Големата sвезда на Африка падна во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Метеоритот што на 8/23/2004 падна во овчеполското село Мустафино е во крушковидна форма, а слична на дијамантот "Големата sвезда на Африка"[/FONT]

{0F174617-8EF9-4F5F-B4F4-DC927C7D5A6A}_kamen=2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ШТИП, - Парче метеор во неделата околу 22 часот падна во овчеполското село Мустафино кај Штип. Предметот е со тежина околу 300 грама и има платинеста боја. Метеоритот е во крушковидна форма слична на дијамантот "Големата sвезда на Африка" што се наоѓа во лондонскиот музеј.
Благоја Христовски во чиј двор е најдено парчето метеорит вели дека се работи за уникатен вселенски предмет. Пробал да го сече со бонсек, но не успеал.
Дел од паднатиот метеорид е даден на испитување во Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Професор Тодор Делипетров, доктор по геофизика тврди дека навистина се работи за несекојдневен предмет кој не потекнува од земјината топка, а по карпестиот состав и чистина очигледно танува збор за парче од вселената.
Интересно е дека сличен метеорит во Овчеполието падна и лани во месец јули. И тогаш и сега на паѓањето му претходела краткотрајна силна светлина од само неколку секунди. Метеоритите ги имаат откриено домашните животни кои цела ноќ биле вознемирени. Утредента тие ги изринале од малиот кратер со длабочина од 40-тина сантиметри. Оваа најнова појава Христовски веќе ја има актуелизирано и на Интернет и очекува светските вселенски истражувачи да пројават интерес и за неговите метеорити што тој сега ги чува во сеф.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Е па сега ми е јасно зошто krusa03 има страв да не го удри метеор по глава :star:
[/FONT]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom