F
Frankie Yale
Гостин
Не може да ти ја сменат мак адресата, секој мрежен уред има своја ЕДИНСТВЕНА УНИКАТНА мак адреса. Постојат програми кои преку windows или linux емулираат друга мак адреса но ЛЕГАЛНО не треба да се користат.
1. Дали рутерот ти е безжичен?
2. Ако ти е, дали имаш ставено заштита (wep/wpa/wpa2) на безжичниот интерфејс
3. Ако и на тоа одговорот ти е да тогаш смени го
Ако пак имаш проблеми постојат 3 опции.
1. Ако се поврзуваш безжично може некој да ти го снифа сообраќајот што го правиш безжично, ти го пробил пасвордот на рутерот и ја користи твојата конекција ПРЕКУ рутерот.
2. Кејблтел имаат често проблеми со опремата и ти измислуваат разни изговори зошто не можат да се справат со тоа моментално (не им е ни прв ни последен пат да го направат тоа).
3. Некој близок што ти седел на компјутер што се разбира повеќе ти ја собрал мак адресата и ја емулира од кај него и ти го троши интернетот или имаш спајвер или слично што некој го користи за да дојде до тие информации што ги сака (во моментов мак адресата). А може и некој спајвер си прави upload/download во позадина што ти не го гледаш па тој да ти го успорува.
Според мене најверојатно е под точка 1 или 2 зошто никој не се замара до толку за да краде интернет денес. Најчесто кога се преполовува брзината не е до тебе туку е до провајдерот.
Друга работа што би требало да провериш е дали ти е уклучен торрентот и дали ти прави upload, ако е уклучен и ако ти прави исклучи го и види дали ќе ти се подобри брзината. Исто така можно е да е и до проблем со рутерот, тргни го и види ден два дали ќе ти работи како што треба те. поврзи го директно модемот со компјутерот, а на рутерот дај му одмор од некој ден. Ако пак ги имаш истите проблеми, тогаш 95% е до провајдерот и кажу му да не те дупи, ако ги немаш истите проблеми тогаш или рутерот не добар или е тоа под точка број 1 те. некој ти се поврзува на рутер.
Може, ептен е лесно и јас сам ја сменив вчера преку mac spoofing и им се јавив да ми ја упдејтираат конекцијата, добив брз интернет кој траеше едно два саати па пак падна. А рутерот не ми е бежичен така да најверојатно ме дупат :S А уплоад спид на битторент ми е 1

--- надополнето ---

Ова е моментално мојата брзина, а вчера едвај 5мбпс беше така да појма неам што се дешава. Ми викаат дека некој ми краде нет а не е преку рутер зошто се уште некој прима нет и кога ми е исклучен, ја проверив кутијата, никој не ми краде преку кабел така да некој краде директно од нив, но тогаш зошто само јас имам вакви проблеми... WPA и WPA2 се за WiFi колку што знам мене ми е Asus RX3041 и не е wireless...
--- надополнето ---
се сложувам со него и ќе го надополнам неговото мислење...
такви зезанции има кај кабловскиот интернет затоа што на една IP адреса уклучуваат повеќе хостови (корисницни на интернет) и како бројот на корисници се зголемува така ослабува сигналот во таа мрежа.
затоа фино лепо ќе си земеш ADSL и да си немаш гајле. поскап е ама барем ти гарантираат брзина, стабилност и нормално авторизација на таа конекција, односно дека само ти и никој друг не се уклучува. сеа постои и тука можност некој да се уклучи на твојата конекција ама проблемот многу полесно ќе го решат овие од T-Home отколку каблашиве кои појма немаат кој краде во таа мрежа, а таа мрежа може да биде цела зграда или населба...
Лесно е да се каже, ама каблетел ми дава 200 гига интернет, кабловска, дигитална и фиксен за 1000 денари месечно... Кај t-home е 3000 а Македонија е ова
