Македонија има најголема невработеност во светот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane_S
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 март 2006
Мислења
63
Поени од реакции
0
Македонија има убедливо највисока стапка на невработеност во цел свет. Последниот годишен извештај „Светски развојни индикатори 2006” на Светската банка покажува дека стапката на невработеност во земјава во периодот 2000-2004 година изнесува 36,7 отсто и е најголема во однос на 52 анализирани земји. Најблиску до нас се Јужна Африка со стапка на невработеност од 28,4 отсто и Ирак со 28,1 отсто.


Според сите економски показатели наведени во извештајот, Македонија заостанува зад регионот и зад другите транзициски земји. Порастот на бруто домашниот производ (БДП) во земјава е убедливо најмал и во периодот 2000-2004 година изнесува само 0,7 отсто. Во Хрватска бил 4,5 отсто, во СЦГ - 4,7, Бугарија - 4,8, БиХ - 4,9, Албанија - 5,4 и во Романија - 5,9 отсто. Скоро сите африкански земји имаат стапка на раст од над четири отсто.

Големата невработеност и малиот економски пораст во земјава всушност се последица на отсуството на странски директни инвестиции, извозната стагнација, неподготвеноста на банките да го кредитираат приватниот сектор и на високата стапка на корупција.

За разлика од земјите во регионот каде што странските инвестиции учествуваат со 4-8 отсто во БДП, кај нас во 2004 година оваа стапка изнесува 2,9 отсто. Од 1990 до 2004 година македонскиот извоз порасна за 2,4 отсто, а албанскиот за 14,6. Учеството на домашните кредити за приватниот сектор во БДП пред две години било 23,2 отсто, а во Хрватска 57,5 отсто, во Бугарија - 37,1 и во БиХ - 43,8 отсто. Затоа, пак, нивото на корупција во земјава во минатата година (31 отсто) се мери со тоа во Албанија (31,8 отсто).



Нема економски напредок



- Економскиот пораст е суштински за намалување на сиромаштијата - изјави Франсоа Буржињон, потпретседател во Светската банка, по повод објавувањето на годишниот извештај.

Светската банка порачува дека развојот на приватниот сектор, придонесот на јавниот сектор и инвестициите се основните фактори за намалување на сиромаштијата и за поттикнување на економскиот раст. Експертите на банката сметаат дека добрата инвестицска клима зависи од тоа дали Владата создава простор за фирмите и за претприемачите да инвестираат продуктивно и да создаваат работни места.

Домашните стопанственици и странските инвеститори сметаат дека инвестициската клима во Македонија не е добра и дека Владата прави малку за да создаде поволни услови за бизнис. Тие пред се' се жалат на бирократијата и корупцијата во јавната администрација, недоволната заштита на приватната сопственост, честото менување на даночната политика.

Професорот на Американскиот колеџ во Скопје Томе Неновски смета дека Светската банка ја скенирала вистинската состојба во земјава.

- Состојбата во економијата е мрачна. Се' уште имаме шанси да ја поправиме работата, но за тоа се потребни добра стратегија, добро разработена макроекономска политика и пред се' со желба. Мора да се создаде добра бизнис-клима и ефикасно да се користат јавните средства. Таа стратегија не треба да се менува на дневнополитичка основа - вели тој.

Според него, идејата на Владата за бришење на 76.000 невработени од списоците на Агенцијата за вработување е палијативна мерка за разубавување на состојбата во предизборието.

- Тоа е излив на очај во неможност да се соочиме со тежината на вистинскиот проблем со невработеноста во земјава - тврди Неновски.

Владата не мисли така и веќе донесе одлука за спроведување на оваа мерка. Според директорката на Агенцијата Јасминка Делчева-Диздаревиќ, реалната стапка на невработеност во земјава се движи од 12-15 отсто.

- Факт е дека бројката од 358.000 невработени не е реална. Ние сме должни да ги средиме списоците и на нив да ги оставиме само тие што навистина се невработени и бараат работа. Кога ќе се тргнат од евиденција лицата што се пријавуваат само поради сини картони, реалната бројка на невработени ќе биде 282.316 лица - изјави таа.



На народот

му е преку глава



Социолозите предупредуваат дека лошите економски услови имаат психолошки ефекти врз населението.

- Кога 15 години граѓаните не чувствуваат дека нешто се движи напред, проблемот се мултиплицира. Сега тие повеќе не бараат решение во економијата, туку надвор од неа и од законот. Најголем дел од луѓето веќе не се подготвени да ги трпат последици од каква било економска политика. Тие го загубија конструктивниот рационален дел од свеста и тоа мора да го запаметат политичарите - вели професорот по социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, Илија Ацевски.

Тој смета дека Македонија наликува на латиноамериканска земја, каде што проблемите не се решаваат по институционален пат.

- Луѓето живеат надвор од правилата и од законите и мислат дека така ќе успеат многу повеќе. Потребна е голема сила за ова да се смени по примерот на многу земји каде што владееле хаосот, криминалот, незаконието. Не сум заговорник на црно сценарио, но мислам дека само некоја радикална и нагла промена може да ја врати вербата кај луѓето дека нешто ќе тргне на добро. Тоа го покажуваат и истражувањата, според кои нашиот народ не верува во ништо друго освен во војската, која има најголем рејтинг. Народот не верува во парламентот - вели професорот Ацевски.

Спасијка Јованова, Александра Филиповска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6FE3283EAF2D794BAB8DEE0AEC5D3BAC


Trazili ste, GLEDAJTE:mist:
 
Со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ке се намали невработеноста и тоа многу.Владата пага затоа преминете на другата страна.
ВМРО-ДПМНЕ е ИДНИНАТА на МАКЕДОНИЈА
 
Jane_S напиша:
Македонија има убедливо највисока стапка на невработеност во цел свет.
ne me cudi ni najmalku :( zalosno
 
Е добро де, барем во нешто сме први во светот.
 
Devilking напиша:
epa golem uspeh e postignato :D.. ne e lesno da si prv vo nesto :)

Е да... шо мислите вие ? Дека Македонија не можи да е прва во нешто ? Плус то, економијата во Македонија е зголемена за 0,4 % , то е „премногу“! Уау каков успех!!!
 
вистина немам зборови за ова ова е лудо
 
Така е кога луѓето се занимаваат со политика наместо да си го мрднат газот и да сработат нешто :bip:
 
гледате дека црнците у нигерија се повредни и одат нагоре за разлика од нас
 
Владата не мисли така и веќе донесе одлука за спроведување на оваа мерка. Според директорката на Агенцијата Јасминка Делчева-Диздаревиќ, реалната стапка на невработеност во земјава се движи од 12-15 отсто.

- Факт е дека бројката од 358.000 невработени не е реална. Ние сме должни да ги средиме списоците и на нив да ги оставиме само тие што навистина се невработени и бараат работа. Кога ќе се тргнат од евиденција лицата што се пријавуваат само поради сини картони, реалната бројка на невработени ќе биде 282.316 лица - изјави таа.
Нема грешка, уште и "реално"-точната бројката ја знаат, 282.316... која патем е около 28%, а не 12-15%... или тоа е "стапка" на невработеност, хмммм.... :lud:

Скоро сите бегаат или се во обид за бегање:
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=0736831069B10544B662F8433F6D2F76
Пропаднаа сите ветени инвестиции
"Сите инвестиции што беа најавени во изминатите години - пропаднаа. Претставници на ИНГ, Рајфајзен банк, Кредит агрикол, „Сименс“, „Џонсон контрол“, „Мицубиши“, „Турбоинститут“ ја посетија Македонија, но не инвестираа."

"Но познавачи на состојбите велат дека и некој однатре сериозно се трудел странците да избегаат од земјава.

- Докази за ова има на претек. Доволно е да се погледнат породилните маки низ кои проаѓа руската енергетска компанија „Лукоил“ во обидот да ја изгради својата прва бензиска станица во Македонија. Русите повеќе од една година мака мачат со административните, правните и други технички бариери за регулирање на сопственоста на земјиштето. Иако од „Лукоил“ молчат, повеќе од јасно е каков сигнал им испраќаат на другите инвеститори - коментираат доброупатените."
 
abe brat od ova komunjarive tesko i deka ke se opravi nekad samo na beter ke ide
 
Срамота е за нашата држава. И после сакаме Европа - Е НЕМА!
 
Mislam deka brojkite se preterani. Golem broj od nevrabotenite se vraboteni na crno.
Treba da se stegnat firmite koi imaat vakva praksa.
Seto toa ni pravi problemi, pravi los imidj za Makedonija.
 
Па тоа не е важно, нели...
Да се работи и онака не е елегантно!
 
Ne ni ja biva cela drzava,koj i da dojde na vlast pa ke bide isto,site ucele od ist ucebnik, i posledna lekcija im bilo kako da ja kradat drzavata
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom