Јас не видов ниту еден контра аргумент против Бошевски и Тентов освен што вие и Грците само се смеете. А тоа дека биле електро инженери биле, само што во овој проект покрај нив двајца учествуваа и лингвисти. Тие креираа посебен софтвер кој го декодираше старомакедонското писмо по формулата на Шампилион. Јас не видов ниту еден контра аргумент од твоја страна со кој ќе докажеш дека тие згрешиле. Денеска средниот текст од Розета се смета за хиероглифско писмо кое го користеле свештениците од Египет. Е сега ако можеш да ми одговориш како во Македонија се среќава исто такво писмо, дали Еѓипќаните дошле тука служба да држат или нешто друго било? Еве ќе ти го посочам писмото од Винча само.
Што се однесува на територијата на денешна Македонија во антиката е позната како Пајонија. Прашањето за етничкото потекло на Пајонците е едно од се уште отворените не само во македонската туку и во светската историографија. Па така едни научници сметаат дека тие се со тракиско потекло, други дека се Илири, трети дека се посебно племе различни од сите други на Балканот. Сепак, во последниве две децении, иако скромно и полека, во научната јавност почнува да се прифаќа тезата дека всушност Пајонците имале македонско потекло т.е. дека биле античко македонско племе.
Оваа теорија според која Пајонците се дел од античко македонскиот етникумсе базира на најновите археолошки наоди, а посебно врз основа на погребниот ритуал. Фактите кои одат во прилог на ова тврдење се следниве:
Гробовите т.н. тумули кои се датираат од старото железно време и кои се пронајдени во Пајонија се идентични со оние кои се најдени во внатрешноста на Македонија, а посебно со оние од Вергина и Висои. Овие тумули се состојат од повеќе гробови кои се кружно (радијално) распоредени. За разлика од нив Тракијците во железниот иериод имаат тумули со само еден гроб. Од друга страна пајонските тумули се големи, а тракиските мали што јасно укажува на разликата меѓу нив. Разлика постои и во поглед на стратиграфијата. Имено, пајонските тумули имаат вертикална стратиграфија за разлика од тракиските кои имаат хоризоитална стратиграфија. Тоа значи дека кога се погребуваат починатите во овие тумули жртвените обреди околу умрените се поставени вертикално, односно обредите се прават од горе надолу. Од ова може да се заклучи дека Пајонците имале речиси ист погребен ритуал како и останатите македонски племиња што говори во прилог на тезата дека всушност тие биле сродни меѓу себе.
Освен археолошките, во прилог на тезата за македонското потекло на Пајонците, сведочат и наративните извори. Па така, Страбон вели дека Пајонците се нарекувале и Пелагонци што според Гарашанин значи хомогенизација во даден момент. Податокот на Страбон дека Пајонците имаат заедничко потекло со Пелагонците се совпаѓа со податокот што го дава Хомер во Илијадата, а кој вели дека заедничкиот предок Ре1аgon, таткото на Астеропај, бил водач на Пајонците. Од ова произлегува дека Пајонците и Пелагонците имале заедничко потекло.
Исто така, Страбон додава дека Пелагонија порано се викала Орестида, а Полибиј дека Ематија порано се викала Пајонија. Ако се знае дека македонската кралска куќа е од Аргос од Орестида и дека Ематија е старото име за Македонија јасно е дека Пајонците и Пелагонците влегувале во групата на македонски племиња.
Веќе во Ахајскиот период погребниот ритуал кај Пајонците е ист како кај Пелагонците за кои со сигурност се знае дека биле македонско племе. Па оттука и Грашанин тврди дека во почетокот постоел Пајонско - пелагониски конгломерат од кој со тек на времето се одделиле Пајонците и Пелагонците. Пајонија и Пелагонија се разликуваат од Тракија и во хеленистичкиот и римскиот период. Иако во Пајонија тумулите се задржуваат се до римскиот период тие се разликуваат од тракиските кои се мали и со хоризонтална стратиграфија на култот. За разлика од нив пајонските тумули се големи и со вертикална стратиграфија.
http://istoricar.blogspot.com/2007/03/blog-post_11.html