Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не може јазикот да е наречен дијалект. Едно е јазик, друго е дијалект.You won't be alone
Ме збуни филмот: на почеток ми беше бавен и досаден, ама како се развиваше приказната, стануваше поинтересен. Мислев дека е македонски, дека Macedonian пишува на торентот, ама ме збуни дијалектот на кој зборуваа: на моменти разбирлив, па малку тетовски дијалект, па звучеше како српски, за да има и сосема неразбирливи зборови кога зборуваше со старата вештерка. Морав да го вклучам англискиот превод, иако на моменти ми личеше дека преводот не ја дава суштината.
Ама па...
Откако го изгледав филмот прочитав за него: многу шаренолико друштво, глумци од цела Европа, режисерот иако Македонец, Австралијанец бил, кој пишувал сценарија на англиски, а јазикот е наречен стар македонски дијалект.
Овде така вели, дијалект:Не може јазикот да е наречен дијалект. Едно е јазик, друго е дијалект.
И мене ми заличи на влашки, ама не знам за сигурновлашки со по некој збор на македонски
Кога се обраќаше на некој од нашиве, зборуваше македонски, пример во сцената на почетокот со Камка, кога сакаше да и го земе бебето. Исто и со Сара кога разговараше. Нејзиниот внатрешен монолог, пак, беше целосно на влашки.Не може јазикот да е наречен дијалект. Едно е јазик, друго е дијалект.
Јазикот на кој Сара зборува е македонски, ама некој стар тетовски дијалект. Јазикот на кој зборува во главно вештерката Марија (актерката е Романка) е влашки со по некој збор на македонски (ми текнува крв го изговараше на македонски).
Не баш, збореше влашки и со Сара.Кога се обраќаше на некој од нашиве, зборуваше македонски, пример во сцената на почетокот со Камка, кога сакаше да и го земе бебето. Исто и со Сара кога разговараше. Нејзиниот внатрешен монолог, пак, беше целосно на влашки.
Скрос го имав истиов впечаток од кога го изгледав филмов, додека не го прочитав мислењето на @Zlatikevichius. Не знам дали тое е стварно поентата или ти така си го истолкува, ама како и да е ми го направи за дупло подобар впечатокот.Солиден филм што ми го задржа вниманието до крај, ама некако ми фалеше нешто во него, поголема длабочина, ептен плиток ми беше. Може и ја очекував премногу.
Искрено ја не видов ништо визионерско/револуционерно во филмов.
Не знам ни јас тоа. Ако не ни каже Столевски која му била замислата, никогаш и нема да дознаеме. Јас така го видов филмов.Не знам дали тое е стварно поентата или ти така си го истолкува, ама како и да е ми го направи за дупло подобар впечатокот.
добар е, 3.5/5Добар е и шпанскиот God's Crooked Lines на Пауло. Класична мистерија у негов стил, овојпат без класичен плот твист. Еден куп сплетки, мистерии, не знаеш на кого да веруваш.