Како нашите новинари пишуваат ТВ колумни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.412
Поени од реакции
6.017
Пред ден-два си седам јас опуштено пред ТВ и гледам АБ Канал, интересна емисија, добри репортажи, добри ставови, сфаќања за современиот свет и нешта што го засегаат современиот човек...

Но ова би била прекрасна идила се додека не налетав на ТВ репортажа за која беше речено дека е напишана од една наша новинарка, колумнистка. Пазете, колумнистка! Се работи за репортажа на тема: Влијанието на турбофолкот во Македонија.

И ја ислушувам јас докрај, ми се виде интересно и почнав да коментирам за тоа колку типкава е во право. Па ми текна дека на кајгана нашиот модератор имаше отворено слична ваква тема и отворам тука. Темата е отворена уште на 7 јуни, 2010 година и имаше интересна дискусија за тоа како турбофолкот влијае на театарот, па сакав да се потсетам и прочитав неколку мислења, најпрво воведното па стигнав и до моето.

И? Погледнете го , прочитајте ги постовите на Стар Почетник и мојот пост. Па можеби забележувате некои сличности?
Од збор до збор украдени реченици, сосема малку нашминкани, но доволно за да си ги препознаам сопствените зборови од пред неколку месеци.

Ако натака тера македонското новинарство и македонските телевизии не знам зошто воопшто се трудиме да зборуваме за морал. Малку е апсурдно? Не, многу е иронично!

Па да крадат идеи мисли итн. ама мора да се разбере луѓето работат за пари и сега се наоѓаат под притисок што како и тука интернетот е да го реши проблемот. Мене лично не ми пречи и тоа имам забележано на два три пати нешто што јас ќе го истресам како некоја глупост и некој мисли којзнае колку е тоа паметно па го копира. А и не гледам телевизија се по некоја космичка случајност се погаѓа да забележам, еднаш дури и ми се случи онака гледам и ииииииииииии па тоа е мојата мисла моја идеја оригинално од никаде копирана, ама не ми пречи најискрено тогаш мислам дека вреди тоа што сум го изнел....
 
Прво Walker ти честитам за храброста и упорноста, се разбира дека овој не е прв случај, меѓутоа повеќето од нас ќе си речат ајде бе чудо големо, е па кога ќе размислиш и не е баш така. Квази новинаркава искористила голем дел од постовите, и се испаднало супер, кога ќе знае дека се е супер, утре ќе го направи истото и секоја наредна колумна ќе биде пост од Кајгана.
Прво мислам дека го крши самиот кодекс на етика на новинарите и кради туѓи текстови, ама ајде ќе си речиш во Македонија се е извртоперено па не ни знат новинарите што е кодекс на етика, меѓутоа најстрашно е што кради пазаете КРАДИ, јас колку што знам овој збор означува кривично дело. Најмалку што може да направеше е да го кажеше изворот на информацијата за колумната кој тогаш ќе и речеше нешто, па дури мислам дека и walker и Стар почетник, ќе беа среќни затоа што потоа некој ќе се заинтересира па ќе оди и сам ќе најди други постови од овие членови, па ќе коментира ќе постира нешто и целта на форумот ќе биде остварена, а вака што? Утре очекувајте и книга да излези од Кајгана, тука има информации и постови кои се уште не се искористени, мислам дека треба да реагираме ние членовите и да не чекаме од администраторите затоа што со самото зачленување јасно е напишано дека тие не се одговорни за вакви и слични работи поврзани со прекршување на авторски права.

НОВИНАРКЕ НА АБ-КАНАЛ КАКО НЕ ВИ Е СРАМ?

--- надополнето ---

Па да крадат идеи мисли итн. ама мора да се разбере луѓето работат за пари и сега се наоѓаат под притисок што како и тука интернетот е да го реши проблемот. Мене лично не ми пречи и тоа имам забележано на два три пати нешто што јас ќе го истресам како некоја глупост и некој мисли којзнае колку е тоа паметно па го копира. А и не гледам телевизија се по некоја космичка случајност се погаѓа да забележам, еднаш дури и ми се случи онака гледам и ииииииииииии па тоа е мојата мисла моја идеја оригинално од никаде копирана, ама не ми пречи најискрено тогаш мислам дека вреди тоа што сум го изнел....

Дали ти доколку измислиш некоја теорија за нешто и ако им ја кажеш на твоите пријатели и потоа гледаш дека некој станува популарен и ти ја промовира "твојата" (повеќе нема да е твоја) теорија, дали тоа значи дека вредиш па кој ќе те познава за да знае дека вредиш или ти самиот ќе си знаеш додека гледаш дека твоите пријатели на кои си им ја кажал теоријата се богатат. е па тогаш нема да ти е баш мило, затоа не треба да се гордееш кога ќе те копират туку да си ги браниш твоите права кои се загарантирани со Уставот.
 
Да, луѓето крадат се`, најмногу реченици и ставови.
Јас не ја отворив темата со цел да се жалам дека некој мене ми украл нешто (ниту пак тоа било како ме повредува или ми го крева егото дека сум кажала нешто јако, тоа е став на 90% од форумџиите), ја отворив во подфорум Телевизии и емисии и алудирам директно на новинарството. За да се биде новинар во друга земја треба да се биде многу квалитетен и иновативен, се оди по аудиции, се бара квалитет на гласот, дикција, став, креативност, се оди по терени да се дознаваат информаци, се прават интервјуа. А да седнам пред компјутер и да извадам од постови по 2-3 реченици и да ги нашминкам знам и јас, ама не сум новинар.
 
Ми се случи лани дел од еден текст напишан на темите за фудбал, некаква критика кон ФФМ, да се појави во еден наш весник.

Мене лично не ми смета. Фино е, значи не читаат :) Признаници и онака не собирам. Текстовите ми се open source, кому му требаат нека си ги употреби. Добро е што форумов станал лектира за некои луѓе. Лошо е што може ставови од 15 годишни деца да завршат во колумни :) А и онака, од времето на Трендо не сум видел колумни достојни за читање.

Туку, ако сакате да вратите, be creative! Скрин-шотс од оригиналниот текст, комбинирано со објавеното видео, за споредба. И respond на видеото на youtube. Знаеме и ние да правиме видеа :)
 
Народот веќе сака лежерен живот, не сака да си го тупи мозокот (народски кажано) несвесен дека со тоа оглупавува.

Сета иронија во цела оваа работа е што и "колумнистката" ги трпи ефектите од оваа турбо-фолк инвазија. И неа ја мрзи чесно да напише ред-два па кради мисли од тинејџери на интернет форум. И таа сака лежерно во 5 минути да ја среди цела емисија без да си го тупи мозокот. Само не сфаќа дека така оглупавува, па некој ќе ја открие и на крај ќе ја посрамоти. Многу убаво напишано Walker :)
Во овие мои 3 и нешто години на форумов сум забележал многу статии, мисли, слики и други работи што прво се појавиле на форумов потоа да се појават и во јавност. Не ми смета тоа што нашите мисли играат некоја важност и се објавуваат во медиумите, ми смета тоа што тие одговорните таму си дозволуваат да паднат ниско и да крадат туѓи мисли. Притоа наивно размислуваат дека нема да бидат откриени, па и да бидат "на кој му е гајле"?
 
Го немаше на youtube видеото, го ставив јас пред малку, ја имаат цела емисија на сајтот па го изделив само делот што ми требаше. :) Ама и вака е доволно очигледно за што станува збор.

Сметав дека ќе имам поддршка барем од форумџииве тука бидејќи тоа може да се случи и повторно со пост на било кој од нас. Знам дека и фотографија му имаа украдено на еден член за комерцијални цели. Јас немам намера да им пишам на нив затоа што тие веќе и самите доволно знаат од каде новинарите пребираат материјали, а со тоа знаат и колку се квалитетни. Ама малку е глупаво да зборуваат за морал кога и самите не го поседуваат.
 
Сакате да кажете дека се крадат мислења од постовите на членовите на Кајгана форумот ?
Овде имало паметни луѓе бре !

Мада досега колку што пратам немаат украдено мој пост така да тоа ме прави на некој начин прост ! (е ова нека го украде некој рапер!)
 
А вие што мислевте дека новинарите и се некои паметни луѓе..? И сите тие репортажи и ставови сами ги креираат...абе ајде, ја тврдам дека пола па и повише од нив се полу-писмени
 
Наредна ТВ колумна: колку нашите новинари пишуваат ТВ колумни?
Нормално, целата колумна ќе биде со постови од оваа тема :icon_lol:

Малку сериозно... некако е разбирливо сето ова да се случува кога знаеме кој се денес е "новинар". Не ги оправдувам воопшто, само ги разбирам. Бидејќи го правеа ова во минатото не сум убеден дека нема да го прават и во иднина, ама добро е што барем се покажуваат со прст, и со цврсти факти дека се неспособни "новинари" (пази: новинари е во наводници, а не неспособни). Може лека-полека сами ќе се повлечат од таа професија и ќе фатат нешто што по природа им оди од раце (на пример садење пиперки и берење бостан) како што по природа им оди од раце на Стар Почетник и walker girl (и кој и да е друг) да пишуваат долги, убави и издржани коментари на форумов. Толку долги, убави и издржани коментари, што ги имаше на АБ Канал :)
А на новинарот што ископира туѓ коментар и направи од тие коментари своја лична колумна, му препорачувам да си најде некоја убава зелена росна ливада. Ќе му треба кога-тогаш, зошто да не се спреми на време.
 
А вие што мислевте дека новинарите и се некои паметни луѓе..? И сите тие репортажи и ставови сами ги креираат...абе ајде, ја тврдам дека пола па и повише од нив се полу-писмени

Замисли утре гледаш колумна, дали новинарите се полу-писмени, и почнува дали вие мислите дека сите репортажи и ставови сами ги креираме, е па не ние сме полу-писмени... хехехеххее
 
Новинар што не може да напише сопствено мислење, 20тина реченици на една тема не е новинар!

Јас никогаш не би си дозволил да препишувам туѓи мислења во сопствена колумна каде што се пишува во прво лице. Не знам, ептен ќе паднам ниско. Ни на форум не си дозволувам да потпаѓам под други мислења а уште помалку да ги копирам.

Едно е да искористиш пост на форум и да истакнеш дека е мислење на некоја личност а друго е како свое мислење да го истакнуваш.. Свашта.
 
:icon_eek:
Првин ја прочитав темата, па го изгледав видеото. Останав запрепастена, откако го чув буквално целото мислење на Стар Почетник и Walker_Girl во нечија колумна. Навистина невкусно, некреативно и неиновативно, што не треба да е одлика на еден новинар. Воопшто не се ни потрудила да ги изврти речениците, туку се од збор до збор истите.
 
Кој му е крив на Стар Почетник дека пишува убави постови оти никој не ги кради моите :)

Seriozno mене лично ме нервира кога крадат слики од блогови и форуми и без пардон ги објавуваат во медиуми кој се меѓу другото профитабилни организации без притоа да се потрудат да му пратат барем и-мејл на сопственикот на сликата и известат. Краен случај нека остават извор од каде е преземена сликата, ако веќе не се доблесни да исконтактираат.
Патетично изгледа ТВ колумнава вака разголена, не знам како може новинар да направи копи-пејст без притоа да го наметни својот став каков и да е, нормално е секој од нас да ги гради своите ставови на нешто прочитано или пак на искуство,во ред е да запамети една фраза од тоа прочитаното и да ја употреби махинално ама ова е навистина премногу.
 
Дали ти доколку измислиш некоја теорија за нешто и ако им ја кажеш на твоите пријатели и потоа гледаш дека некој станува популарен и ти ја промовира "твојата" (повеќе нема да е твоја) теорија, дали тоа значи дека вредиш па кој ќе те познава за да знае дека вредиш или ти самиот ќе си знаеш додека гледаш дека твоите пријатели на кои си им ја кажал теоријата се богатат. е па тогаш нема да ти е баш мило, затоа не треба да се гордееш кога ќе те копират туку да си ги браниш твоите права кои се загарантирани со Уставот.

Да, луѓето крадат се`, најмногу реченици и ставови.
Јас не ја отворив темата со цел да се жалам дека некој мене ми украл нешто (ниту пак тоа било како ме повредува или ми го крева егото дека сум кажала нешто јако, тоа е став на 90% од форумџиите), ја отворив во подфорум Телевизии и емисии и алудирам директно на новинарството. За да се биде новинар во друга земја треба да се биде многу квалитетен и иновативен, се оди по аудиции, се бара квалитет на гласот, дикција, став, креативност, се оди по терени да се дознаваат информаци, се прават интервјуа. А да седнам пред компјутер и да извадам од постови по 2-3 реченици и да ги нашминкам знам и јас, ама не сум новинар.

Ајде наеднаш да биде...
Прво при самата помисла на пари и парични средства ја убива креацијата размислувањето и инвентивноста. Сите големи луѓе поради кое опшеството има одено напред не размислувале што пари ќе заработам јас од ова, туку биле авантуристи и сите нивни генијални мисли направи машини креации биле под размисла како ова јас да го направам и да работи. Јас не вредам во пари мене шарена хартија со замислена вредност врз нејзе не може да ми даде вредност врз моите мисли и размислувања. Самиот ник ти е Брокер сигурно и го работиш тоа, а со тоа си внатре во систем кој е луд во својата основа и сигурно ти е тешко да разбереш вредност на нешто без да се мери во пари или материјални средства.

Новинарите се сервилни лигуши длабоко поклонувајќи се пред своите уредници кои ги цензурираат нивните вести или приказни спрема политичката коректност во моментот. Тоа е секаде во светот па и кај нас зборувам за официјалните мејнстрим медиуми. Земи ги на пример Сител и А1 и погледнете само една вест таа за откупот на тутун и тутунарите, секоја од тие две телевизии си тера некоја сопствена агенда, ама на крај краева во самата основа на нештата двете телевизии тераат иста агенда тоа е во нивната матрица.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom