нас.
-На 6 април 1941 година кога Југославија е нападната од
фашистите во тогашната армија секако имало и Евреи.
Па така во Штип во 28. полк осма чета бил потпоручник
Бенејамин Соломон по националност Евреин.Командант
бил руски емигрант Севољуб Трубецки кој веднаш се
предал на германците кој наидувале од Кочани за Штип.
Единиците биле на положај кај месноста Криви Дол и
војската го врлала оружјето и бегала.Тука на тоа место се
самоубил Соломон-....“за нас Евреите нема повеќе живот.“
---------------------------------------------------------------------------------
 
-трагедијата со нашите Евреи во Македонија е точно
многу голема,бугарските фашисти тоа го извеле во
една вечер т.с.неколку часа.Во тоа време во градовите
нема партизани и нема кој да се спротистави.Патријата
тоа го разбрала и среда вечерта скоевци од скопските
гимназии оделе во Еврејското мало по куќите да ги
обавестат Евреите.Тоа одело тешко зошто постоел и
полициски час па Евреите по 7 часот навечер не смееле
да искачаат.И многу малку Евреи на овој начин се спасени.
Негде сум читал дека во Штип само еден Евреин успеал
да се спаси и се приклучи во Н.О.Б. ( Исак Сион )
Во книгата “Судењата...“- Јован Павловски пишува стр.419
-“ Евреите живеева во една илузија дека некој важни
личности од бугарското царство сепак ќе го спречат
нивното собирање .“- што излегло неточно царството
ги собра 100 % Евреите од новоослободените земји.
---------------------------------------------------------------------------------
Еве еден податок дека Евреите ја знаеле судбината многу
пред овој настан.Евреите во цела Европа и кај нас.
-На 6 април 1941 година кога Југославија е нападната од
фашистите во тогашната армија секако имало и Евреи.
Па така во Штип во 28. полк осма чета бил потпоручник
Бенејамин Соломон по националност Евреин.Командант
бил руски емигрант Севољуб Трубецки кој веднаш се
предал на германците кој наидувале од Кочани за Штип.
Единиците биле на положај кај месноста Криви Дол и
војската го врлала оружјето и бегала.Тука на тоа место се
самоубил Соломон-....“за нас Евреите нема повеќе живот.“
---------------------------------------------------------------------------------
И овој пост е прекрасен.
Дали имаш некој податок или фотографија, за животот на Евреите во Скопје за време на окупацијата. Незнам дали го прочита мојот поднесок 3 до Судот во Стразбур. Таму опишав дека улицата 11. Март е именувана по овој настан, а токму на оваа улица ЈП постави рампа, со која е доведена на работ на пропаста Црквата Свети Димитрија, а со тоа ЈП ги повреди нашите спомени.
Интересно са судбината на Евреите во Македонија е што само тие страдале, додека Евреите во Бугарија немале таква судбина. Тој факт, зборува сам по себе дека бугарските фашистичко - нацистички окупаторски власти не ја третирало Македонија како „ ново ослободена земја “, туку дека имале окупаторски однос.
Потресен е твојот опис на смрта на поторучникот Бенјамин Соломон. Априлската катастрофа 1941 е посебна приказна, која бара посебна тема.
 
-Скопското Еврејско мало во мојте сеќавања
Евреите се населиле во Македонија и на Балканот многу
пред да дојдат Словените.Но нивниот број ќе се зголеми
после истерувањето од Шпанија-1492 и Португалија-1496.
-Во самиот центар на Скопје е Еврејско мало од левата
страна на реката Вардар,на север е распослано до или
поточно под старата тврдината Кале,на јужната страна
по цела должина до реката Вардар со која и на запад се
приближува до тврдината,на источната страна граничи со
прочуеното Пајко мало.Нив ги дели и главната улица во
тогашно Скопје што води од плоштадот па преку Камениот
мост ,покрај домот Ибни Пајко,до црквата СВ. Спас па кон
касарните на тврдината и десно кон тогашниот затвор.
-До 1963 беше и остана такво Еврејско мало,иако за жал
без неговите жители наши граѓани кој ги собраа и пратија
во смрт бугарските фашисти во 1943 година.
-Најповеќе скопјани го паметат тоа мало по стариот театар
и малото дрвено мовче покрај него.Тука кога одите по гланата
улица од лева страна е и старата црквата СВ. Димитрија.
Во нејзиниот двор во средина има бунар со многу убава и
пивка вода,долги години од тука за пиење родителите не
праќале да наполниме вода,со кофа на јаже и “чекрк“- незнам
дали уште е во употреба.Иако и тогаш имаше улични чешми
на повеќе места во малото.Оние зелени со рачка од страна.
-Имаше и убави куќи,слични на оние битолскине но и некој
како склоп на куќи за повеќе семејства со еден двор некако
како во полукруг,па со еден ВЦ,или заеднички јажиња за
сушење алишта.Се сеќавам по земјотресот многу пати
сликари ќе испоседнеа на столчиња и пред нив хартиите и
ги цртава баш ивие куќи што останале донекаде целосни.
-Многу брзо по земјотресот го снема Еврејско мало.Посебно
со изградба на ст.куќа мост се прекина онаа стара улица
т.с.влезот во чаршијата и патот кон Топана тс.Тетовска тр.
-Тука пред Калето пред земјотресот од лева страна беше
зградата на ЦК.(ја викавмецека) на ул. Дрењак-бр1.А јас
живеев на истата улица бр2.Од спротива беа дуќаните за
велосипеди а нешто погоре вотографите..........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom