Светско првенство |Sweden 2011|

Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е точно.Уште идната година на ОИ и на ЕП,после тоа ќе останат при врвот,но ни близу нема вака да доминираат.Жил браќата,Фернандез,Омејер,Динарт,Нарцис...се се тоа играчи од 32-36 години.Кај и да е ќе испуштат душа тие.Сепак остануваат на Абало,Карабатиќ,Гигу,Бараше,Акамбре.Со овие играчи ќе бидат уште сила и главен фаворит на секое првенство,но нема ваква доминација да имаат.

Тоа е точно, може нема да се толку доминантни, ама секогаш ќе се борат за тронот.. И сега имаат 2-3 млади од 20 и нешто години, кои се топ, Карабатиќ има 26 и сигурно наредните години ќе излезе уште некој врвен играч..
 
На голманската позиција имаат солидна замена,но не е како Омејер.
Жил браќата со 33 и 35 години тешко дека имаат уште 3-4 години пред нив.1-2 да,3-4 е многу.На врвно ниво да играат на 39 и 37 години тешко.Бертран е одличен играч,во нападот солиден,се движи добро и доста добри позиции си има на линијата,а во одбрана не верувам дека има повеќе од 3-4 играчи кои можат да сопрат човек како што он може.Нарцис кога ќе се повлече ќе биде загуба.Имаат класа бекови млади,но Нарцис им дава ширина,без него кога ќе остане се на помладите нема да имаат толкав избор на бекови.А и подобар од нив во нападот според мене.Скок како него нема никој.Динар во одбраната ќе им биде голема загуба.Ќе имаат и без нив тим кој ќе биде фаворит на секое првенство,но нема да бидат вака доминантни.
За Онеста апсолутно се согласувам не само самодовербата,туку и како ја поставува играта.Никој не игра одбрана како Франција,што се должи доста и на играчите,но и тренерот тука има голема заслуга.Плус континуитетот што го одржува.Еве и овие кога ќе се повлечат пак има играчи.Тоа е уствари и предноста на Франција над Хрватска првенствено.Хрватска во малдите категории растура,вади едни од најдобрите играчи на свет,но голем дел од нив се губат во тоа срање лигата што ја имаат.Французите имаат солидна лига,со 2 врвни клуба.Хрватска само 1 Загреб,а свињата Гобац ги докрајчи сите останати.А башка што многу го форсираат подмладувањето.За разлика од Французите кои фураат играчи се додека не ги искористат максимално,а убацуваат по некој млад цело време.Па еден Шпољариќ со 31 година,Доминиковиќ 32,Лосерт 34,Метличиќ 35,Шпрем 31,Сомиќ 32-3,Сулиќ 31-32..... ги нема.Квалитетни играчи кои особено во одбраната можат доста да придонесет,а не се викаат.За тренер да не зборам.Мислев дека нешто ќе биде од Голужа,ама стварно типот разочара.Штета што нема да го сменат.....стварно штета,а имаат и неколку други солидни тренери кои можат одлично да водат вакви играчи.
Швабите менуваат генерација,тек за година-две треба да ги видиме.Данците се пробиваат на врвот.Хансен и Ландин се малди играчи од светска класа кои ќе ја водат репрезентацијата.Шпанците се добра екипа која ќе може да се спротистваува на Французите.Хрватска,Данска и Шпанија.Тоа се екипите од првиот ешалон и според мене единствените кои можат да и се спротистават на Франција.


Околу Хрватска...
Точно е...Гобац е можеби пропаста на Хрватскиот ракомет...
Едноставно човекот прави дар-мар во ракометот...менува селектори....кажува кои играчи да играат...уништува клубови...
Сигурно ти текнува на скандалот со Метковиќ Јамбо....
Мизерија...
Добро си ги спомнал тие постари играчи,Шпољариќ,Доминиковиќ,Сулиќ беа Срцето на таа ГРАНИТНА ОДБРАНА на Лино...одбрана која ги красеше години наназад..
И сега не заслужуваат ни повик за репрезентација?
За еден Перо Метличиќ шо да се кажи?Го шутнаа од репрезентација..демек бил стар...:tapp:
Па човекот и со 35 години во џеп ги носи и Бунтиќ и Копљае заедно...
Тука е проблемот на Хрватите,шо прерано се откажаа од своите стари волци,волци кои сеуште можеа да гризат и да ја носат репрезентацијата напред...
Гобац на сите им го покажа патот...
Затоа и Лино се повлече,премногу му се мешаа во работата...
Голужа е само марионета на некои поголеми моќници...
И Балиќ се замери нешто со Гобац,еве еден добар текст...
http://www.hrsport.net/kolumne/411446/juris/ivano-je-sveta-krava

Се е кажано....:jaj:
 
Карабатич го прогласија за МВП, а го нема во идеалната постава .. :sport2:

Голман - Омејер (Фра)
Бекови - Хансен (Дан), Додер (Шве), Петерсон (Исл)
Крила - Тветен (Нор), Зрнич (Хрв)
Пикер - Жил (Фра)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom