Англискиот јазичен империјализам

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
121
Денешната статија во Нова Македонија, ме поттикна на размислување околу темата за англискиот јазичен империјализам и неговите ефекти на книжевен план.

Нобеловецот Орхан Памук против англискиот јазичен империјализам

Турскиот нобеловец и еден од најценетите современи романсиери, Орхан Памук, им се придружи на критичарите на англискиот јазичен империјализам, кој како резултат има запоставување на писателите од преостанатите светски јазици

cicko.jpg


На гостувањето на книжевниот фестивал во Џајпур, Индија, најважното книжевно случување на подрачјето на Азија и на Пацификот, Памук упатил силна критика на доминацијата на англискиот јазик, изјавувајќи дека другите јазици и книжевности стануваат невидливи.

Во почетокот на фестивалот, тој бил изненаден што поголемиот број писатели, кои биле поканети на фестивалот, пишувале на англиски, иако тоа не е нивниот мајчин јазик.

„Поради недоволниот превод на авторите што не пишуваат на англиски јазик денес во светот се маргинализира човечкото искуство“, изјави Памук, кој сите свои дела ги пишува на турски јазик („Се викам Црвено“, „Снег“...) Книжевниот нобеловец го фрустрира и тоа што британските и американските критичари ја провинцијализираат неговата работа. Кога пишува за љубов, тоа за нив е автоматски „турска љубов“, како „Памук да не може да пишува универзално“.
„Многу писатели се ограничуваат, се етикетираат како автори, чии романи го претставуваат националниот глас, што резултира со антрополошки куриозитет“, вели тој.


Директорот на книжевниот фестивал во Џајпур, Вилијам Далрипл, го поддржа гостинот.

„Нема сомневање дека англискиот е се подоминантен и културно-империјалистички јазик, што е голем проблем. Дури и на познатите писатели од големите европски јазици им е тешко да пронајдат публика на англиското подрачје, бидејќи Британците се заинтересирани само за делата од англиското подрачје, а американските издавачки куќи ретко издаваат преводи“, изјави Далримпл.

Како пример тој го наведе случајот со афирмираниот бенгалски романсиер Човринџи Шанкар, кој во Индија продал три милиони книги, но западниот медиумски интерес за него се појавил дури откако му е објавен првиот англиски превод во три илјади примероци.


Што мислите, дали во денешното глобално општество е тешко/невозможно да се достигне интернационален успех како писател без делото да ви биде преведено/напишано на англиски?
Дали писателите кои не пишуваат на англиски се конзервативни, демоде и „провинцијалци“, луѓе кои не го следат трендот и не се приспособуваат на светската читателска публика?
Дали, по примерот во музиката, и во литературата се наметнува англискиот јазик како пожелен, како единствен и како јазик кој гарантира популарност, успех и слава?
 
Не гледам ништо лошо тука со оглед на тоа дека англискиот е прв светски јазик и нормално е дека едно дело мора да биде преведено на јазик разбирлив за повеќето ако сака да достигне интернационален успех... Нема јас да идам да учaм бенгалски или индиски па колку сака нека биде добар тој Човринџи Шанкар.


Еdit: Хммм, пишување/преведување?! Нешто погрешно сфатив...
 
Многу јасно е дека ако првото издание ти е на Англиски јазик тоа дело ќе го прочитаат повеќе читатели одколку да биде на Македонски нели?
Што помал број луѓе кои го зборат тој јазик толку помала популарност во светот толку помал ќе биде бројот на читатели.
Неможе да се оди против 10.000.000(пример) читатели кои знаат само англиски да читаат.
Незнам кој факт е поважен и која причина плус треба за да се стане попознат.
Исто како со копјутериве ретко кој вика тврд диск или глушец.
 
Што мислите, дали во денешното глобално општество е тешко/невозможно да се достигне интернационален успех како писател без делото да ви биде преведено/напишано на англиски?
Дали писателите кои не пишуваат на англиски се конзервативни, демоде и „провинцијалци“, луѓе кои не го следат трендот и не се приспособуваат на светската читателска публика?
Дали, по примерот во музиката, и во литературата се наметнува англискиот јазик како пожелен, како единствен и како јазик кој гарантира популарност, успех и слава?
1. Може да се достигне интернационален успех (доколку се преведе на многу други јазици), но сепак откако ќе биде преведено на англиски успехот би бил многу поголем.
2. Не. Тие не мора да пишуваат на англиски, но барем да дозволат да се преведе на англиски.
3. Немам ништо против ова. Попрво би слушал музика на англиски или друг јазик кој го разбирам, него кинеска или турска музика.
Англискиот јазик е лесен и едноставен споредено со другите јазици. На тој јазик се работело за да се поедностави и да биде полесен за учење и заслужува да биде интернационален јазик. Со англискиот им е дадена шанса на писателите да просперираат и во други земји а исто така делото да им биде преведено на други јазици (многу повеќе луѓе знаат да преведат од англиски отколку од македонски). Од друга страна, на луѓето кои не сакаат своите дела да ги преведат на англиски - ништо не им менува тоа дали англискиот е доминантен или не - зошто и во двата случаи нивните дела ќе бидат читани само од луѓе кои го познаваат јазикот на кои се напишани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom