Светско првенство |Sweden 2011|

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.046
Поени од реакции
16.575
logo.png
0_Logo%20SWE%202011.jpg

Од 13 до 30 Јануари во осум градови во Шведска, ќе се одржи 22 Светско првенство во ракомет..

Ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во 4 групи од по 6 тима...овојпат без нашата репрезентација, која на последното Светско во Хрватска го освои 11 место, најголем успех до сега..

Во А групата, натпреварите ќе се играат во два града, Лунд и Кристианстад...а учествуваат :
Bahrain
Egypt France
Germany
Spain
Tunisia

Главни фаворити за првите позиции, а и воедно главни предендети за титула се Франција, Шпанија и Германија, за последното место кое води во 1/2 финалната фаза ќе се борат репрезентациите на Египет и Тунис, Бахреин мислам дека и нема некои посебни шанси.


Б група, и во оваа група натпреварите се играат во два града, Норчепинг и Линкепинг(бар така мислам дека се пиши на наше:))

Оваа група и не е толку атрактивна како што е групата А, но така сакаше ждрепката.
Учествуваат:
Austria
Brazil
Hungary
Iceland
Japan
Norway

Во оваа група и нема некоја посебна репрезентација која може да се дели од другите, ако не нај атрактивна, ама најнеизвесна може да испадни на крај..за мене Норвешка е прв фаворит, послем следи Исланд, па Унгарија, за четврто место би требало да се борат Бразил и Австрија, за Јапонија и немам некои познавања.


Група Ц, натпреварите се играат во Малме и Лунд..а учествуваат:
Algeria
Australia
Croatia
Denmark
Romania
Serbia

Очигледно е кои четири екипи ќе играат во 1/2 финалната група, мислам далеку се понапред од репрезентацијата на Австралија која личи, и е Аматерска, Алжир има некој квалитет, ама мислам дека неможи да им парира на Хрватска, Данска, Романија, па и на Србија.
Интересни ќе бидат дуелите помеѓу соседите Романија-Србија, Хрватска-Србија, а и дуелот на едни од фаворитите за титула Данска-Хрватска.


И групата Д, последната група на шампионатот, единствена група каде натпреварите ќе се играат во еден град(Го(е)тенбург), вероватно е тоа така бидејќи во оваа група е домаќинот, репрезентацијата на Шведска.
Покрај домаќинот уште учествуваат и:
Argentina
Chile
Korea
Poland
Slovakia
На изглед не толку атрактивна група, во прв план се домаќините, послем нив следуваат Пољаците, Кореа, која едно време беше многу силна, сега незнам со што располага во тимот...за четврто место би требало да се борат Аргентина, Чиле, Словачка, најголеми шанси давам на европската репрезентација т.е Словачка.




Шампионатот го отвара репрезентацијата на домаќинот, против Чиле на 13 Јануари во 20.15 часот.
Финалето и мечот за бронзен медал се играат на 30 Јануари во Малме.


Мој фаворит т.е репрезентација која ја симпатизирам е Хрватска, скоро во сите репрезентации е промена на генетацијата и се очекува интересно првенство...без некој голем фаворит.
 
Од што сме несериозни испуштивме настап на првенствово, ќе се изедам од што ми е криво али ај :tapp: Памет за друг пат.

Фаворити ми се Хрватска и Франција а за земја што ќе ги има моите симпатии на првенствово тоа е сепак Хрватска, одлични ракометари кои посакувам да се закитат со злато.
 
Французите мисам дека не прават некоја смена на генерации.На припремниот турнир во Париз ги гледав мање-више истиот состав е.Носители на играта сеуште се Омејер,Карабатиќ,Абало,Жил,Фернандез.....Приметив еден нов црнец на крило им игра,другите се истите.Хрватска има проблем со повреди,а некоја драстична смена на генерации нема кај нив.Секое првенство никнуваат 2-3 ниво играчи па така имааат и континуитет и нема некои драстични подмалдувања.За другите репрезентации не знам баш како стојат со смените,но сепак најголеми фаворити се Хрватска и Франција.Данците и Шпанците можат да направат нешто и да се квлучат во трка за титула.Исто и Полјаците секое првенство се јаки.
Бидејќи сум Хрват лесно е да се одлучам за кого ќе навивам и би сакал пак финале Хрватска - Франција да им се реваншираме на Французите за последниве 3-4 години.
 
Кога гледам кој репрезентации ќе играат а ние не... kill!

Инаку, ќе бидам за Хрвативе, симпатиите ми ги освоија со пријателскиот однос кон нас на СП пред две години. Иако Балиќ ми е одвратен, имаат јак тим, ем млади ем искусни ракометари.
 
Едвај чекам да почне. Квалитетен ракомет немам гледано...па од поодамна, фаќам чат-пат нешто од лига на шампиони ама немам многу пратено...Ова ќе си го гледам комплет :)

Мој фаворит ќе биде Хрватска, пред се затоа што од секогаш сум навивал потајно за нив, кога ние не сме таму :), а и за тоа што во другите репрезентации мислам дека има поголеми смени на генерација, па ќе се снајдат потешко. Е сега, што се однесува до Хрватска, најголемиот проблем ќе им биде тоа што селектор им е Славко Голужа. Ако тој успее да воспостави авторитет и дисциплина меѓу играчите, тогаш ќе немаат проблем, но ако го гледаат како другар и колега, што до неодамна им беше, постои опасност многумина од играчите да посакаат да се прават главни и да резултира со лоша тимска игра.

Од другите, Шпанија, Данска, Франција се секогаш меѓу најдобрите и очекувам дека и годинава ќе биде така. Сепак, мислам дека француската доминација ќе биде прекината и ќе има нов шампион во ракометот :)
 
коа глеам и јас кој репрезентации ќе играат не да ми се плаче, та и во голема нужда ми се иде.... али тоа е...политиката на чичковците од ехф за развој на ракометот во неразвиените земји (читај - земји што немаат леб да јадат) и начинот на квалификации нив ги носи на големите натпреварувања, а некои ко нас ќе навива за хрватска..ок.
до некаде и самите сме си криви за судбината, редно е да се освестат рфм и запрашаа зошто немаме тим за големо натпреварување?!?

ќе навивам за хрватска, втор фаворит ми е германија...а пред се’ сум за добар атрактивен ракомет да гледаме....а каде ќе гледаме?
 
коа глеам и јас кој репрезентации ќе играат не да ми се плаче, та и во голема нужда ми се иде.... али тоа е...политиката на чичковците од ехф за развој на ракометот во неразвиените земји (читај - земји што немаат леб да јадат) и начинот на квалификации нив ги носи на големите натпреварувања, а некои ко нас ќе навива за хрватска..ок.
до некаде и самите сме си криви за судбината, редно е да се освестат рфм и запрашаа зошто немаме тим за големо натпреварување?!?

ќе навивам за хрватска, втор фаворит ми е германија...а пред се’ сум за добар атрактивен ракомет да гледаме....а каде ќе гледаме?
Види, таков е начинот на квалификации, никој не ни е крив што сме во Европа, и што сме лабилна репрезентација и што еднаш во десет години учествуваме на некое големо натпреварување и што немаме некоја стратегија во спортот, не само во ракометот, туку општо во секој спорт кај нас...

...преноси ќе гледаме вероватно по странските телевизии, јавниот сервис нема да пренесува, тоа е со сигурност...ХРТ2, Спорт 1(екс ДСФ), би требало да бидат опција.

распоред на здф
 
Не следам баш ракомет али ме интересира ова: Зошто ние не учествуваме? Не сме влегле при квалификации, или сме изгубиле на бараж? И слушнав пред неколку дена дека жените требале да играат бараж со Шпанија за да идат на светско. Што се деси со тоа?
 
Јас сум за Хрватска(до крај)Ивано Балич фан
али овие французите се повторно фаворите...
не можам да верувам дека ниедна Тв не пренесува Светско првенство..цц
 
Алжир,Чиле,Бахреин што е ова бре :pos2: како може нестабилни толку да бидеме да не идеме на вакво првенство али тоа е тоа ајде нареден пат :) се знае како 2 џокер останува Хрватска на чело со И.Балич со среќа Хрватска
 
Е па кога сме дрва и една Литванија не можиме да ја победиме..и тоа во пред-квалификациии...кој ни е крив...
А овие земји...од калибарот на Бахреин и слична боранија..се само за декор...затоа ЕП е секогаш поквалитетно,зошто играат најдобрите репрезентаци...
Единствено изненадување е елиминацијата на Русија во баражот....Романците се покажаа како доста силен тим,и сигурно ќе имаат што да кажат....
Фаворитите се знаат-Франција на прво место,па потоа Хрватска,па сите останати...
Очекувам конечно Шпанците да заиграат како шо знаат,последните неколку големи натпреварувања ги преспаа....Полска е репрезентација,која може до самата завршница...Србија очекувам да блесне на овој шампионат..имаат есктра силна репрезентација....
Германците имаа смена на генерации,и кај Данците полека се чувствува тоа...ќе видиме како ќе се снајдат.
На Унгарците секогаш мора да се смета...Исланд,Норвешка....
Швеѓаните имаат млад тим...ќе играат на домашен терен,па се очекува висок пласман...штета шо им се повреди Маркус Алм,и нема да настапи....

Според мене..две места во полуфиналињата... веќе се резервирани за Франција и Хрватска,се бараат останатите два патници...
Како и да е...ќе гледаме супер ракомет(штета шо ќе нема кај да гледаме).:kesa:
Да ти се плукнам и во телевизии и во се....туку ќе треба да прекинат со турските и индиските срања..кој е будала да гледа ракомет...:nesvest:
 
За прво место мислам ќе се борат некој од Полска,Франција,Шпанија или Германија незнам но Хрватска не ми делува некако супериорно смена на генерации се од постарата сите се во години едино Балич и Лацкович е добар не игра Чупич а од помладиве едино Дувњак е добар.
Германија има добра млада селекција со добар тренер и мислам дека можат да бидат јаки како порано тука е и Шпанија на голот Штербик највероватно ќе игра и Наџ немам информации дали ќе игра имаат играчи во Суидад и Барселона добри и мислам дека ќе бидат добри.Полска како и секогаш имаат добар тим мислам ќе земат ваа година медал.За Франција нема што да се зборува истиот тим што правеше партал на минатите дали светски дали европски првенства мислам дека и оваа година се најголеми фаворити да бидат први на голот Омејер и играчи како Карабатиќ,Нарцис,браќата Жил..јака одбрана како и секогаш играат не примаат голови а реализираат во напад и тоа е тоа.
 
Не можит а да не се нервираш кога ќе видиш кои репрезентации се пласираа на СП а Македонија не.

Мои фаворити се Франција и Хрватска, со малку поголеми симпатии кон Хрватите.
Очекувам финале помеѓу овие два тима.
Исто така очекувам Германија да се вмеша во борбата за медали(трето место).
 
За Полска ќе си навивам на ова СП, само да имаше уште преноси на некоја наша ТВ...:jaj::tapp:
 
За прво место мислам ќе се борат некој од Полска,Франција,Шпанија или Германија незнам но Хрватска не ми делува некако супериорно смена на генерации се од постарата сите се во години едино Балич и Лацкович е добар не игра Чупич а од помладиве едино Дувњак е добар.
Немаат некоја смена на генерации,т.е ниту еден играч не е сменет.Само кај голманите Шего и Пешиќ почнаа да бранат место Лосерт.Лино добра политика тераше што на секое првенство по 2-3 млади играчи добиваа шанса малку по малку,па немаат сега некој проблем со смена на генерациите.Поради тоа и имаат континуитет од 2003 до соге со резултатите.Првата сменета генерација уствари беше Голужа,Матошевиќ,Јовиќ.....,па следуваа Метличиќ,Доминиковиќ,Шпрем,Џомба,па сега лека полека Балиќ и Лацковиќ ќе си заминуваат.Нема драстични промени,секое првенство 1-2 постари идат во аут.
Иначе Штрлек е добар од помладите.Исто и голманите се добри.Лацковиќ и Балиќ не се престари.Имаат по 31 година,уште едно големо првенство за да покажат што знаат.А Лацковиќ игра одлично во последно време.Вори најдобриот пикер на светот е таму,Дувњак најскапиот ракометар на светот,Гојун на СП во Хрватска најдобриот дефанзивец на турнирот,а тек 24 години има,Копљар,Валчиќ.....Е сега проблем им се повредите,но сеуште се едни од фаворитите.Со повредите освен Чупиќ,на чие место игра солидниот Зрниќ се највеќе осакатени што нема да имаат толку доблга клупа.Вукиќ и Хорват посебно ќе фалат.Сеуште имаат пресилна репрезентација.Можеби нема некое звучно име,но тие што доаѓаат од Загреб се доста добри и во комбинација со Лацковиќ,Дувњак,Вори и Алиловиќ прават страшна екипа.Ако се земе во обзир дека повеќето или се соиграчи во клубовите и играат со години во репрезентацијата заедно доста добар и уигран колектив прават.Сепак останува да видиме,ова е можеби најизедначеното првенство до сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom