Пајаковите конци се многу јаки и не се кинат. Пајаците можат да произведат и до 200 метри долг конец. Хирурзите сакаат да ги искористат тие конци и со нив да ги обноват прекинатите нервни завршетоци кај луѓето.
Доколку во куќата имате пајаци или пак, во некој агол од собара видите пајакова мрежа веднаш ја одстранувате. Но, во научниот медицински центар на универзитетот во Хановер има неколку специјално уредени простории каде се одгледуваат 30 до 40 пајаци. Станува збор за пајаци од родот на јужноамериканскиот „Златно свилен пајак".
На медицинскиот факултет Хановер веќе подолго време работи и истражува Кристина Алмелинг. Веднаш до нејзината лабораторијата за пластична хирургија се наоѓа празна просторија со гранки високи и по неколку метри. „Во оваа просторија ги чуваме пајаците чија мрежа ја користиме. Во моментов тие имаат идеална големина. Покрај пајаците од родот ’златно свилен пајак’ во просторијата можат да се видат и до шест сантиметри големите тропски пајаци од видот ’нефила’. Овие два вида се од истиот род пајаци и добро се сложуваат. Тие овде имаат доволно простор и можат да ги ткаат нивните мрежи“, објаснува Кристина Алмелинг.
Пајаковите мрежи во просторијата се огромни. Некои имаат дури и по еден метар пресек. 30 пајаци се наоѓаат на гранките од едно дрво. Во средината на една исплетена мрежа лази еден пајак голем околу 4 сантиметри со тенки шарени нозе. Друг пајак од видот „Нефила“ виси на една гранка. Кристина Алмелинг внимателно го фаќа пајакот и го носи во соседната просторија каде се наоѓа една специјална машина наречена „вергла“.
„Ние не ги повредуваме животните, туку само ги фиксираме со помош на тенка газа. Газата пак ја притискаме со пинцета така што пајакот не може да мрда со нозете. Само задниот дел на телото на пајакот, со кој произведува конци, треба да биде слободен“, објаснува Кристина.
Исклучително цврсти, не предизвикуваат воспаление на ткивото...
Во задниот дел на телото на пајакот се наоѓаат жлездите кои лачат конци. Научниците со помош на пинцета се обидуваат да фатат еден конец, кој го лепат на машината. Машината, е всушност едно тркало големо околу 30 сантиметри. Кога тркалото почнува да се врти на тој начин ја вади мрежата од пајакот, која може да биде долга и до 200 метри. Пајакот произведува конци со една од неговите седум жлезди. Тој самиот не може да го контролира производството. Тоа значи, доколку научниците успеат со пинцета да фатат еден конец, тогаш може да се извлече максималната количина конци од пајакот. Тоа зависи од големината и дебелината на пајакот. Пајаковите конци се многу цврсти и не се кинат, затоа научниците од одделот за пластична хирургија решија да се обидат со нив да поправат оштетени нервни завршетоци.
Професорот Петер Фогт е раководител на клиниката за пластична хирургија во Хановер и тој смета дека пајаковите конци можат навистина да помогнат при „шиењето“ на нервите: „Пајаковите конци се многу цврсти, имаат особено мазна површина и што е од особена важност тие се природни, а не од вештачки материја. Доколку се направени од вештачки материјал тогаш постои можност да се скинат или пак, да предизвикаат некое воспалување во телото на човекот. Пајаковите конци се разградуваат по природен пат и не предизвикуваат воспалувања на ткивото“, објаснува професорот Фогт.
Незаменливи за спојување на прекинати нервни влакна и нивно повторно сраснување
Тој и неговиот тим сакаат да ги искористат пајаковите конци за лекување на пациенти, на кои при сообраќајна несреќа со моторцикл им се оштететиле нервите во пределот на рамењата. Тие немаат никакво чувство за осет во рацете и прстите, а нивното заздравување е сосема неизвесно, бидејќи нервните влакна не можат повторно да се спојат.
Пајаковите влакна што ќе се имплантираат во рамото на пациентот треба да им го покажат патот на нервните влакна за повторно да се спојат. „Шуплината на една вена, по правило од свиња, се чисти од нејзините клетки и на нивно место се вградуваат стотици пајакови конци. На тој начин пајаковите влакна им го покажуваат патот на прекинатите нервни влакна до другиот дел од прекинатите нерви и повторно сраснуваат. Доброто при тоа е што дури еден голем јазол од нервни влакна може да се ориентираат по пајаковите конци“, објаснува професорот Фогт.
До сега научниците направиле многу успешни тестови со овци. Следниот чекор би требало да биде со луѓе.
тука