- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Милошоски: Поддршката за Сирија нема да не скара со Израел
20.12.2010 - 15:34 |
Застанувањето на страна на Сирија нема да го расипе македонското пријателство со Израел, тврди шефот на дипломатијата.
Под образложение дека за сириско - израелскиот спор ООН имале поделено мислење, од национален интерес за Македонија било да ја поддржи Сирија, но тоа не значи вртење грб на Израел.
- Оваа плодна соработка со Израел е поставена на здрави основи и било кое прашање од мултилатерален или билатерален карактер нема да ги загрози плодните односи меѓу Македонија и Израел - изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.
Израелскиот Амбасадор задолжен за Македонија , во допис до МНР ставил до знаење дека Ерусалим е разочаран од позицијата на Скопје. Побарано е објаснување за ваквата одлука.
- Кога има усогласен став во земјите членки на ЕУ Македонија се придружува кон таа позиција. Кога земјите поделено гласаат за некое прашање тогаш Македонија согласно своите национални интереси одлучува како ќе гласа - изјави Антонио Милошоски.
“Резолуцијата за Голанската Висорамнина “, едно од клучните отворени прашања меѓу Израел и Сирија не ја поддржаа САД и Канада. Најголем дел од европските земји беа воздржани, а на иста линија со Брисел останаа и Хрватска и Црна Гора.
Не се исклучува за потегот на Македонија да се разговара и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кој е во посета на Ерусалим.
Сирија е последна , 129 та земја која ја призна Македонија под уставно име. Од друга страна поддршката од Израел и еврејското лоби е традиционална. Македонија е единствена балканска држава за која Израелците го укинаа визниот режим.
И покрај интензивирање на контактите со Арапскиот Свет, и земјите од Северна Африка, Милошоски ги отфрла тезите за пресврт во надворешната политика. Владата останува проевропски ориентирана.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...drshkata-za-sirija-nema-da-ne-skara-so-izrael
Ова е една голема грешка на ВМРО-ДПМНЕ, ама ајде нема везе, да се надеваме дека нема да ни се наруши односите со Израел..