Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А ти дали си правосалвен?
Јок.
I am selfless like a Jedi!
Јас верувам во медиклоријаните и Силата!

Инаку, три литри крв давам ако третина од македонциве навистина се осеќаат како верни православни христијани. Не зборам за велигден, бадник и трифун... и кога ќе им згусти ептен...
 
Некои може биле, шо знам. Мислиш дека масоните се теисти? Ја би ги стаил кај Луци фанови, онака филозофски...

Сеган, Дарвин, Хемингвеј, Ајнштајн, Вонегат, Линколн сигурно не биле. Овој белиов ако е Вашингтон, може и да бил, да ѕирнеме, а за Бенџи не би се изненадил. Секако, мислам дека поентата е направена. Поготово со сеопфатната листа во прилог ;)

Верувањето е еден од основни предуслови да се постане масон. Не е битна религијата, не е битно во која „приказна“ веруваат, но сепак мора да веруваат. Со тоа можеби и не се хард кор теисти но во никој случај неможе да бидат атеисти.
 
Нели е малце дебилно да се чукаш у гради за туѓа слава?
Ако делите исти идеали, не значи дека делите ист памет.
Али ај нека те потапшаат по рамо, чим тоа те прави среќен.

Точно, како маалски фраер. ...ама, не е скроз зијан, пошто еден ден, кога и моето лице ќе биде таму, ќе можеш да се фалиш дека си се карала со мене на форум ;)

Сепак, стварно мислам дека е важно да се обрне внимание на трендот на атеизам помеѓу оние луѓе кои го движат развојот и напредокот на човештвото. Нив, верувам, ретко можеш да ги видиш како се молат за да дојдат до вистина. ...ако сакаш, можеме да си ги помериме уште малку? Има многу „интересни“ статистички податоци. :P

Кога јас би одлучил некому да оддадам признание или да му се поклонам со чиста душа и искрена благодарност, јас би одбрал некој од овие луѓе, пред замислено злобно другарче.

Го пишав ова и на христијансто, ама толку ме погоди, што ќе го спамирам тука:

Господ „вика“ дека најголеми гревови се суетноста и зависта.
Во заповедите вика „Јас сум Господ, твојот бог (суета); Немој да имаш други богови освен мене (завист)

Bingo! Ко на практична настава. Теорија и, оп! - одма и пример! Поради тоа што на грешките најубаво се учи.

Како преминувате преку овие толку очигледни контрадикторности во христијанството?!?

--- надополнето ---

Верувањето е еден од основни предуслови да се постане масон. Не е битна религијата, не е битно во која „приказна“ веруваат, но сепак мора да веруваат. Со тоа можеби и не се хард кор теисти но во никој случај неможе да бидат атеисти.

Абе и верувам дека постои нешто што сеуште не можеме да го разбереме, ама тоа не ме прави теист. ...додуше ја не сум масон...

Луѓето кои се на сликата за себе, ваљда, кажале дека се атеисти. И ја, ако сакам да му направам чест на другарот и да му бидам кум у црква (иако знае дека не верувам), ја на попот ќе му кажам дека сум православен, за да му завршам работа и редот да се направи. Претпоставувам дека иницијацијата во масонството не се изведува со детектор за лаги :)

--- надополнето ---

@Darling: Другарице, кај го снема Спиноза :D
 
Јок.
I am selfless like a Jedi!
Јас верувам во медиклоријаните и Силата!

Инаку, три литри крв давам ако третина од македонциве навистина се осеќаат како верни православни христијани. Не зборам за велигден, бадник и трифун... и кога ќе им згусти ептен...

Не те прашав дали си верник. По постовите претпоставувам дека си атеист. Тку те прашав дали си правосалвен, односно дали си крстен во Православната Црква.
 
Не те прашав дали си верник. По постовите претпоставувам дека си атеист. Тку те прашав дали си правосалвен, односно дали си крстен во Православната Црква.

Ако сум крстен, тогаш сум православен?!? Така ги броиш ти верниците? Дали е крстен?!?!

Затоа чудни бројки вадат по светов...
 
А што, страм ти е да кажеш дека си крстен?
Како може да ми е срам од нешто што не сум го направил јас?

...или дека католичките верничиња што се силувани од свештениците чувствуваат срам дека ги плескаат, па сеа и атеистите да се срамат дека некој ги крштевал коа биле бебиња?

Инаку, не, јас не сум крстен во црква. Мајка ми е суеверна, па кога брат ми го враќале од крштевка количката им се превртела. „Фала богу“, иначе и мене ќе сте ме стаеле на список. Ја сум роден далечната '74. Тоа беше ного секуларно време, да ти кажам. Баш ни беше арно со црквите како музеи. Нон-стоп имаше луѓе дојдени на разгледување и на восхит. Сеа ич не ми се гледа така... може сум индоктриниран од слободоумие.
 
А што, страм ти е да кажеш дека си крстен?

Стаљин бил крстен и одел во црковно училиште :)

Не контам што сакаш да постигнеш со прашањата. Секое дете ја прима религијата од родителите, или пак ако родителите се атеисти расте како атеист. А кога ќе созрее и ќе оформи мислење, секој си го фаќа својот пат сам или воден од „некој“.
 
[/COLOR]@Darling: Другарице, кај го снема Спиноза :D
Го снема, пошто нема да паѓам на твое ниво, па место да одговарам на прашањата да пишам кои биле славни атеисти.
Тоа е исто ко сеа ја да се гордеам со Анџелина Џоли пошто е женско.
 
Како може да ми е срам од нешто што не сум го направил јас?

...или дека католичките верничиња што се силувани од свештениците чувствуваат срам дека ги плескаат, па сеа и атеистите да се срамат дека некој ги крштевал коа биле бебиња?

Инаку, не, јас не сум крстен во црква. Мајка ми е суеверна, па кога брат ми го враќале од крштевка количката им се превртела. „Фала богу“, иначе и мене ќе сте ме стаеле на список. Ја сум роден далечната '74. Тоа беше ного секуларно време, да ти кажам. Баш ни беше арно со црквите како музеи. Нон-стоп имаше луѓе дојдени на разгледување и на восхит. Сеа ич не ми се гледа така... може сум индоктриниран од слободоумие.
Многу оддамна, па уште малку да си се родил порано ќе си го бил врсник со Адам и Ева.
 
Многу оддамна, па уште малку да си се родил порано ќе си го бил врсник со Адам и Ева.

Не, бе, друже, Адам и Ева се фиктивни ликови - адаптација на Епот за Гилгамеш на Сумерите. Прераскажана приказна.

Тоа не те вознемирува? Што има постара приказна на која е поставен јудаизмот како ексклузивна вера на израелитите? Не те копка понекогаш?

--- надополнето ---

Го снема, пошто нема да паѓам на твое ниво, па место да одговарам на прашањата да пишам кои биле славни атеисти.
Тоа е исто ко сеа ја да се гордеам со Анџелина Џоли пошто е женско.

Штета... а баш ми се свиѓаше листата. Не беше многу долга (не ни очекував долга, нели) ама беше многу интересна, како за цела една тема... штета.

Инаку, не е ликување и мерење во прашање. Напротив. Повик за поддршка и освестување е.

Во време кога целиот развиен свет (и нас што куцкаме на тастатурава не' ставам тука) користи и живее симбиотски со технологии кои веќе 200 години ги развива атеистичкиот светоглед, одникаде се крева бран на фундаментализам, регресија кон примитивни вредности и перцепција на светот кој граби глобално и ги заразува луѓето со мрза за спознавање, и толеранција кон игнорантноста. Многу ми пречи.

Срам ми е што работи (биологија, географија, астрономија, религии (пошто се многу на светов, нели)) кои требало да бидат научени и апсолвирани во основно школо овде се поставуваат како нејасни, несфатени или воопшто не чуени.

Едниот вика земјата е плоча, другиот вика човекот настанал од шимпанзо, трет вика мажот има едно ребро помалку од едната страна, а Чорбаџија никако да објасни како кенгурите од Арката на Ное доскокале низ полинезија до Австралија... и дека 6 милијарди (а не знаат некои ни милијарда што е) луѓе денес (бенетон, плус) се испородиле инцесно за 3000 години.

Тебе, не ли ти е срам од вакви работи?
 
Не, бе, друже, Адам и Ева фиктивни ликови - адаптација на Епот за Гилгамеш на Сумерите. Прераскажана приказна.

Тоа не те вознемирува? Што има постара приказна на која е поставен јудаизмот како ексклузивна вера на израелитите? Не те копка понекогаш?

Не, приказната е приказна, но суштината е битна. Пример во јудеизмот има една книга која по содржина е љубовна поезија, се вика „Песна над песните“. Можеш да ја прочиташ, за мене лично оваа поема е многу подобра и поквалитетна од „Ромео и Јулија“. Таму никаде не се споменува Бог, а сепак евреите ја ставиле меѓу своите свети книги.
 
Дали атеистите воопшто веруваат во нешто, и како се декларирате себеси како атеисти?
 
Ако е приказната - приказна, а суштината е битна, зошто правиш разлика меѓу православие, католицизам, хиндуизам, зороастризам, митраизам, кирибати, једај и мормонство? Нели суштината е битна? Сите овие имаат иста суштина.

--- надополнето ---

Дали атеистите воопшто веруваат во нешто, и како се декларирате себеси како атеисти?

Атеистите единствено викаат дека Бог или божества не постојат. Останатите ставови, верувања, вредности, маани и пороци немаат врска со атеизмот. Атеизмот не е филозофија. Атеизмот е тврдење или свесност. Не е институција или припадност.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom