Откривме нови континенти, сега ќе ги истражуваме

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Дали на Македонија и треба да ги шири познанствата во Африка, Азија и Јужна Америка?

  • Да

    Гласови: 22 95,7%
  • Не

    Гласови: 1 4,3%

  • Вкупно гласачи
    23
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Откривме нови континенти, сега ќе ги истражуваме

Отворена е дебатата за тоа дали на Македонија баш сега и треба да ги шири познанствата во Африка, Азија и во Јужна Америка или и е подобро целата дипломатска енергија да ја насочи кон Европа и само кон Европа. Но преовладуваат мислењата дека е добро што ѕиркаме и кон другите ќошиња на светот




Од средбата на премиерот Никола Груевски со Роберт Мугабе
Амбасадорот Зоран Јолевски предаде акредитивни писма во Мексико, земја што ќе ја покрива од САД, а Оливер Шамбевски од Кина ќе соработува и со Виетнам и со Непал. Никола Груевски, пак, е првиот македонски премиер што за само осум месеци трипати отпатува во Африка - прво во мај лани во Мароко се сретна со колегата Абас ел Фаси, потоа во декември присуствуваше на самитот ЕУ-Африка во Либија, а идната недела ќе оди во Каиро, на гости кај тридеценискиот претседател на Египет Хосни Мубарак.
Пет века по Колумбо и 250 години по Џејмс Кук, и Македонија почна да открива други континенти, освен својот и северноамериканскиот. Зачестените контакти со државите што досега ни звучеа како да се на друга планета ни ги донесоа неодамнешните признавања на уставното име од Сирија, Зимбабве и од Боливија во замена на нашата поддршка, дадена на резолуциите за Голанската висорамнина против Израел и за декриминализирање на коката во Боливија.

Каде е Македонија меѓу Африка и Европа?

Меѓу стратегиската ориентација за интегрирање во евроатлантските структури, поставена од нејзината самостојност, и новите партнерства и опции, кои нужно мора да се бараат поради блокадата со која сме соочени во тој процес. На оваа тема во јавноста може да се слушнат различни мислења во широк дијапазон, од тие дека треба да се следат интересите на земјата и дека интересите се вечни, не партнерствата, до оние што сметаат дека Македонија нема алтернатива на членството во ЕУ и во НАТО.
Негде помеѓу се и укажувањата дека квалитетната соработка со Русија, Кина, Турција треба да оди заедно со остварувањето на стратегиските приоритети за вклучување во НАТО и во ЕУ. И во тоа може да се успее. Пример за тоа е Србија. Официјален Белград, кој веќе се споменува како потенцијален лидер што ќе ги „влече“ земјите од регионот кон интеграциите, ги одржува традиционалните тесни врски со Русија, а работи на усогласување на политиките и со Вашингтон и интензивно соработува со Брисел.
Светот се менува. Пред две децении, кога падна Источниот блок, единствена водечка сила беа САД. Со текот на времето оваа слика се менува. Затоа на Македонија и е потребно дефинирање на интересите на подолг рок со други моќни држави, надвор од стратегискиот партнер САД, како што се Кина, Русија, Турција...

СЛЕДЕЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Познавачите на условите укажуваат дека пред да се преземат порадикални чекори во потрагата по алтернативи, мора да се направат сите обиди да се провери дали НАТО и ЕУ имаат вистински интерес за нашата земја и дали се подготвени да нé примат како - Македонци.

- Досега тие сторија многу непринципиелни чекори. Ако тврдоглаво продолжат со блокадите и со уцените, немаме што да бараме таму. Барем на краток рок. Ќе мора да се бараат алтернативни решенија. Со сила можеш да земеш, не можеш да (се) дадеш. Тоа важи и за овој случај. Разнебитувањето на македонскиот народ автоматски ќе ја направи државава - непотребна. Тоа не смее да се дозволи - вели дипломатот Ристо Никовски.

Според него, во реализација на националните и државните интереси не треба никој лесно и непотребно да се исклучува, како што вели „ниту Турција, ниту Сирија, ниту Мугабе, ниту неврзаните...“.

- Што мислите, зошто САД, речиси осамени, гласаа против Сирија во ООН? Поради принципи? Никако. Ги бранеа сопствените интереси. Тоа мора да го правиме и ние. Во секоја пригода. Пријателите и непријателите се менуваат. Интересите се трајни - укажува Никовски.

Дека интересите се пред сé укажува и професорката Билјана Ванковска.

- Земете ги, на пример, врските на Саркози со Гадафи или на САД со Саудиска Арабија, Узбекистан итн. Во политиката има малку простор за „избирање на друштвото“, туку работите се одвиваат на база на интерес. Не гледам никакво зло ако Македонија најде пазари за своите производи во земји што се платежно способни и претставуваат добар пазар - изјави Ванковска.

Македонија за некои чекори во надворешната политика се соочи со критики. Така беше со гласањето во корист на Сирија во ОН, поточно за Резолуцијата, која изрази загриженост што Израел сé уште не ја напушта Голанската висорамнина, потоа за средбата на премиерот Никола Груевски со Роберт Мугабе, претседател на Зимбабве, земја што се соочува со ембарго од САД и од Европската Унија.
- Интересно е што во нашиот јавен дискурс ќе се слушнат критики за некои дипломатски комуникации со земји од т.н. трет свет, но душегрижниците и „демократите“ едвај и да се згрозуваат над фактот што Македонија има одлични односи и со еден Израел, на пример - вели Ванковска.

Сепак, за да успееме да извлечеме максимум од надворешната политика заснована на пошироки алтернативи, услов без кој не се може е градење висококомпетентна дипломатија, едногласни се сите.
- За жал, ние го немаме тоа. Не е доволно да ги гледате лидерите што се ракуваат на некои самити - потребни се вистинска акција и реализација на можните планови за економска соработка. Се плашам дека и на овој план има многу импровизации, а малку конкретни резултати - смета Ванковска.

Зборувајќи за случајот „Македонија„, тоа што треба да се има предвид е дека суверенитетот и независноста на една држава, особено на малите држави, се огледаат во капацитетот да воспоставува меѓународни контакти на различни нивоа.

- Влегувањето во НАТО и во ЕУ не значи потчинување ниту губење на прерогативите на водење сопствена надворешна политика - категорична е Ванковска.

И ЕВРОАТЛАНТСКИ СТРУКТУРИ И АЛТЕРНАТИВИ

Остварувањето на стратегиските приоритети - евроатлантска интеграција на Република Македонија, не ги исклучува т.н. алтернативи, ако под тоа се мисли на квалитетна соработка со Русија, Турција, Кина и други земји, вели Мелпомени Корнети, поранешна амбасадорка во Турција, земја што е сé позаинтересирана за ширење на своето влијание на Балканот преку поддршка за земјите што биле под османлиско влијание.

Според неа, Македонија мора да ги следи своите национални интереси, а тие треба да се остваруваат со адаптирање на надворешната политика кон мултиполарната реалност на светот во последните години.
- Сепак, најзначаен елемент за постигнување напредок на државата, било кон евроатлантските интеграции или кон т.н. алтернативи, е јакнење на сопствениот капацитет во земјата, јакнење на стопанството и функционирање на институциите на системот врз поставените демократски основи, при што континуирано треба да се шири кругот на пријателски народи и држави - вели Корнети.

За да биде успешна надворешната политика, како што посочува поранешната амбасадорка, треба да се темели на повеќе предуслови.

Меѓу нив е продлабочување на соработката со соседите. Притоа соработката треба да биде особено во полза на економски и инфраструктурни проекти, врз база на прагматичниот принцип – ориентација кон резултати, како енергетска диверзификација и безбедност, преку поврзување на нашата земја со енергетските водови - нафта и природен гас од Кафказот, Русија, Блискиот Исток; изградба на транспортна мрежа – патишта и железница по коридорите 8 и 10 итн.

Следно што е важно е смирување на факторите и околностите под кои се разговара за разликите за името со Грција.

- Од голема помош за нашата меѓународна позиција, односно за преговарачката предност, е постигнување национален консензус за нашето уставно име. На тоа нé обврзува и ставот на јавноста, која мнозински се изјаснува за заштита на македонскиот идентитет низ името и јазикот - вели Корнети.

ГЛАВНИ СЕ ЕУ И НАТО

Во изминативе две децении, во Македонија не постоеше ниту едно посериозно политичко движење, партија или лидер што ја доведоа под знак прашалник евроатлантската ориентација. Сепак, поради дневнополитички потреби понекогаш силно се промовираа политики што беа целосно спротивни на декларираната стратегиска ориентација.

- И тука нема „невини“ во македонската политика - коментира Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за европски интеграции.

Точно е дека сме сведоци на промена на глобалните односи на моќ, оценува Боцевски.
- Подемот на „другите“, односно рапидниот економски и човечки развој на државите што беа на маргините на светскиот поредок, и покрај својата големина, укажува на тоа дека светот се менува. Најверојатно завршува униполарниот момент на САД, кој траеше од завршувањето на Студената војна, и светот полека добива мултиполарни облици, со еден изместен пол - САД - кои сé уште остануваат доминантна светска сила - вели Боцевски.

Сепак, и покрај сите овие глобални промени, Македонија не треба да си ја менува својата стратегиска рамка, а тоа е влегување во НАТО и во Европската Унија, и тоа поради неколку работи.
Прво поради заемните вредности.

- Македонија развива демократски модел и пазарно стопанство, па на вредносно ниво му припаѓа на западниот круг на држави. Секој поинаков избор нé става во друштво со чудни и извитоперени режими, а таму на Македонија не и место - вели Боцевски.

Втората причина е соголената анализа на моќ.

- Македонската географска позиција, способностите на нашата држава да ја проектира својата моќ, нé ограничува во нашиот избор на надворешнополитички опции, па европската и евроатлантската опција природно се наметнува - вели Боцевски.

Избор може да има Украина, Турција или Индонезија, заради тоа што нивната реална моќ го овозможува тоа, појаснува Боцевски, но секој македонски граѓанин е свесен за големината на нашите ресурси што диктираат и соодветна надворешна политика.

ИМАМЕ ЛИ СТОКА ЗА ТРЕТИТЕ ПАЗАРИ?

Како паралела на тезите дека ЕУ и НАТО се неопходни за нашиот економски опстанок, се постави прашањето дали можеме да ќариме некој денар од пријателствата што сега ги склопуваме.
- Секако дека можностите за тоа се големи, но треба да се направат добри анализи за нашиот настап на тие пазари. Да се увиди дали производите што би ги понудиле би постигнале доволно високи цени за да ни ги покријат трошоците, пред сé транспортните, но и доволно ниски за да бидат конкурентни. Има голем глад за нови производи во многу од тие земји, пред сé во Азија, каде што и стандардот расте. Нашиот удел таму за нив би бил многу мал, но за нас многу голем и значаен. Не очекувам многу од Јужна Америка, пред сé поради далечината, но Азија и Африка се добри шанси - вели професорот Томе Неновски.

И стопанските комори повикуваат да се засилат економските контакти со т.н. трети пазари. Мирче Черкеџи од Сојузот на стопански комори смета дека тие сосема би ни одговарале.

- Нашите главни партнери се пребирливи во однос на квалитетот, што значи дека некои продукти е подобро да ги нудиме на третите пазари. Технички проблеми поради далечината не постојат, видете само колку се увезува од Кина. Значи, како што стоките доаѓаат, така можат и да отпатуваат. Проблем се само контактите. Југославија ги имаше, но Македонија не ги одржа. Тие пазари не можат да бидат целосна замена за сегашните, но позитивно е што има волја за соработка - додава Черкеџи.

Но не се сите толкави оптимисти. Професорот Ванчо Узунов истакнува дека нашето стопанство нема капацитети за да освојува трети пазари.

- Нема причина да не соработуваме, тоа се интересни пазари. Но не ми е јасно што ќе понудиме. За сериозно учество треба да произведуваме големи серии стандардизирани производи. Тешко дека нешто може да се произведува кај нас на тој начин - објаснува Узунов.


Автор: Слаѓана Димишкова / Гоце Трпковски
 
Зошто да не соработуваме и со други? Секој си прави алтернативи доколку првичниот план не е успешен. Факт е дека Европа не не сака (клучните Европски држави не не признаваат под уставно име), дека во НАТО не влегуваме поради каприците на вечното дете Грција... Македонија секогаш треба да биде отворена за сорботка и со други држави. Ќе дојде ден кога целосно ќе ни ги затворат вратите... а ние ќе останеме бели во очи ако се крстиме само УСА и ЕУ.
 
Не сум многу многу компетентен да коментирам во однос на темава ама па многу ми е глупаво размислувањето да се затуриме само накај Европа. Што ни даде нас Европа за ние да насочиме се’ кон неа?
Дефинитивно треба да се зголеми комуникацијата и со тие земји.
Дипломатската енергија не е нешто во изумирање за да му се плашиме на каде е насочено.
Едни дипломати (поискусните и подокажаните) нека работита на ЕУ, а другите нека се сконцентрираат на презентирање на Македонија пред земји за кои како ние може не сме слушнале за нив - така и тие не слушнале за нас.
 
Ѓупците јужно од Македонија одма отидоа да просат по бел свет па дури и во Израел и Турција кај се не отидоа кога ги одјеба ЕУ, а ние сме во одлични односи со азиските земји па секако дека треба да се ориентираме кон нив, а курвите европски да ги откачиме полека полека.
 
Откривме нови континенти, сега ќе ги истражуваме

Отворена е дебатата за тоа дали на Македонија баш сега и треба да ги шири познанствата во Африка, Азија и во Јужна Америка или и е подобро целата дипломатска енергија да ја насочи кон Европа и само кон Европа. Но преовладуваат мислењата дека е добро што ѕиркаме и кон другите ќошиња на светот




Од средбата на премиерот Никола Груевски со Роберт Мугабе
Амбасадорот Зоран Јолевски предаде акредитивни писма во Мексико, земја што ќе ја покрива од САД, а Оливер Шамбевски од Кина ќе соработува и со Виетнам и со Непал. Никола Груевски, пак, е првиот македонски премиер што за само осум месеци трипати отпатува во Африка - прво во мај лани во Мароко се сретна со колегата Абас ел Фаси, потоа во декември присуствуваше на самитот ЕУ-Африка во Либија, а идната недела ќе оди во Каиро, на гости кај тридеценискиот претседател на Египет Хосни Мубарак.
Пет века по Колумбо и 250 години по Џејмс Кук, и Македонија почна да открива други континенти, освен својот и северноамериканскиот. Зачестените контакти со државите што досега ни звучеа како да се на друга планета ни ги донесоа неодамнешните признавања на уставното име од Сирија, Зимбабве и од Боливија во замена на нашата поддршка, дадена на резолуциите за Голанската висорамнина против Израел и за декриминализирање на коката во Боливија.

Каде е Македонија меѓу Африка и Европа?

Меѓу стратегиската ориентација за интегрирање во евроатлантските структури, поставена од нејзината самостојност, и новите партнерства и опции, кои нужно мора да се бараат поради блокадата со која сме соочени во тој процес. На оваа тема во јавноста може да се слушнат различни мислења во широк дијапазон, од тие дека треба да се следат интересите на земјата и дека интересите се вечни, не партнерствата, до оние што сметаат дека Македонија нема алтернатива на членството во ЕУ и во НАТО.
Негде помеѓу се и укажувањата дека квалитетната соработка со Русија, Кина, Турција треба да оди заедно со остварувањето на стратегиските приоритети за вклучување во НАТО и во ЕУ. И во тоа може да се успее. Пример за тоа е Србија. Официјален Белград, кој веќе се споменува како потенцијален лидер што ќе ги „влече“ земјите од регионот кон интеграциите, ги одржува традиционалните тесни врски со Русија, а работи на усогласување на политиките и со Вашингтон и интензивно соработува со Брисел.
Светот се менува. Пред две децении, кога падна Источниот блок, единствена водечка сила беа САД. Со текот на времето оваа слика се менува. Затоа на Македонија и е потребно дефинирање на интересите на подолг рок со други моќни држави, надвор од стратегискиот партнер САД, како што се Кина, Русија, Турција...

СЛЕДЕЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Познавачите на условите укажуваат дека пред да се преземат порадикални чекори во потрагата по алтернативи, мора да се направат сите обиди да се провери дали НАТО и ЕУ имаат вистински интерес за нашата земја и дали се подготвени да нé примат како - Македонци.

- Досега тие сторија многу непринципиелни чекори. Ако тврдоглаво продолжат со блокадите и со уцените, немаме што да бараме таму. Барем на краток рок. Ќе мора да се бараат алтернативни решенија. Со сила можеш да земеш, не можеш да (се) дадеш. Тоа важи и за овој случај. Разнебитувањето на македонскиот народ автоматски ќе ја направи државава - непотребна. Тоа не смее да се дозволи - вели дипломатот Ристо Никовски.

Според него, во реализација на националните и државните интереси не треба никој лесно и непотребно да се исклучува, како што вели „ниту Турција, ниту Сирија, ниту Мугабе, ниту неврзаните...“.

- Што мислите, зошто САД, речиси осамени, гласаа против Сирија во ООН? Поради принципи? Никако. Ги бранеа сопствените интереси. Тоа мора да го правиме и ние. Во секоја пригода. Пријателите и непријателите се менуваат. Интересите се трајни - укажува Никовски.

Дека интересите се пред сé укажува и професорката Билјана Ванковска.

- Земете ги, на пример, врските на Саркози со Гадафи или на САД со Саудиска Арабија, Узбекистан итн. Во политиката има малку простор за „избирање на друштвото“, туку работите се одвиваат на база на интерес. Не гледам никакво зло ако Македонија најде пазари за своите производи во земји што се платежно способни и претставуваат добар пазар - изјави Ванковска.

Македонија за некои чекори во надворешната политика се соочи со критики. Така беше со гласањето во корист на Сирија во ОН, поточно за Резолуцијата, која изрази загриженост што Израел сé уште не ја напушта Голанската висорамнина, потоа за средбата на премиерот Никола Груевски со Роберт Мугабе, претседател на Зимбабве, земја што се соочува со ембарго од САД и од Европската Унија.
- Интересно е што во нашиот јавен дискурс ќе се слушнат критики за некои дипломатски комуникации со земји од т.н. трет свет, но душегрижниците и „демократите“ едвај и да се згрозуваат над фактот што Македонија има одлични односи и со еден Израел, на пример - вели Ванковска.

Сепак, за да успееме да извлечеме максимум од надворешната политика заснована на пошироки алтернативи, услов без кој не се може е градење висококомпетентна дипломатија, едногласни се сите.
- За жал, ние го немаме тоа. Не е доволно да ги гледате лидерите што се ракуваат на некои самити - потребни се вистинска акција и реализација на можните планови за економска соработка. Се плашам дека и на овој план има многу импровизации, а малку конкретни резултати - смета Ванковска.

Зборувајќи за случајот „Македонија„, тоа што треба да се има предвид е дека суверенитетот и независноста на една држава, особено на малите држави, се огледаат во капацитетот да воспоставува меѓународни контакти на различни нивоа.

- Влегувањето во НАТО и во ЕУ не значи потчинување ниту губење на прерогативите на водење сопствена надворешна политика - категорична е Ванковска.

И ЕВРОАТЛАНТСКИ СТРУКТУРИ И АЛТЕРНАТИВИ

Остварувањето на стратегиските приоритети - евроатлантска интеграција на Република Македонија, не ги исклучува т.н. алтернативи, ако под тоа се мисли на квалитетна соработка со Русија, Турција, Кина и други земји, вели Мелпомени Корнети, поранешна амбасадорка во Турција, земја што е сé позаинтересирана за ширење на своето влијание на Балканот преку поддршка за земјите што биле под османлиско влијание.

Според неа, Македонија мора да ги следи своите национални интереси, а тие треба да се остваруваат со адаптирање на надворешната политика кон мултиполарната реалност на светот во последните години.
- Сепак, најзначаен елемент за постигнување напредок на државата, било кон евроатлантските интеграции или кон т.н. алтернативи, е јакнење на сопствениот капацитет во земјата, јакнење на стопанството и функционирање на институциите на системот врз поставените демократски основи, при што континуирано треба да се шири кругот на пријателски народи и држави - вели Корнети.

За да биде успешна надворешната политика, како што посочува поранешната амбасадорка, треба да се темели на повеќе предуслови.

Меѓу нив е продлабочување на соработката со соседите. Притоа соработката треба да биде особено во полза на економски и инфраструктурни проекти, врз база на прагматичниот принцип – ориентација кон резултати, како енергетска диверзификација и безбедност, преку поврзување на нашата земја со енергетските водови - нафта и природен гас од Кафказот, Русија, Блискиот Исток; изградба на транспортна мрежа – патишта и железница по коридорите 8 и 10 итн.

Следно што е важно е смирување на факторите и околностите под кои се разговара за разликите за името со Грција.

- Од голема помош за нашата меѓународна позиција, односно за преговарачката предност, е постигнување национален консензус за нашето уставно име. На тоа нé обврзува и ставот на јавноста, која мнозински се изјаснува за заштита на македонскиот идентитет низ името и јазикот - вели Корнети.

ГЛАВНИ СЕ ЕУ И НАТО

Во изминативе две децении, во Македонија не постоеше ниту едно посериозно политичко движење, партија или лидер што ја доведоа под знак прашалник евроатлантската ориентација. Сепак, поради дневнополитички потреби понекогаш силно се промовираа политики што беа целосно спротивни на декларираната стратегиска ориентација.

- И тука нема „невини“ во македонската политика - коментира Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за европски интеграции.

Точно е дека сме сведоци на промена на глобалните односи на моќ, оценува Боцевски.
- Подемот на „другите“, односно рапидниот економски и човечки развој на државите што беа на маргините на светскиот поредок, и покрај својата големина, укажува на тоа дека светот се менува. Најверојатно завршува униполарниот момент на САД, кој траеше од завршувањето на Студената војна, и светот полека добива мултиполарни облици, со еден изместен пол - САД - кои сé уште остануваат доминантна светска сила - вели Боцевски.

Сепак, и покрај сите овие глобални промени, Македонија не треба да си ја менува својата стратегиска рамка, а тоа е влегување во НАТО и во Европската Унија, и тоа поради неколку работи.
Прво поради заемните вредности.

- Македонија развива демократски модел и пазарно стопанство, па на вредносно ниво му припаѓа на западниот круг на држави. Секој поинаков избор нé става во друштво со чудни и извитоперени режими, а таму на Македонија не и место - вели Боцевски.

Втората причина е соголената анализа на моќ.

- Македонската географска позиција, способностите на нашата држава да ја проектира својата моќ, нé ограничува во нашиот избор на надворешнополитички опции, па европската и евроатлантската опција природно се наметнува - вели Боцевски.

Избор може да има Украина, Турција или Индонезија, заради тоа што нивната реална моќ го овозможува тоа, појаснува Боцевски, но секој македонски граѓанин е свесен за големината на нашите ресурси што диктираат и соодветна надворешна политика.

ИМАМЕ ЛИ СТОКА ЗА ТРЕТИТЕ ПАЗАРИ?

Како паралела на тезите дека ЕУ и НАТО се неопходни за нашиот економски опстанок, се постави прашањето дали можеме да ќариме некој денар од пријателствата што сега ги склопуваме.
- Секако дека можностите за тоа се големи, но треба да се направат добри анализи за нашиот настап на тие пазари. Да се увиди дали производите што би ги понудиле би постигнале доволно високи цени за да ни ги покријат трошоците, пред сé транспортните, но и доволно ниски за да бидат конкурентни. Има голем глад за нови производи во многу од тие земји, пред сé во Азија, каде што и стандардот расте. Нашиот удел таму за нив би бил многу мал, но за нас многу голем и значаен. Не очекувам многу од Јужна Америка, пред сé поради далечината, но Азија и Африка се добри шанси - вели професорот Томе Неновски.

И стопанските комори повикуваат да се засилат економските контакти со т.н. трети пазари. Мирче Черкеџи од Сојузот на стопански комори смета дека тие сосема би ни одговарале.

- Нашите главни партнери се пребирливи во однос на квалитетот, што значи дека некои продукти е подобро да ги нудиме на третите пазари. Технички проблеми поради далечината не постојат, видете само колку се увезува од Кина. Значи, како што стоките доаѓаат, така можат и да отпатуваат. Проблем се само контактите. Југославија ги имаше, но Македонија не ги одржа. Тие пазари не можат да бидат целосна замена за сегашните, но позитивно е што има волја за соработка - додава Черкеџи.

Но не се сите толкави оптимисти. Професорот Ванчо Узунов истакнува дека нашето стопанство нема капацитети за да освојува трети пазари.

- Нема причина да не соработуваме, тоа се интересни пазари. Но не ми е јасно што ќе понудиме. За сериозно учество треба да произведуваме големи серии стандардизирани производи. Тешко дека нешто може да се произведува кај нас на тој начин - објаснува Узунов.


Автор: Слаѓана Димишкова / Гоце Трпковски

Па и нај добра алтернатива е да се фокусираме кон Русија,Кина и Турција...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom