Bratot
Стоик и Машкртник!
Античките македонци биле и дошле словените, се измешало со нив и ги асимилирале, има Македонија доста со античките македонци (името, археолошки наоѓалишта ...), но грците ја задржале хеленската култура.
Која е таа “хеленска култура“ дали можеш да ја дефинираш?
Што е “хеленско“ во денешните Грци?
Албанската национална носија, турското кафе, баклавата, мусаката, шопската салата, белото сирење, мастиката, бузукито, знамето ли, името нивно а?
Словените го населиле и Крит во 623 година.
„Од друга страна, досега немаме регистрирано археолошки, материјални траги од присуството на Словените во Македонија во 7, 8 и поголемиот дел од деветтиот век.
Одговорот на тоа прашање лежи во непознавањето на материјалната култура
На подрачјето на Република Македонија нема писмени докази за престојот на Словени во тоа време, а нема ниту археолошки наоди покрај тоа што во изминатите близу пет децении со интензивни истражувања на теренот се евидентирани 3600 архелошки локалитети од различни епохи.
И покрај тоа, ранословенски наоди нема. „
Средновековни градови во Македонија - Др. Иван Микулќиќ
За жал, досега не успеавме да регистрираме археолошки (материjални) траги од присуството на Словените на нашето подрачjе од 7., 8. и поголемиот дел од 9. век.
Одговорот на ова загатка не лежи во непознаването на материjалната култура на Словените. Словенски гробови (со кремациjа, во урни) и остатоци од населби се откриени во Jужна и Средна Грциjа; колку се оди повеќе кон jуг, толку се тие поброjни. Од друга страна, големиот среднобалкански простор од Дунав на север, до Солун на jуг, досега не дал никакви ранословенски наоди. Очигледно е дека Словените од Подунавjето едноставно поминале низ тоj простор, претходно веќе опустошен, без ромеjски населби и за нив неатрактивен. Тие се населиле во медитеранскиот дел на Грциjа, со блага клима, до морето кое со векови привлекувало броени народи од север. Тука Словените можеле да контактираат со преостанатите грчки градови и да се снабдуваат со толку ценетите занаетчиски произведи, кои Византиjа ja издигнале меѓу водечките во светот. Ако ги проследиме сочуваните пишани податоци, ќе ja добиеме истата географска слика. Според Монемвасиската хроника, Пелопонез бил под власта на Словените цели 218 години (од 586-805 г.).
Острогорски 1959, 198. — Каранис 1972, Х, 147
Уште во 13. век Латините возувале против Езерjаните и Милингите (Миjаците) на Пелопонез. Археолошките словенски наоди од 7. до 9. век се броjни (Тиринс, Арг, Патрас, Олимпиjа и др.).
В. Поповиќ 1980, 234-239, сл. 2.3.
Тесалиjа несомнено била населена исто така густо со Словени. На тоа укажува настанот од 799 г. кога кнезот Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против царицата Ирина. Во тоа време Акамир е с? уште независен словенски архон на областа Верзетиjа, во Тесалиjа.
M. Vasmer 1970, 85, 86.
Верзетите (или Велегезити) се спомнати и во Чудата на св. Димитриjа како едно од словенските племиња што порано го опседнувале Солун.
Постарите истажувачи (Л. Нидерле, М. Дринов и др.) претпоставувале дека ова племе е идентично со подоцнежните Брсjаци (забележани во 11. век). Сепак, пред половина век М. Фаснер, светски авторитет за овие прашања, ова аргументирано го отфрлил. Од Верзитиjа (Тесалиjа) потекнуваат и повеќе археолошки наоди од 7.-9. век, како и голем броj рани словенски топоними.
В. Поповиќ 1980, 238, сл. 3; — Н. Чаусидис 1992, 141-154 и 1993, 159-178.
Племето Воjунити продрело во Епир, до Jадранскиот брег на jугoзапад.
Понатаму на север од спомнатите региони, а тоа значи и на подрачjето на денешна Република Македониjа, нема писмени докази за престоjот на Словени во тоа време.
Исто така, нема ни археолошки наоди од тоа време и покраj тоа што во изминатите 4 децении со интензивни рекогносцирања на теренот евидентиравме околу 3.600 археолошки локалитети од различни епохи.
Во издание на МАНУ, Скопjе, во 1994 г. излезе I том на Археолошката карта на Република Македониjа. Тоа се општи текстови како воведи во поjавите од одделните временски периоди и одделни култури. Картоните на наоѓалиштата како материални докази се уште не се обработени. Спореди ja книгата на Е. Манева 1992, 11-15.