Песна што вреди да се слушне

  • Креатор на темата Креатор на темата AnaMercury
  • Време на започнување Време на започнување
Го пронајдов Џеф Бакли сосем случајно барајќи ги каверите на песната Алелуја. Тврдам дека човекот го има направено најдобриот кавер на таа песна. Потоа веднаш му го спуштив албумот од 1994 година Grace и се воодушевив. Џеф Бакли е нешто како Џон Маер на 90-тите години, извонреден гитарист и пејач, штета што го загубил својот живот трагично и прерано во 1997 година. Мислам дека неговата музиа заслужува повеќе внимание. Ќе ви поставам две песни од него кои навистина ми се допаднаа од албумот Grace, и имате моја препорака да го преслушате цел.


 
Греота ваква тема да стои заглавена во историјата на форумов. Ајде да ја активираме. :)


Траката сум им ја препорачал на еден куп луѓе без разлика кој жанр го преферираат, и сите останувале без зборови. Феноменална аплифтинг транс трака, која е одлично искомбинирана со видеото. Парче за кое вреди да се одвојат 6 и пол минути од животот, парче на кое доколку се препуштите, ќе ве однесе во друга димензија.
 
Одлична песна од одличен човек, Далас знае да прави одлични ствари ама ова ми е една од must-hear песните од него .
 
Оваа песна првпат ја слушнав на филмот Zero Effect, тогаш кога го гледав гуглав по лирикс да ја најдам од тоа што ми остана во глава ама никако не можев да ја најдам во аудио верзија. Еве на некој му текнало да ја стави на јутуб па слушнете ја.
 
Греота ваква тема да стои заглавена во историјата на форумов. Ајде да ја активираме. :)


Чилс .. Прв пат ја слушам, одлична ! Да не сум офф, еве и од мене две легендарни, кога сме веќе кај жанров ..

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom