- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.046
- Поени од реакции
- 16.576


Од 13 до 30 Јануари во осум градови во Шведска, ќе се одржи 22 Светско првенство во ракомет..
Ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во 4 групи од по 6 тима...овојпат без нашата репрезентација, која на последното Светско во Хрватска го освои 11 место, најголем успех до сега..
Во А групата, натпреварите ќе се играат во два града, Лунд и Кристианстад...а учествуваат :
Bahrain
Egypt France
Germany
Spain
Tunisia
Главни фаворити за првите позиции, а и воедно главни предендети за титула се Франција, Шпанија и Германија, за последното место кое води во 1/2 финалната фаза ќе се борат репрезентациите на Египет и Тунис, Бахреин мислам дека и нема некои посебни шанси.
Б група, и во оваа група натпреварите се играат во два града, Норчепинг и Линкепинг(бар така мислам дека се пиши на наше

Оваа група и не е толку атрактивна како што е групата А, но така сакаше ждрепката.
Учествуваат:
Austria
Brazil
Hungary
Iceland
Japan
Norway
Во оваа група и нема некоја посебна репрезентација која може да се дели од другите, ако не нај атрактивна, ама најнеизвесна може да испадни на крај..за мене Норвешка е прв фаворит, послем следи Исланд, па Унгарија, за четврто место би требало да се борат Бразил и Австрија, за Јапонија и немам некои познавања.
Група Ц, натпреварите се играат во Малме и Лунд..а учествуваат:
Algeria
Australia
Croatia
Denmark
Romania
Serbia
Очигледно е кои четири екипи ќе играат во 1/2 финалната група, мислам далеку се понапред од репрезентацијата на Австралија која личи, и е Аматерска, Алжир има некој квалитет, ама мислам дека неможи да им парира на Хрватска, Данска, Романија, па и на Србија.
Интересни ќе бидат дуелите помеѓу соседите Романија-Србија, Хрватска-Србија, а и дуелот на едни од фаворитите за титула Данска-Хрватска.
И групата Д, последната група на шампионатот, единствена група каде натпреварите ќе се играат во еден град(Го(е)тенбург), вероватно е тоа така бидејќи во оваа група е домаќинот, репрезентацијата на Шведска.
Покрај домаќинот уште учествуваат и:
Argentina
Chile
Korea
Poland
Slovakia
На изглед не толку атрактивна група, во прв план се домаќините, послем нив следуваат Пољаците, Кореа, која едно време беше многу силна, сега незнам со што располага во тимот...за четврто место би требало да се борат Аргентина, Чиле, Словачка, најголеми шанси давам на европската репрезентација т.е Словачка.
Шампионатот го отвара репрезентацијата на домаќинот, против Чиле на 13 Јануари во 20.15 часот.
Финалето и мечот за бронзен медал се играат на 30 Јануари во Малме.
Мој фаворит т.е репрезентација која ја симпатизирам е Хрватска, скоро во сите репрезентации е промена на генетацијата и се очекува интересно првенство...без некој голем фаворит.