Кога детето сака скутер :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Риби со сув газ не се фаќаат... да возиш мотор и да не падниш е невозможно.
епа ако ја се мачам за него 9 месеца со главоболки,нагони за повраќање,пореметено расположение ..и секако на крај ужасните неколку часа породување само за да го донесам на свет здраво право...ќе му ја мисли како вози и дали сака да се осакатуе.
а ја сигурно имам право да му одземам мотор... и ако помине само со одземање на мотор ќе биде среќен/на
 
Се може да посака и да добие ама за скутер може и ќотек да добие.
 
Зошто да не.
Има многу поопасни работи отколку скутерот.
 
би му купила.. да ..
зависи колку години ќе има .. и зависи каков мотор ќе сака
али првото паѓање од него.. му го зимам и го продаам :)
Ваков ако сака?
Photo-of-stunning-and-stylish-Yamaha-Motorcycles.jpg

незнам за тебе ама ваков ќе биде првиот мотор на моето дете:pos:
 
абе он може да сака .. ама колку ќе можам да си дозволам.. толку.. а и како шо реков, една грешка и ќе го гледа на слика вака ко ние сеа шо го гледаме :D
 
Ќе оди пешки или ќе се вози у бус, како и секој нормален човек.
 
Што ако таткото посака да му купи скутер на синот, а синот не сака, мене ми се деси тоа. :pos: Никогаш не сум бил импресиониран со скутери, точакот и колата си ги сакам највише. И кога идеше братучед ми со едно солидно 250 цц скутерче ми вика сакаш едно кругче, и тато ми вика ајде ајде сврти едно... ја нејќам, и се испокаравме. :pos:
 
Темава е од 2011 година, ама бидејќи имам ваков проблем сега, морам да напишам пост :D

Имам 16 години и сакам скутер 50 кубика, да одам со него на училиште и да си се возам низ Скопјево. Немам сеуште положено, но тоа е најмал проблем. Кога ќе се донесе одлука за моторот, прво ќе одам да полагам, па потоа во салон...но тоа не е проблемот. Проблемот е во тоа што на моите им е страв да ми купат скутер. Јас навистина не гледам причина за тоа, затоа што досега за се сум покажала дека сум одговорна и совесна, па не гледам зошто со моторот не би била...во моето училиште има деца (прва и втора година) си доаѓаат на училиште со моторчињата, си се возат...има и девојчиња. Но татко ми мене ми вика дека не е сигурен како би се снашла со вожња во голем град. Јас повеќе пати му имам кажано дека ќе возам по правила и прописи, со кацига и нема да возам брзо секако, ама незнам како да му докажам.

Што се однесува до финансиската страна, не барам некоја којзнае каква марка, него обично малечко моторче, чисто да се возам со него, не да се фалам колку сум богата (читај - да се фалам со Априлија на училиште, као еј види што возам јас). Затоа сметам дека тоа не е проблем, затоа што немам преголеми барања околу марката.

Останува првиот проблем. Не дека татко ми нема доверба во мене, ама дирекно ми кажа дека едноставно не е сигурен како и дали би се снашла во возењето во голем град и дека колку и да пазам, може да се најде некој несовесен возач. Несовесен возач може да се најде секаде, а во големите градови уште повеќе.

А јас сум многу загреана за скутер, уште од лето 2012 ама тогаш не мислев толку на тоа, скоро воопшто. Сега последниов месец не ми изглегува скутерот од глава, посебно кога ќе ги видам на школо децава како си се развозуваат со скутерите, или на улица некој паркиран скутер. :D Ние во викендицата имаме веспа 150 кубика, ама јас таа неможам да ја возам. Голема е и неможам да добијам возачка дозвола за неа (18 години треба), а за неа моите нема да се согласат да ја возам поради законот и првенствено поради моја безбедност, впрочем затоа е и тој закон. Апсолутно тие веспи не се за 16 годишници, големи се.

Некој совет да ми дадете? :D
 
Лесно. Фати си дечко со веспа.

На девојка јас никогаш не би и дал веспа. Пипави ми се. Кога пиев не давав девојка ми да ме возеше, не пак трезен. :D
Инаку во ред е на дете да му се дозволи скутерче, фаза е поминува, како девојчето, сакаат да се кул.

Јас немам паѓано инаку. Брат ми неколку пати..
 
Малце шовинист си. :D Ама што има врска машко/женско, јас сигурна сум дека сум посовесна од некои машки! Не сум некое шмизлиште, што незнае С од сообраќајни правила.
Дечко со веспа...абе не е тоа тоа, дечкото ќе дојде и ќе замине заедно со неговата веспа, а мојата веспа останува. :pos:
 
Немора да значи бе кукло, и јас незнаев с од сообраќајни правила, 3 години ја возев веспава и тоа прилично многу, нит паднав, нит ме пишаа, нит имав полагано. Девојчето возеше постабилно од мене, ама недајбоже во паника не реагирате.. машки. :D Инаку не сум еееептен шовинист, со никој не се чувствувам сигурно на мотор освен јас ако не го возам, макар било и машко.

Инаку се согласувам, ако имаш желба, поготово кога не бараш веспа од преку 3.500 евра, треба да ти се дозволи, впрочем и на секое дете.
Брат ми е тинејџер еве па не ја вози, а јас изгубив мерак пред 3 години дури.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom