Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ако го најдете клипот каде Касемиро го кара Бруно што не му подаде на Санчо и на крај промаши за 3-0 ставате го. Какво играчиште. :cuc::cuc::cuc:
 
Ајмо нека се множат! Постот конечно прекинат, ама ова треба да боде само старт.

Тен Хаг создава фантастичен тим. Ако до лани велев дека не сме фаворити против кој и да играме, во моментов не се плашам од ниту еден тим. А такво чувство не сум имал добри 10тина години.

Мартинез, Касемиро, Варан... освен што внесуваат огромна стабилност и сигурност во играта, со нивната желба за победа и нивниот менталитет ги прават бар едно ниво подобри сите околу нив.

Ван-Бисака изигра фантастично полувреме. Мислам дека мора да бараме стандарден првотимец на десен бек, ама АВБ би го задржал пред Далот. Може и тоа како да биде корисен во вакви утакмици.

Мило ми е за асистенцијата на Вегхорст (иако технички не е асистенција, бидејќи голот е запишан како автогол), заслужи за целиот труд што го пружеше на мечов. Бруно лигле на крај, баш сакав што поубедливо да ги тепаме.
 
Ако го најдете клипот каде Касемиро го кара Бруно што не му подаде на Санчо и на крај промаши за 3-0 ставате го. Какво играчиште. :cuc::cuc::cuc:
Помошник тренер ќе му биде на Тен Хаг на теренот, каков лик :aplauz:.
Бтв Барса што демек испаднаа од ЛЕ да се фокусирале на Ла Лига...добро се нафокусирале со Алмерија денеска :pos:
 
Требаше многу помоќно да викаат Glazer out, плус сите банери им ги зеле на навивачите пред да влезат на стадионот..
Ќе се откачиме и од нив. :cool:
 
Све си мислев дека ке имаме недела дена одмор за до мечот со ливерпул, кога сме имале ФА Куп во средата против Вест Хем.
 
Нека се множат трофеите. Ова беше една убава недела. Од победата со Лестер, па Барса и сега победата во финалето од Карбао купот.

Мило ми е за Тен Хаг. Го посакував како менаџер уште од времето во Ајакс и ме радува што го враќа стариот лик на Јунајтед, а тоа е без страв да се влегува во секој меч.

Посакувам новите газди да му дадат максимална поддршка ова лето и да качиме некое повисоко ниво од ова па да бидеме сериозен фактор на врвот на табелата во ПЛ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom