Бугарија со нова провокација, пропагира бугарска парацрква во Македонија

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
по примерот на Грција и Србија со расколникот Вранишковски

DSC_0576%20_1600x1200_L.jpg




Иницијативата за формирање Бугарска православна црква во Македонија нема да ги задоволи црковните потреби на Бугарите, туку дополнително ќе ја разбранува состојбата во православниот свет. Вака експертите за верски прашања ги толкуваат заканите на Бугарскиот културен клуб до архиепископот г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, дека ќе побараат „БПЦ да ги возобнови своите историски епархии за илјадниците македонски Бугари што живеат на територијата на Македонија“.

- Кога Македонците во Бугарија ќе имаат своја Македонска православна црква тогаш и Бугарите во Македонија ќе можат да формираат Бугарска православна црква. Ова прашање е црковно, но иницијаторите во него сакаат да ја вовлечат и политиката. Можно е да се поднесе барање за формирање БПЦ во Македонија, но судот е тој што треба да ја одобри или да ја отфрли регистрацијата за таква црква. Тие може да формираат здружение, ама тоа нема да биде верска заедница - објасни Цане Мојановски, поранешниот претседател на комисијата за односи со верските заедници.

Тој додава дека пред неколку години имало случаи кога Македонци во Србија и во Грција барале да се формира МПЦ, но тоа не било поддржано од тамошните власти.

Од кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА велат дека сé уште официјално не го добиле писмото од Бугарскиот културен клуб, но дека Законот за верски заедници не дозволува основање на бугарската парацрква, каде што Бугарите од Македонија би можеле да ги остваруваат своите верски права.
Експертите нагласуваат дека Православната црква е помесна, што значи дека локалната православна црква во државата ги врши црковните обреди.

МПЦ-ОА има свои епархии во држави што не се православни, односно каде што главни религии се протестантизмот и католицизмот.

Барањето на Бугарскиот културен клуб беше дадено откако пред две недели г.г. Стефан даде изјава со која Јован Вранишковски, расчинетиот владика, го нарече „нова Спаска Митрова“.

Идејата за бугаризација на Охридската архиепископија изминатите недели е главна тема и на неколку телевизии во Софија, зашто Вранишковски, кој веќе девет години е на чело на ПОА, Охридската архиепископија ја претставуваше како бугарска. Очигледно е дека неговите изјави ги охрабриле бугарските националисти, за да го отворат прашањето за создавање нова парацрква во Македонија. Тие нагласуваат дека по распадот на Југославија, илјадници православни христијани од Македонија масовно почнале да ја возобновуваат својата бугарска етничка припадност, декларирајќи го своето бугарско потекло.
 
Глупи Словени, една запирка ќе ги раздели, ако реченицата им е иста.
Господи помилуј, има поголемо значење на бугарски, српски или македонски ?

За туѓи интереси само играат.
 
какви се глупости нема да направат за да не снема. више не се смешни туку се очајни, за жалење се...
 
Големиот проблем идва след 1918 година,когато Вселенската партиаршиja продава епархиите во днешна РМ за 1,6 милиона златни франка.
МПЦ сама се бласна во довар,кога стави след неja кратенката - ОА,но поглавара на МПЦ не прие титулата на охридскиja архиепископ и направи това скандалозно интерву со поглавара. Во едината православна црква има канонично призната наследница на ОА.
Целиот този проблем оди ком решаване на свеправославен црковно народен собор скоро време.
Не верувам БПЦ да трагне ком создаване на нови митрополии. БПЦ си има други проблеми и е фокусирана во САД за вракjaне на црковни обштини.
 
Добрососедски односи како услов...што ли беше тоа за Фуере и Брисел. Проклетници
 
Еве го и проблемното интерву на поглаварот на МПЦ против кое скокнаха.
 
веќе отрпнав на секојдневно провоцирање од татариве, незнам дали да обраќам пажња или да ги оставам, кучињата лаат карванот си врви
 
Е ако де уште тие фалеа што...
 
Пошто немам јутуб пристап, претпоставувам дека е ради ова
Барањето на Бугарскиот културен клуб беше дадено откако пред две недели г.г. Стефан даде изјава со која Јован Вранишковски, расчинетиот владика, го нарече „нова Спаска Митрова“.
заради ваква изјава се дава иницијатива за институционализирање на некоја странска параформација од црква во Македонија? Па според разни изјави од бугарскиот државен врв, разните институции, партии од Бугарија, па и овие состојби подолу
Идејата за бугаризација на Охридската архиепископија изминатите недели е главна тема и на неколку телевизии во Софија, зашто Вранишковски, кој веќе девет години е на чело на ПОА, Охридската архиепископија ја претставуваше како бугарска. Очигледно е дека неговите изјави ги охрабриле бугарските националисти, за да го отворат прашањето за создавање нова парацрква во Македонија. Тие нагласуваат дека по распадот на Југославија, илјадници православни христијани од Македонија масовно почнале да ја возобновуваат својата бугарска етничка припадност, декларирајќи го своето бугарско потекло.
Македонија требаше да отвори македонски цркви, џамии и синагоги низ цела Бугарија. Дури да го славиме и богот Перун.
Секогаш оправданијата се многу наивни. Не се ферма меѓународен суд, меѓународна потерница...али затоа може да се отвори туѓа црква само врз основа на вистинита изјава дека Вранчо е црвец/шпион во Македонија. Лоша не-добрососедска политика води Бугарија кон Македонија. А таман човек да поверува на искрените бугарски соседски односи оно се ќе укака.
 
Тој човек не заслужува ниту човек да се нарече (можеби амеба). Ако е за него и оние кои ја подриваат МПЦ и Македонија...у право е човекот. Нека си го гледаат тие бугари својот двор.
Баш така колега убаво му одговори на татарчево :pos2:

T
ој човек не заслужува ниту човек да се нарече (можеби амеба). Ако е за него и оние кои ја подриваат МПЦ и Абе Хан Аспарух Охридската Архиепископија била на ранг на Вселенската Патријаршија имала епархии дури на јужна Италија и Русија и ЕГипет Сирија Палестина па дури и и Македонскиот крал на Македонците и Бугарите Самоил бил устоличен од Охридкис Архиепископ учи историја Булгар.
 
Полошо од Татарин е побугарчен Македонец знаеш како ги Викал Константин Миладинов таквите Mакедоци? Туберкулозни пеперутки.

Cамо Русија ви е мајката да ве дисциплинира като во СССР.
 
Многу интересно зашто вака се интерпретира писмото. Никоj не зборува за парацрква или за нешто ново да се создава во РМ, а за апел ком БПЦ да возобнови епархии,само во случаj ако МПЦ се откаже от православни верници (без значение от нивната етническа припадност) на териториjaта на РМ. :toe:
Еве го и писмото.
http://bkks.org/docs/letter_stefan_18-01-2011.pdf
 

Хеее колку е само непристрасно напишано. Го сечам долниов ако не е од некој блгар пишувано.

... latest examples of base hate speeches by Archbishop Stefan suggest a closer relationship to the Ku Klux Klan than to any other Christian denominations worldwide." :tapp:

Идиотизам и ренесанса
 
Ова кој го пишал...фалсификатите ви станаа омилени дури и во одбраната на небулозите.
Others considered that the outrageous speech of Archbishop Stefan is further proof that FYROM continues to be dominated by a post-Yugoslav totalitarian socio-political system where dissenting opinions are punished by imprisonment, dismissal from work, public anathema, physical and psychological abuse. I think those opinions are correct.
Овој шизофреничар богати...бугарите имале во минатото демократски екс-систем а?
Стварно се идиоти тие што ова го пишале, а поголеми оние кои се повикуваат на истите. Секоја ви чест, па после зборете за добрососедство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom