Кина ја престигна Јапонија и стана втора светска економска сила

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Кина ја престигна Јапонија и стана втора светска економска сила

14.02.2011, 14:13

getImageThumbnail.php

Кина ја престигна Јапонија и стана втора најголема светска економска сила-јави Би Би Си. Јапонската економија на крајот на 2010 вредеше 5 ,474 милијарди долари,а кинеската во тој период се приближи на бројката 5,8 милијарди долари.

За споредба,Јапонија во 2010 доживеа пад низ помал извоз и помала побарувачка,а Кина доживеа голем развој во производството.

Според сегашната стапка на раст,анализите покажуваат дека Кина ќе ја престигне Америка како најмоќна економска сила во следните 10 години.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=71357
 
Eдно големо браво за Кина.
Сега се закити со сребрениот медал, а да се надеваме за децение две да се закити и со златниот медал.
 
Ги преселеја мултинационалните компании работните места во Кина и нормално дека тоа ќе следи, на ред е Порше кој што има намера да си оди од Германија во Кина.
 
Браво за Кина. :je:

Штета што нема да најдеме добро платена работа таму, можеме да одиме само како туристи. :)
 
Кога Кина стигне Jaпониja по GDP по глава от населението,тогава може да речеме,дека Кина задмина Jaпониja. Сега просто произведе повеке, но се разбира и со около 10 пати поголемо население.
Та извод от се - 10-пати повеке кинези произведоха,това што произведуват jaпонците.
 
И не само Јапонија..туку и Франција,Германија,британија..
 
Паѓа американската економија... да не им се војните.. да произведуваат оружие.. ке бидат на опашката на кина...
ке почне да се појачува кинескиот јуен и ке ја престигнат америка побрзо...
кина секојдневно има голем број странски инвестициии...
 
Да, инвестициите се многу битни, а и оружјето што го произведуваат. Сепак браво за Кина, нека има работа само.
 
Кина ја престигна Јапонија и стана втора најголема светска економска сила-јави Би Би Си. Јапонската економија на крајот на 2010 вредеше 5 ,474 милијарди долари,а кинеската во тој период се приближи на бројката 5,8 милијарди долари.

Болдираното мора да е грешка? Ако се работи за БДП .

Иначе Кина заради големината ги достигнува овие бројки , пошто има 11 пати повеќе жители од Јапонија.
 
Болдираното мора да е грешка? Ако се работи за БДП .

Иначе Кина заради големината ги достигнува овие бројки , пошто има 11 пати повеќе жители од Јапонија.

И она најбитното-има природни ресурси кои Јапонија ги нема и мора да ги купува.
 
Колку е просечна плата во Кина у евриќи ?

Најверојатно помала од македонската.

--- надополнето ---

Само не знам кога ќе им се удри од глава така високиот економски раст.
 
Најверојатно помала од македонската.

Мислам дека е колку македонската дури имаат проблем да најдат работници :)
Баш пребарував плаќаат околу 200-300 долари тоа е околу 9000-12 000 денари исто како кај нас .
 
Мислам дека е колку македонската дури имаат проблем да најдат работници :)
Баш пребарував плаќаат околу 200-300 долари тоа е околу 9000-12 000 денари исто како кај нас .

Имаат проблем да најдат квалификувани работници.

Додека за во рудник и слични такви работи, не им треба квалификација.
Дури некаде држат и робови.
 
Баш денеска зборевме на час за ова....само погледнете го стандардот на живеење на Кина и на Јапонија ;)...Јапонија падна едно место, и што? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom