Кодекс Алиментариус ви забранува да јадете природна храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Македонија веќе е членка на СТО уште од 2003 :)

Значи бродот веќе тоне ...
--- надополнето: 25 декември 2012 во 15:21 ---
И после не постоела агенда за депопулација на глобалниот народ :tapp:.
Само глупава теорија на заговор била.

Што сум гледал во документарци, освен канцерогените заболувања, најстрашно дејство на ГМХ е стерилноста. Правени се експерименти во Русија и Франција врз глувци, после третата генерација стерилноста достига до 100%.
Исто така интересно е што се забележани доста генетски мутации кај глувците, од кои настрашно е тоа што почнала да им расте коса во устата, на непцето.
Исто така забележани се, ако памтам добро, проблеми со панкеасот (дијабетес), со црниот дроб..и тн..Сепак..како најстрашен проблем убедливо се јавува стерилноста.

http://www.huffingtonpost.com/jeffrey-smith/genetically-modified-soy_b_544575.html
http://www.naturalnews.com/036710_GMO_animal_experiments_infertility.html
http://agreenroad.blogspot.com/2012/05/gmo-food-study-shows-total-infertitily.html
http://www.vegsource.com/news/2010/...oods-cause-sterility-in-third-generation.html
http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2010/05/22/jeffrey-smith-interview-april-24.aspx
 
Еден битен апдејт на темава.

Измислена е нова болест во САД - Нарушување од Здрава Исхрана (Healthy eating disorder)

Луѓето кои сакаат да јадат здрава храна се предмет на испитувања со цел да им се препишат лекови за лекување на тоа “заболување“.

This is no joke: If you focus on eating healthy foods, you're "mentally diseased" and probably need some sort of chemical treatment involving powerful psychotropic drugs. The Guardian newspaper reports, "Fixation with healthy eating can be sign of serious psychological disorder" and goes on to claim this "disease" is called orthorexia nervosa -- which is basically just Latin for "nervous about correct eating."
Ако не ви се верува во тоа, пробајте со следново:
Електронските цигари се забранети да се увезуваат во САД, бидејќи FDA вели дека не постои доказ дека електронска цигара не е штетна за вашето здравје.
Прашањето е зошто тогаш не ги забранат вистинските цигари?
Видео:
.
 
Електронските цигари се забранети да се увезуваат во САД, бидејќи FDA вели дека не постои доказ дека електронска цигара не е штетна за вашето здравје.
:pos:
Е ова ако е вистина, е врв.
 
:pos:
Е ова ако е вистина, е врв.

Па имаш официјален линк и можеш да пребараш и по Гугл да видиш други медиуми како коментираат.

Ете ова е баш сик филм.
 
А што вели FDA, дали има доказ дека обичната цигара не е штетна по здравјето?

Изглеа се јавиле у Филип Морис и по телефон им рекле: - Немајте гајле не се штетни.
 
Амбасадата на САД во Белгард ги координира напорите на Србија да стане член на Светската Трговска Организација (WТО). Амбасадата директно и се заканува на Србија да го измени постоечкиот закон за забрана на ГМО или Србија нема да добие членство -- и покрај тоа што огромното мнозинство на Србите не сакаат таква храна.


За да влезе во Светската трговска организација, Србија мора да го измени својот закон кој забранува производство или трговија со генетски модифицирана храна на нејзината територија.

Со членството во организацијата, Србија сè уште може да забрани производство на храна со генетски модифицирани организми (ГМО), но не може да го забрани нејзиниот увоз.

Иако некои луѓе го прифаќаат аргументот во полза на измената на законот, многумина и понатаму се против генетски подобрена храна.

Таквата храна не може да се дозволи во Србија во никој случај, според Иван Кариќ, претседател на Зелената партија на Србија, која го предводи противењето.

„Повеќето граѓани се на наша страна и ние очекуваме да успееме. ГМО не е иднината на Србија, туку органската храна чија цена расте“, рече Кариќ за SETimes.


Властите предупредуваат дека Србија не може да преговара со Светската трговска организација, која се занимава со правилата на тргувањето меѓу земјите, и мора да ги прифати нејзините правила ако сака да стане членка.

„Тие не бараат од нас да дозволиме производство на ГМО, туку само да ги измениме нашите закони во врска со увозот и тргувањето со ГМО храна.

Ние треба да одлучиме како ќе ја контролираме ГМО храната. Сите други 157 членки го направиле истото“, рече заSETimesБилјана Тодоровиќ, претставничка на Министерството за економија.

Ако политичарите дозволат увоз и производство на генетски модифицирана храна, Србија ќе стане зависна од нив и ќе ги штити интересите на производителите, наместо сопствените интереси, велиMilan Sevralic, професор по земјоделство на Белградскиот универзитет.

„Околу 5.000 луѓе ќе ја изгубат работата директно, а над 50.000 индиректно. Целиот профит ќе оди во рацете на производителите на ГМО“, рече Севралиќ.

Иако многу блогери сметаат дека оваа храна е штетна, некои велат дека не се сигурни во ваквите тврдења, но знаат дека приходите од храната се големи.

„Факт е дека ГМО го прави производството поефтино и попрофитабилно, а во моментов тоа не е случај со нашето земјоделство. ГМО е добра опција за нашата економија“, рече Gogo .

Sasa се согласува дека природно произведената храна е поскапа и поздрава, но вели дека има други проблеми.

„ГМО е поефтина, но е штетна за природата, почвата и за земјоделците кои немаат технологија или пари да произведуваат храна [во такви количини] за да ја постигнат истата цена како ГМО храната“, вели тој.

Istok Pavlovic вели дека луѓето од целиот свет се под влијание на медиумите.

„Како резултат на тоа, луѓето креваат паника и ја оцрнуваат ГМО на различни начини. Политичарите знаат дека нема докази за [наводните] лоши последици од ГМО, но [тие] заземаат ставови поради луѓето и нивните гласови“, рече Павловиќ.

Други, како Reb0rn, велат дека модифицираната храна треба да биде јасно обележана за потрошувачите да направат сопствен избор, без оглед на која страна од дебатата се тие.

„Јас треба да одлучам дали ќе јадам нешто или не“, рече тој.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/blogreview/2013/02/23/blog-03
.
 
Србија е до гуша во тие гомна.
Тадиќ уште на предизборен митинг ја фалеше GMO-храната.
Многу е лесно, во балканскиве "држави" да седнеш на позиција сероња кој за сопствени интереси (или за интереси на група) би си ја продал и мајка си:

Брука се балканскиве политичари. Верујте без да трепнат не продаваат со децении.
Што не иде Монсанто својот газ да го подметне, вака ефтино, у некоја вистинска држава?
 
Најтиражниот германски весник, Зидојче цајтунг, објави статија на 13. јули во која тврди дека Монсанто и Американската влада со помош на војската, се здружиле да ги следат и да ги попречуваат активистите и независните научници кои даваат докази дека храната со ГМО е штетна за здравјето.

http://www.greenmedinfo.com/blog/ne...litary-monsanto-targeting-gmo-activists-and-1
.
 
Спомнал бе некој наш министер за земјоделие директор на агенција за храна, генетски изменето модифицирано растение, животно, организам?

Знаат што е тоа?
 
„Монсанто“ се откажа од генетички модифицирани култури во ЕУ



Американската компанија „Монсанто“, светскиот лидер за производство на генетички модифицирана храна, најави дека ќе ги повлече сите постојни барања за одгледување нови видови семиња во Европската Унија поради недостигот од комерцијални можности за такво вид одгледување


transparent.gif

- Ќе ги повлечеме сите барања во наредните месеци - изјави Хосе Мануел Мадеро, претседател на „Монсанто“ за Европа, пренесува Ројтерс.

Од компанијата наведуваат дека одлуката се должи на пет барања за одгледување генетички модифицирана пченка, едно барање за соја и едно за шеќерна репка. Мадеро вели дека одлуката ќе ѝ овозможи на компанијата да се фокусира на сегашните класични семиња во Европа, како и на осигурување дозвола за увоз на генетички модифицирани организми (ГМО) одгледани во САД и во Јужна Америка.

Портпаролот на Европската комисија потврди дека „Монсанто“ ја информирал комисијата за намерата за повлекување на барањата. Иако во ЕУ е дозволено одгледување генетички модифицирана пченка, некои земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и од неодамна Италија, воведоа национална забрана поради противењето на јавноста за ваков вид храна.

Германската хемиска компанија БАСФ, минатата година го напушти развојот на генетички модифицирани семиња во Европа и целиот бизнис го премести во САД. Меѓутоа, и покрај противењето за ваков вид семиња, Европа е еден од најголемите светски купувачи на генетички модифицирано жито и годишно увезува повеќе од 30 милиони тони генетички модифицирана сточна храна.

Во почетокот на минатиот месец во 52 земји во Европа се одржа „Марш против Монсанто“, поради што компанијата најави дека ќе го повлече налогот за извоз на генетички модифицирана пченица. Од компанијата изјавија дека е контрапродуктивно да се борат против волјата на граѓаните откако граѓаните од 400 града се побунија против таа компанија и нејзиното влијание врз владите. Демонстрантите побараа таквите производи јасно да бидат означени за потрошувачите да можат да направат свесен избор.
Компанијата постојано се обидува да ги убеди граѓаните дека генетички модифицираната храна е здрава




http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7191371877&id=10&prilog=0&setIzdanie=22932


абе глуп народ
не знаат дека ова е лек за ќелавост
кога на глувците им расти коса од забите (кога ги тестираат)
за брзо време и на ќелешите коса ќе им порасни :)
 
Кодекс алиментариус на дело и во МКД од 2014
http://dnevnik.mk/?ItemID=D3AAB012381A8F44A6E1550B28571DCB

Вака е во Хрватска, а најверојатно од 2014 ќе биде и во Македонија:

"Kантарион, бршлен, гавез, глог, валеријана, даб, пелин.... се само дел од лековитите билки што Хрватите не ќе смеат да ги купуваат на пазарите и во продавниците. Поради усогласување со законите на ЕУ, производителите и трговците од рафтовите ќе треба да повлечат голем дел од асортиманот. Kај некои билкари тоа ќе биде дури и 30 отсто од понудата, а според хрватските медиуми, на листата со забранети билки се и листот од орев, подбелот, преслицата, магарешкиот трн и уште многу други растенија, кои со векови успешно се користат во народната медицина. "

Се стега ременот околу обичниот човек од сите страни.
 
Предлог закон во руската Дума да се третира внесување генетски модификувана храна како тероризам. Претходно кинеската војска ја забрани генетски модификуваната јрана.

http://rt.com/news/159188-russia-gmo-terrorist-bill/



600150_536863393009170_1000082232_n.jpg
 
Ако се сеќаваш, можеш ли да кажеш како се вика видеото до ке водеше линкот?
Поголемиот дел од важните видеа ги имам гледано, ама можеби сум го пропуштил овоа.
Мислам дека е нешто од првите три видеа
https://www.google.mk/?gws_rd=ssl#q=http://video.google.com/videoplay?docid=-5266884912495233634#

или пошто видео. гоогле не работи, ако е тој насловот тогаш ова
на google search

Nutricide: Criminalizing Natural Health, Vitamins, and Herbs
The Codex Alimentarius is a threat to the freedom of people to choose natural healing and alternative medicine and nutrition. Ratified by the World Health Organization, and going into law in the United States in 2009, the threat to health freedom has never been greater.

This is the first part of a series of talks by Dr. Rima Laibow MD from the Natural Solutions Foundation, a non-profit organization dedicated to educating people about how to stop Codex Alimentarius from taking away our right to freely choose nutritional health.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom