Вака сега, на попис се бројат луѓе кои имаат државјанство, во случајов македонско! Можеме да тропаме до утре нас толку не има вас толку ве има, ама фактот е дека на терен фалат многу граѓани. Дебар е празен, Кичево празно, луѓето, од совршено познати причини, едноставно се иселиле и не живеат повеќе таму, не е важно што се по националност.
Јас ти тврдам дека во Македонија нема 25% албанци, но не велам дека во некои општини не само што се мнозинство туку и местото е населено чисто со албанци. Вие правите грешка, ги броите сите и оние со државјанство и оние без државјанство. Дали знаеш колку Албанци (од Косово) сега чекаат ред за македонско државјанство??? Преполни се шалтерите! Не знам колку е ова за пописов, не знам колку е политика која албанските политичари си ја тераат и не знам колку се аплицира само заради пасош. (Ова не е нешто ново! Сите знаеме дека за бугарски пасош не се редеа само македонци, секој кој сакаше си аплицираше. Секој си го гледа интересот.)
Според мене, проблемот е што, Република Македонија на своите граѓани им дозволува да имаат тројно државјанство, во случајов интересен за пописот: македонско, албанско и косовско. Во превод овие луѓе треба секаде да се попишат и нивниот број нереално се прикажува.
Јас немам против да се попише населението, јас имам проти пумпање на бројот оти тоа е закана за иднината на мојата држава.
Сум кажала многу пати, не ме интересираат соседите ме интересира само мојата држава!