Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

Ако ја знаеш раскрсницата од бутел 2 кај што почнува нагорнината десно кон железара, каде и за лека кола е потребно максимално да намали и каде до Железара улиците имаат многу лош наклон на кривините (на кривина за десно, наклонот те исфрла на лево)...како тек таму возат шоферите со двоспратен автобус. Чудно е што ставиле двокатна 26-ка на таква релација.
А тек во зима со двокатните...

дајбоже ко ќе остариш... И да, потесни се единечните од старите единечни, имаат еден ред повеќе седишта. Затоа од кај шоферот до средна врата не моеш да се разминеш.
да, одлични беа и икарус и санос...додека беа нови...пред 20, 30+ години. И ние кога бевме млади, ништо не крцкаше ни зглоб ни кичма

Баш за ова викав, градов НЕ Е за двокатни автобуси.

Него тоа со седиштата, кога се враќав од факултет прееска гледам бројка 24 си викам ооо 24 места слободни ќе се качам и гледам само две. Затоа прашувам дали покажува колку се зафатени, колку се ослободени или рикнаа и индикаторите?
 
И да, потесни се единечните од старите единечни, имаат еден ред повеќе седишта. Затоа од кај шоферот до средна врата не моеш да се разминеш.

Ете затоа нек си чекаат стари автобуси па ќе имаат место за сите тие зимници што си ги купуваат,а не да ми кажуваат: Потргни се да си ги ставам торбиве или кога на едното седиште седи пензионер а на другото торбите.Осет луѓе!
 
Понекогаш ми се чини дека јас сум единствената што не ги сака новите ДВОКАТНИ автобуси, но тоа е не затоа што сум критичар на се што е ново, туку затоа што навистина мислам дека не се практични. Долу едвај има место за 10 души, а за нагоре на никој не му се ризикува да се качува по тесните скалички за неколку станици, кабината на шоферот е толку одделена што кога треба да се купи карта се ствара огромна гужва. На изглед се ок, ама не се практични.
Сега и јас го делам истото мислење со тебе, а пред да се качам во двокатниве имав сосема спротивно мислење.
Кога влегов гледам доле просторот 2 на 2, луѓе се гужваат за карти да купат, и нормално јас не купив, што дури дојдам на ред требаше да се симнам :) . И си застанав таму на страна оставив луѓево да се тепаат за карти. Среќа клима имаат автобусиве и се диши некако. А горе пошто сум 187cm висок, се качив на враќање накај дома, и дур да се качам мислам дека главата ѕвонче ми стана. Кога се качив се изгрбавив до толку што мислев дека ке си го исп*шам у сред автобус. Е веќе кога седнав ми дојде убо. Така некако од високо убаво е кога се движиш и гледаш.
 
Баш за ова викав, градов НЕ Е за двокатни автобуси.

Него тоа со седиштата, кога се враќав од факултет прееска гледам бројка 24 си викам ооо 24 места слободни ќе се качам и гледам само две. Затоа прашувам дали покажува колку се зафатени, колку се ослободени или рикнаа и индикаторите?

Вчера гледам 5 слободни , се качувам горе гледам се полно дури имаше и такви кои стоеја.

Туку народов го мрзи да се качува горе. еве денес на два пати долу гужва, стојат 10мина а горе пола седишта празни.
 
Вчера гледам 5 слободни , се качувам горе гледам се полно дури имаше и такви кои стоеја.

Туку народов го мрзи да се качува горе. еве денес на два пати долу гужва, стојат 10мина а горе пола седишта празни.
Не е дека народот го мрзи, ама за неколку станици дури ка се качиш горе треба да се симнуваш надолу. Башка и што се тесни скалите па и таму се ствара гужва. Дури да се избуткаш за да излезеш ке ги затвори шоферот вратите и ке ја испуштиш станицата на која сакаш да се симнеш.
 
Не е дека народот го мрзи, ама за неколку станици дури ка се качиш горе треба да се симнуваш надолу. Башка и што се тесни скалите па и таму се ствара гужва. Дури да се избуткаш за да излезеш ке ги затвори шоферот вратите и ке ја испуштиш станицата на која сакаш да се симнеш.

Нема врска, качувањето одзема помалку време од одењето неколку чекори понапред во гужва, а скалите се одма кај вратите.
 
Мене ми се супер двокатните, ако си најдеш горе место (во вторник или петок), знаеш дека нема да ти дојде некој да те моли да станеш и си седиш до дома! :)
 
На двокатните не можеа ли да им стават помали бројки? :D И тоа апаратот за картите е 5 метри одалечен од шоферот...трагедии.
--- надополнето: Sep 28, 2011 11:32 AM ---
На градов му фали ПАЈТОН!!!
На градов му фали подземна сообраќајница (да се расчисти метежот, ова и го договараат нешто да го прават во иднина)
 
И се движат со 2 на саат и веднаш почнале тие маските за сенка на прозорците да се одлепуваат од надвор.

Да прашам нешто. Таа бројката што е кај скалите означува колку места има СЛОБОДНИ за седење или колку се ЗАФАТЕНИ?
зависи кога се движат со помала брзина, нормално е на кривини да возат поспоро ама затоа на право побрзи се
 
malarokada.jpg
 
Пристигна првиот од вкупно 16 мини автобуси кои се наменети за јавниот градски превоз во Скопје, соопшти Министерството за транспорт и врски.

На автобусот му се вршат детални технички испитувања со цел да се утврди дали ги исполнува потребните технички спецификации кои се утврдени со тендерската документација и дали е во согласност со барањата за хомологација кои произлегуваат од Правилникот за одобрување на нови приклучни возила, системи, составни делови и самостојни единици наменети за таквите возила. По добивање на соодветното одобрение за хомологација од страна Бирото за метрологија, се очекува останатите 15 мини автобуси да бидат испорачани до средината на декември годинава.

Прозиводител на новите мини автобуси за Скопје е компанијата „Zhengzhoy Yutong Group Co.Ltd“ која бше избрана за најповолен понудувач по спроведената постапка за јавна набавка.

„Zhengzhoy Yutong Group Co.Ltd“ е мултииндустриска групација која делува во областа на производство на автобуси и резервни делови за возила. Групацијата е основана во 1963 година, а претставува најголема и технички најнапредна база за производство на големи и средни автобуси во светот чиј обем на продажба е рангиран на второто место зад „Мерцедес Бенц“. Во своето производство Yutong брои голем број различни производи.

Набавката на 16 мини автобуси претставува дел од проектот за обновување на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Проектот вклучува набавка на 200 двокатни автобуси, 17 отворени двокатни автобуси, 80 нископодни автобуси и 16 мини автобуси. Со оваа донација од Владата на Република Македонија за градот Скопје, целосно се обновува возниот парк на ЈСП „Скопје“, со што се овозможува поеколошки, поквалитетен и поудобен превоз за граѓаните на градот Скопје.

Извор: Курир
 
Пристигна првиот од вкупно 16 мини автобуси кои се наменети за јавниот градски превоз во Скопје, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Извор: Курир

Извор : Bulldog / build.mk /
photo0lil.jpg

photo0sos.jpg

Не знам каков бил договорот за овие маливе, ама не се нископодни.
photo0gsg.jpg
 
Новиве двокатни автобуси се одлични ама да ги има набрзо.Да ги има на 5 минути нема да има никакви проблеми и гижви.Инаку наслушнав дека последните 100 автобуси ке бидат дупли(зглобни) од кај кинезиве,дали имало некој анекс да го сменат малце договорот.Ако е така ќе биде добро,нема да се прават гужви :)
 
Да бидат малку подолги не ќе беше лошо. Едвај излегов прееска од таа гужва.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom