RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
(инспирирано од Братислав Димитров и Венко Андоновски)....
Мал вовед кој може значи, а може и ништо не значи. Во Македонија, интелектуалец е збор кој се користи на големо, додај го до твоето име и побогу добиваш нешто навидум на легенда, човек со супер моќ, нешто вонземско, ма што разбираме ние кутрите, интелектуалците се тука да ни средат се. Што би рекол Братислав, во нормални земји луѓето имаат професии, кај нас , за жал се има, само тоа го нема. Имаме интелектуалец кој може евентуално да премине во повисок ранг наречен, експерт. Тоа е врвен дотрел на кариерата.
Тамана ќе помислам дека на вести освен човечка глупост нема ништо друго интересно за гледање, а ова првово некако станува здодевно...тадаам...просветлувачка мисла: Во Македонија секоја будала може да биде што сака! Болно, но вистинито.
Во Македонија, Асанж го има на секој чекор, Хопкинс е мачкина кашлица, а Агата Кристи пишува лесно разбирливи романчиња. Имаме системски проблем од раѓање, ама кој да сфати. И тоа од две причини. Или капацитетот ни е културно кажано скромен (црпката не ни фаќа) или секој втор ама баш го заболе за тоа што се случува. И нема бегање или сте едното или другото.
Веројатно таму некаде кога со бастун ако се смилува животот ќе ги крепам нозеве, внуците безгрижно ќе ме облетуваат со прекрасни прашања. Бабо, што е тоа експерт? Озбилно 20 години си живеела во транзиција, уствари што е тоа транзиција? Јас на тоа ноншалантно му одговарам, сине не седи на бетон ќе настинеш, батали тоа длабоко духовните прашања. А како поинаку да го откачам?
Наш единствен проблем е што намерно грешиме. До калапот и воспитувањето е. Иначе ваков пропаст и лева рака десен џеб не може да се објасни. До ќудта, до мнението, акалот, паметот, како сакаш кажи ги, е до тоа е. Ако не беше така, немаше да се вртиме во круг, некој нешто ќе сменеше. Не научивме што е вредност, како се поправа грешка и зошто е подобро да мислиш за колективното добро, мислам дека нема да научиме ни тогаш. Ако имам дете во меѓувреме таму до 2020 може ќе излезам шовинист и мачител но сериозно планирам да му ја вметнам совеста во глава, макар што за него тоа може и да не излезе најдобро. Секако годината не е битна, истото ќе го правам и во 2030 и 2040. Не за друго, може системсково погрешно воспитување ќе почне да се менува. А се почнува од дома. Кога домашните посвесно би кревале на нозе семејство, не би отишло сето ова јабана. Наместо по паролата, глеј си ти за себе, треба да се оди по паролата, создади подобра околина за себе и за другите, оти така на сите ќе ни биде подобро. Секако моиве гледишта се незамисливи во пракса, тертипот ние не го мењаме нит го даваме, исто како името.
Чудно ама во 2020 година, Македонија не ја гледам. Не знам дали не догледувам или нејќам да видам, ама тоа и не е важно. Ако смеам да прогнозирам, ќе речам статус кво. Исто ко вчера, ама баш исто и ко денес. Само со многу помалку паметни луѓе. На секого кога тогаш му здосадува лет во место.