Форскверџии, ќе го отклучуваме Swarm беџот?

Аха, значи (мислење мое само, иако можеби многу поразлично од вашето):

Дебилна глупост, дека ќе ми даел некој попуст од 10 денари и лажна надеж дека имам се` повеќе виртуелни другарчиња, за таа цел сите ќе знаат кај се движам и притоа ќе ми биде загрозена приватноста. Тражили сте, гледајте. Телетабиси насекаде околу нас. :(
 
Ајде јас да ти одговорам (во границите на мојата упатеност).
FourSquare ти е апликација за мобилни телефони во која што имаш мапа на градот (за Скопје знам, за други градови не), и кога одиш на некое место (на кафе, во кино, во школо, кај било), можеш да означиш дека си бил таму. Креираш свој профил и додаваш пријатели и тие можат да гледаат на кои места си бил. Што повеќе места посетуваш, добиваш некакви беџови. Апликацијата нема некоја корисна цел, освен можеби тоа што некои кафичи, ресторани и сл. ти даваат попуст ако им покажеш дека си бил ХХ пати таму.

Нормално глупавото е тоа што можеш да се означиш дека си бил на некое место иако секако не си бил :)
А и не мора да имаш мобилен телефон, тоа може да го направиш и од компјутер :)

Користи Google Maps, така да го има цел свет, а локациите ги додаваат корисниците... да не се чудите ако сте некаде, а не го наоѓа тој кафич или сл.
Попусти даваат доколку си градоначалник таму, не зависи баш колку пати си бил таму, туку треба да имаш најмногу. А попуст те следува се додека си таму градоначалник. До сега само Карамело има таква кампања кај нас.

Корисна цел има, фала богу... инаку не би опстојувал сервисот да не имаше корист од него. Доколку на пример се договорите со некој преку Твитер да седнете на кафе во Рамстор, но немате дефинирано каде... првиот што ќе стигне ќе се чекира во некој си кафич и другиот ќе може да види кај е седнат членот. Исто како што е Facebook Places, така е и ова...

Аха, значи (мислење мое само, иако можеби многу поразлично од вашето):

Дебилна глупост, дека ќе ми даел некој попуст од 10 денари и лажна надеж дека имам се` повеќе виртуелни другарчиња, за таа цел сите ќе знаат кај се движам и притоа ќе ми биде загрозена приватноста. Тражили сте, гледајте. Телетабиси насекаде околу нас. :(

Тебе приватноста може да ти биде загрозена и овде и било каде. Ако ти не се чекираш, никој друг не може... така да пак ти одговараш за својата приватност.
 
Е кој се договара преку Twitter за кафе, и притоа заборава да напомене каде, па се чекира преку FourSquare во кафичот и овој другиов знае кај да оди?!
Сумњам дека кај нас некој прави вака. За во други земји не можам да зборувам.
 
Ако не си знаел се праваат Twitter собири, или популарно кажано tweetup и не секогаш се одредува точна локација. Кои се тие будали што се договараат така? Пример сум ти јас и уште една мала група твитерџии од Македонија.
Баш денес имав еден пријател од страна дојдено и сакаше да се видиме и се договоривме да идам да седнам во некој од кафичите во тој округ и да се чекирам да види кај сум, па да дојде... Така се собравме 5 души, не само јас и он.

Која е целта на Last.fm кога песни можеме да си симнеме од еден мал милион сајтови и да ги преслушаме на интернет? Но, да не забегуваме од темата, иако доволно отстапивме од неа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom