Зошто пилето ја премина улицата?

  • Креатор на темата Креатор на темата асфалт
  • Време на започнување Време на започнување

асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
804
Поени од реакции
23
Барајќи по интеренетов на сосем друга тема, налетав на еден интересен текст, ако може така да го наречам, пошто е анкета. АМа анкета, праена по некоја аналогија.
Е сеа, прашањето е:
”Зошто пилето ја премина улицата?„
А испрашани се, не обични смртници, туку познати личности.

Учителка во основно: За да премине на другата страна.
Наставник по ОТО: За да биде учесник во сообраќајот.
Платон: За општо добро.
Аристотел: По природа им е на пилињата да ја преминуваат улицата.
Карл Маркс: Па тоа е историска неминовност.
Садам Хусеин и Слобо(корпорациски одговор): На тој без причински акт на агресија, мораме да одговориме со сите расположливи средства.
Роналд Реган: Заборавив...
Капетан Џејмс Т.Кирк (Star Trek): Храбро да оди таму, кадешто ниедно пиле пред тоа не отишло.
Макијавели: Поентата е во тоа што пилето ја премина улицата. Кому му е гајле зошто? Самиот чин што ја преминало улицата, го оправдува мотивот, каков и да бил.
Фројд: Самиот чин што воопшто прашувате зошто пилето преминало, ја открива вашата внатрешна несигурност.
Бил Гејтс: Microsoft самошто не го пушти во продажба новиот софтверски пакет Pile2004, кој не само што преминува улица туку и лежи на јајца.
Дарвин: После долг временски период, природната селекција морала да влијае на пилето, такашто они се генетски предодредени за преминување преку улица.
Ајнштајн: Дали пилето ја преминало улицата, или улицата се придвижила под нозете на пилето зависи од кој систем го посматрате случајот.
Буда: Со самото поставување на ова прашање ја негирате пилешката природа.
Ернест Хемингвеј: За да умре. На дожд.
В. Џ.Клинтон: И се извинувам на нацијата и на својата фамилија, и ветувам дека нема да се повтори.
Мартин Лутер Кинг: Го гледам периодот кога сите пилиња ќе можат слободно да ја преминат улицата, без притоа да објаснуваат некому кој е мотивот.
*** Воислав Коштуница: Јас немам добиено информација дека такво нешто се случило. Доколку добиеме, накнадно ќе добиете изјава.
Воислав Шешељ: Странските платеници и домашните предавници го исплашиле, па тоа морало да ја премине.


*** пошто текстот е преведен од српски, ставен е Коштуница, меѓутоа тука се сместени сите наши политичари.

Не е оригинално дело, али баш ме интересираат вашите импресии...

Извор: http://sto-posto-zabava.com/
 
Ајнштајн: Дали пилето ја преминало улицата, или улицата се придвижила под нозете на пилето зависи од кој систем го посматрате случајот.

ме насме ејј, има богами пуно бисери.
 
Хахха ... фаца се сите изјави :):)
 
Ајнштајн: Дали пилето ја преминало улицата, или улицата се придвижила под нозете на пилето зависи од кој систем го посматрате случајот.

овој е најцар жими се еј

Капетан Џејмс Т.Кирк (Star Trek): Храбро да оди таму, кадешто ниедно пиле пред тоа не отишло.

овој е второ место лооооооол

Буда: Со самото поставување на ова прашање ја негирате пилешката природа

овој трето место

а да прашале прилепчанец ке им рекол

''шо ме брига мене ебаго''
 
Да додадам уште неколку :)

Дедото: Во наше време, ние не прашувавме зошто пилето ја премина улицата. Некој ќе ни кажеше дека пилето ја преминало улицата, а тоа беше доволно за нас.
Стенли Лаурел: Извини Олио. Избега кога ја отворив вратата.
Гручо Маркс: Пиле? Што кревате толкава бука за едно пиле? Имав еден чичко што мислеше дека е пиле. Тетка ми за малку ќе се разведеше од него, ама и требаа јајцата.
Ричард Никсон: Пилето не ја премина улицата. Повторувам, пилето не ја премина улицата.
Папата: Само Господ знае.
Прилепчанец: Шо ми е гајле на мене, ебаго.
Оџеј Симпсон: Не ја премина. Игравме голф заедно.
Маргарет Тачер: Затоашто немаше друга алтернатива!
Дилан Томас: За да не се предаде и оди без борба во ноќта.
Зено: Да докаже дека не може да стигне до другата страна.

:pos: :pos: :pos: :pos:
 
LooooooooooooooooooooooooooooooooL .. И според ова заклучувам дека има стварно луди луѓе на светов :)
 
Princ напиша:
Да додадам уште неколку :)
Гручо Маркс: Пиле? Што кревате толкава бука за едно пиле? Имав еден чичко што мислеше дека е пиле. Тетка ми за малку ќе се разведеше од него, ама и требаа јајцата.
Папата: Само Господ знае.

:pos: :pos: :pos: :pos:

Najboljse se :)
 
хехеј Принц, добро е:))) корпорација:)))))
 
Охриѓанин: Ам скопјанишчава сигурно го префрлиле дотука за да ни мочат во езероно.
 
BRAVO BRAVO BRAVO za ova cista petka se zgaziv od smeenje :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom