Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Како шо ветив...следува извештај од дербито....
Победа на РК Битола во дербито со Металург Јуниор....
Е сеа за резултат не знам точен,зошто се играше без семафор.....:kesa:
Знам дека на полувреме кажаа дека резултатот беше 13-6....
Со оглед дека горе-долу беше истата слика и во вториот дел,победата е тука некаде од 5-8 разлика.....
За играта шо да се кажи..
Апсолутна доминација на Битола во прво полувреме...посебно во одбраната...
Око не им дадоа да отворат на бековите на Металург,крилата отсечени тотално,пикерот мрдаше чат пат...:jaj:
Во вториот дел,откако се зголеми разликата на 9,10 разлика,малку олабавија РК Битола во одбрана,често ротираа....па полесно даваа голови децата на Металург....
Апсолутно заслужена победа на Битола,во се беа подобри....
Феноменална партија даде средниот бек Фарук Мемиќ,еден куп гола даде,+ допринесе многу во одбраната...речиси без грешка изигра.....
Томе Георгиевски,десниот бек...прво полувреме одличен,во второ малку олабави....и одмараше доста...си ја заврши работата максимално....
Голманите на Битола одлични денес...преку 15 одбрани имаа најмалку......
За Металург шо да кажам,освен дека имаат доста да работат,посебно против екипи кои се поснажни на физички план..
Се изгубија денес во напад...повеќе беа на земја отколку шо играа....
И за крај,шоуто на тренерот на Металург-легендата Пепи Манасков...:kesa:
Барајќи виновник за поразот на својата екипа...се нафрли на судиите...и сакаше да го нашлака едниот судија по мечот,ама во последен момент беше спречен....
Немаше да му биди прв пат,да нашлака судија...:kesa:..
Треба да работи со своите играчи,не да го коментира судењето...кое објективно беше фер и коректно......
Немаа грешки судиите кои влијаеа на резултат,напротив толерираа предолг пасивен напад на Металург во прво полувреме....можеби Пепи се бунеше на грубата игра на Битола,ама ова е ракомет Пепииии не е кошарка бато..........не се младинска лига повеќе твоите дечиња...:smir:
Битола беше доминантна во секој поглед.......Заслужена победа...
На Шундовски син му го играја за Металург?
Значи во Металург Ј. на неколку наврати шо ги следев не ни го земаја да игра,а во Пелистер уште прва утакмица заиграВо Пелистер си го зеде синчето Звонко...:kesa:
Со Куманово прошлото коло влезе во игра во последните 5 минути.....
Значи во Металург Ј. на неколку наврати шо ги следев не ни го земаја да игра,а во Пелистер уште прва утакмица заигра,го свакам Звонко сака син му да успеј ама па сосила убајна не бидва,барем во РК Битола да го пуштеше на калење па таму ако се истакни слободно нека го земат за Пелистер вака аплата ја прат
Го гледав со куманово вака не ми изгледаше ич за пикер ај реков дека е некое крило па ова шундовски експериментира после некој кажа дека му е син на тренерот и тоа тука блиску седеве до шундовски и овај од страм одма го изваде бе само еден напда изигра после му свикавме тука ај вратиго дете сретоа е за џабе го кладе па го стави на крај едно 5-6 минути само во нападПретерва Звонко..ептен..
+ син му е пикер...а во Пелистер покрај Заре има уште двајца пикери-Папата и Зверо....
А рака на срце,детево на Звонко..според мене нема никакви предиспозиции за пикер..
Џабе ќе му држи место на некое друго дете во Пелистер...
Затоа пропадна Пелистер,од вакви работи....
Нон-стоп некој си форсираше некое свое дете.....еден куп таленти пропаднаа....
А и за опцијата да го пуштат во Битола,не вервам и таму да успее,,,,имаат двајца пикери тие кои се подобри засега од Звонко Јуниор....
Сепак греота е да го отпишвам детето пред време,млад е...18 години....ќе видиме шо ќе бидни од него....(можеби и грешам)....