Македонија ке добие Кралска Резиденција

Ajде да не ја растураме темава со некоректни коментари.

Значи без шпекулации, Мир/кралот самиот ќе инвеситра во градба.

А Хунзите и Калашите се потомци на античките Македонци како што сме и ние (но дај без глупости од типиот на “нашиот крал’’) -- зошто да не дадеме 3 декари земја?

Според мене ова е добро и од аспект на одбрана од грчките напади, и од аспект на економија и промоција, и од аспект на човештина.


Jas go znam ova ama nekoj ovde ke provocira i ke treba da se nerviram poradi toa sto ne e educiran dovolno !

Ovde ima narod vo ovaa drzava sto povekje bi sakale Tito da go vidat voskresnat nego li najgolemiot megu najgolemite Aleksandar carot makedonski !!
 
Ако некој далечен роднина ми дојде дома и посака подобро да се запознаеме, јас не би имал причина да не му посакам добредојде.
Макар личел на Калеш Анѓа.
 
Јас незнам како може вака да се плука по својата татковина сме пропаѓале, данокот бил грабеж, луѓето би го смениле името за да влезат во еу (проституција), незнам што правите уште тука кога толку не ви чини, одете во странство, се надевам таму ќе ви биде подобро...

пс: Супер за кралската резиденција, нека се гради државава и културно-историски и урбано...
 
- Плаќам данок и НЕМАМ ефикасно здравство, ефикасна полиција, добро образование, ефикасна противпожарна служба, јака војска...

Немаше ни до сега ... каде леташ Mакедонецу над облаците???
 
Ова е тема за филм, авантура, содржина која ќе те натера да отидеш, да видиш, туристичка атракција на која на околниот народ ќе му даде шанса за нова заработувачка.
После 2000 години некој народ на Каракорум се декларира себеси како Македонец.
Ти му велиш е неможе, ние немаме за леб а ти Македонец ќе ми се праиш.

Немањето леб прво е твоја лична неспособност а после е на државата.
 
Браос, уште една добра анимација на гладниот (прво по душа) после по тело народец.
Ова е една од инвестициите на владата, да се возобнови кралството, да се вратат "нашите" пред две илјади години мигрирани, да се возобнови Македонија, да му се покаже на светот дека и ние можеме (да умираме за јадење и пак да сме топузлии).

Ете вака, и сега ако некој праша за ИНВЕСТИЦИИ, одма Мисирков и Славјански и компанија ќе му залепат шамар (т.е. етикета) на предавник и Не-Патриот. Ете вака се движат работите во Македонија.

Инвестиции, јок, т.е. има бе (оти ќе јадам некоја етикета)...
 
Има Хунзски инвестиции сега. И те молам не го вулгаризирај и банализирај муабтето на ниво на `Споменици или Лекови`.
 
Не туку си праиме муабет, нема шо да се вергла веќе за Хунзите, ОК, доаѓаат, тоа е, нема бркање, најјако на крај ќе биде (да ми го слушате зборот), кога ќе треба ем спомениците (особено античките ликови) ем Хунзите да се бркаат односно да се рушат и претопуваат за бакар.

Инвестиции, 140 милиони евра (биле предвидени), а Албанија во месец дена ги "трпи" овие цифри. Срамота бе, и уште па скокат како петли (пример за сит стомак).
 
Има Хунзски инвестиции сега. И те молам не го вулгаризирај и банализирај муабтето на ниво на `Споменици или Лекови`.

Stefuse на тоа е и сведено . Лекови или споменици, можеме да се правиме паметни ама населението ни старее и секој човек ни треба :)
Од друга страна јас го подржувам проектов бидејќи само повеќе го разгневува и онака гневното население кое е невработено, сиромашно и гладно.
И одозгора парите за лекови за пензионерите кои редовно ги гласаат нашиве политичари идат во споменици- помалце пензионери како резултат на тоа .

Само така напред !
Гилотината ве чека!
 
Жалам ама темата е за нив не е ни за здравство ни за петли. Така да :salut: Не ми се пишува за нешто што сигурно ќе биде избришано.
 
Jас на твое место би го подржал проектов . Колку повеќе глупости праат, толку побесен народ а колку побесен народ толку полесно можеш да ги убедиш да ги испотепаат сите политичари.

Lupos approves this project.

Има ли бе некој гилотина по дома од старите времиња да ја зачистиме и светнеме?
 
Јас ќе ви пуштам една песна што ми се допаѓа. Од новиот албум на Горилаз.

 
Jас на твое место би го подржал проектов . Колку повеќе глупости праат, толку побесен народ а колку побесен народ толку полесно можеш да ги убедиш да ги испотепаат сите политичари.
Lupos approves this project .

Има ли бе некој гилотина по дома од старите времиња да ја зачистиме и светнеме?

Крлежа вика поинаку, викаше вака... "Нередот во речениците е последица на нередот во мислите, а нередот во мислите е последица на нередот во главата, а нередот во главата е последица на нередот во човекот, а нередот во човекот е последица на нередот во средината и во состојбата на таа средина."

И после да не те чуди мислењето на Славјански и Мисирков итн.
 
ОК, ретко ретардирана идеја али ете, можеби знаат повеќе од мене.

Него имам друго прашање и би ценел ако некој може да ми објасни:

Која е разликата меѓу Хунзите и Калашите? По ТВ кога гледам и по литература кога читам ми се чини дека Грците имаат ОК односи со Калашите, а ние изгледа со Хунзите. Какви се Хунзко-Калашките односи? Комшии ли се таму?

Да не ги скараме и нив а?
 
Имав одговорено на ова,но го избришаа постот...комшии се,веројатно увиделе прилика да ќарат на идиотизмот балкански,да шетнат наваму натаму да добијат публицитет,понекоја пара...си го замислувам амбасадорот на хунзите кај нас како Дел Тротер,а на калашите во Атина како Родни...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom