Aaaaa не, на непознати не кревам...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Кревам на непознати ама на титкање не им враќам.

Титкањето е сосема друга безвезна работа. Споредувајќи пред 3-4 години со денешниве цени, срамота е да титкаш, реално. Има исклучоци, ете, ти снемало кредит, не си имал да ставиш, но во повеќето случаи стварно нема смисла. Посебно кога некој со постпејд број ќе ти титне.

Порано, тек ко почнаа на "мода" да стануваат мобилните, титкањето беше фора. Драстично е намалено тоа, но сепак сеуште, посебно тинејџер(к)ите, да не речам недораснатите, си титкаат на мобилните, дека се мислат едни на други. <3
 
Море ме заболело оној долу дали е непознат или не :helou:
 
Кревам на непознати. Али мене да ме добиеш на телефон е скоро невозможно, другаркиве ме зезаат дека телефонот у подрум ми стоел. Не знам како но скоро секогаш ми е исклучен, имам ставено без звук, ми бил во креветот, во ташната...едноставно речено тешко сум достапна на мобилен :icon_bigg
 
На "но намбер" не кревам,дефинитивно.А со непознати броеви,хмммм им кревам зашо да не али онака koa ќе ме прашаaт "кај си бе брат" .. со повисок тон “кој е на телефон„ онака ради реда :P
 
На "но намбер" не кревам,дефинитивно.А со непознати броеви,хмммм им кревам зашо да не али онака koa ќе ме прашаaт "кај си бе брат" .. со повисок тон “кој е на телефон„ онака ради реда :P
Мене да ме прашат така би му одговорил со повисок тон: НА КОГО БЕ ТИ БРАТ БЕ БРАААТ?
 
Да го правев ова, никогаш немаше да зборнам на телефонов. Сите вртат од кај ќе стигнат.
Инаку, ова го прават политичарите и портпаролите кога сакаат да одбегнат некоја тема и разговор. Овој феномен, би го разбрала ако се работи за неколку дена, кога чекаш да те бара некоја личност што не сакаш да ја чуеш, од број што не го знаеш, па додека „да се откаже типот“. Со некои што замараат едноставно не можеш да ги откачиш така лесно и без губење живци.
 
Кревам на непознати затоа што не знам кој ме бара и зошто ме бара,можеби ке му затребам на некој близок а со некревањето би му свртел грб :)
 
Телефонот го ставам на сајлент кога
- сум во театар/ кино/ битен состанок
- на курс и
- на медитација

Кога не сакам да бидам вознемирувана го исклучувам телефонот - на тој начин барем не сум достапна за оној кој ме бара

Малку ми е спуки кога ми звони телефонот во раните утрински саати - бидејќи не водам некој бурен живот или немам таква навика да зборувам/ комуницирам со некого толку рано

Ако некој ми се јавува од прикриен број - не кревам - зошто мислам дека е редно да се претстави, а не да се крие ...
(додуша тоа многу ретко ми се има случено - пред многу години)

Не кревав на непознати телефонски броеви во доцните, односно раните утрински часови - се додека службено поради природата на работата не ме побараа во 05 часот наутро и имаше потреба да се разреши проблемот.

Отогаш страв - нестрав = кревам слушалка
 
Мама ми има кажано, да не разговарам со непознати, така да истото правило си го применувам за телефон.
...Not!
Повеќе од пола од луѓето со кој контактирам , ретко имаат кредит или се јавуваат од телефоните на мама, тато, бато и слично, така да според теоријава би требало да изгубам контакт засекогаш.
Плус некоја мистериозност се буди во мене кога ќе видам непознат број и си правам филмчиња, за тоа кој сега би ме барал.
И после кога ќе слушнам дека е другарка или некој очекуван i am like...ohh okey...
Long story short-КРЕВАМ!
 
Не кревам на непознати од проста причина што сакам да знам кој ме бара. Ако е итно луѓето што ме научија ми пишуваат прво порака.
 
Не кревам на непознати од проста причина што сакам да знам кој ме бара. Ако е итно луѓето што ме научија ми пишуваат прво порака.

Една моја другарка прави вака и верувај нема ништо пофрустрирачко, кога немам кредит а и ѕвонам од друг телефон ме гаси, ја упорно и ѕвонам пак ме гаси. Ептен нервира... Зошто да не се јавиш да видиш кој е, ако е непознат не се јавувај пак. :toe:
 
Имате сите restrict calls опција на мобилните ако ви досаѓа некој да му се сневиди, прочепкајте ги, не се измислени само за сликање у ВЦ.
 
Титкањето е сосема друга безвезна работа. Споредувајќи пред 3-4 години со денешниве цени, срамота е да титкаш, реално. Има исклучоци, ете, ти снемало кредит, не си имал да ставиш, но во повеќето случаи стварно нема смисла. Посебно кога некој со постпејд број ќе ти титне.

Порано, тек ко почнаа на "мода" да стануваат мобилните, титкањето беше фора. Драстично е намалено тоа, но сепак сеуште, посебно тинејџер(к)ите, да не речам недораснатите, си титкаат на мобилните, дека се мислат едни на други. <3

Се сеќавам на овие глупости, никогаш не ги правев. Кога ќе ми титнеше некој/а, скоро секогаш му/и звонев за да видам што сака - "па ништо само ти титкав" -.-
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom