Tonchie
BATTERY +
Проектот "Homo Urbanus Europeanus" е за Човекот, во Градот, во Европа... да речеме дека се однесува на европското “урбано битие”.
Секоја слика вклучена во проектот, преку прецизноста на нејзиното осмислување и свежината на нејзиниот стил звучи како воспевање на величенствениот граѓанин. И навистина, секое лице кое што чекори, застанува и се провлекува низ градот, честопати осамено, но не помалку гордо и одлучно не е неразумно; повеќе би рекле дека го има стасот на еден освојувач, победник.
Уште повеќе, ова човечко присуство, доловено со сета своја префинетост, наоѓајќи се секогаш на вистинското место и време, му дава на градот една неочекувана величенственост.
Иако примарно станува збор за уметничко дело, проектот "Homo Urbanus Europeanus" не ја крие својата политичка димензија. Напротив, тој содржи 31 серија, претставувајќи 31 eвропски главен град, сите фотографирани во истиот стил, одмерени и без културна и социјална видливост, со што ја потенцира сличноста меѓу разликите, “европејството” меѓу разнообразноста. Проектот "Homo Urbanus Europeanus" е навистина една уметничка алатка за обединување на европските земји... и на оние кои веќе се дел од Европската унија, и на оние кои тоа сеуште не се.
Жан-Марк Карачи
Жан-Марк Карачи е самообразован француски фотограф (со сицилијанско потекло) чија што работа отсекогаш била фокусирана на Човекот ...Човекот како претставник на припадноста, ретко како социјален објект. Оваа константност во неговото истражување е веројатно негов начин да се идентификува себеси, можеби и начин да се спореди себеси, но во секој случај е начин на размислување за неговите квалитети како човечко суштество. Неговиот стил е јасно инспириран од фотографите како Анри Картие Бресон, Елиот Ервит и Рејмонд Депардон... но исто така, како што и тој самиот сака да истакне, и од американскиот сликар Едвард Хопер.
Изложбата "Homo Urbanus Europeanus" е организирана од Делегацијата на Европската Унија и ЕУ инфо центарот.
Time February 16 at 6:00pm - March 16 at 10:00pm
Location Шопинг центар РАМСТОР
FB event