Колку е важен к'сметот за бизнисот...:)

  • Креатор на темата Креатор на темата Буковец
  • Време на започнување Време на започнување

Колку е битен к'сметот за развивањето на еден бизнис

  • Само к'сметот треба да ти заигра

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    19
Во развиените држави со отворени пазарни економии од поодамна среќата е последниот фактор за успех во бизнисот. Можеби тука во Македонија во неизградена економија може да ти тргне се и сешто па затоа наивно си викаме -еј на оној му тргна има среќа-. Треба анализи сериозни испитувања на пазарот
1. SWOT
2. PEST
3. Porter's 5 forces
4. Value Chain analysis.... и да не ги редам. Така лесно да било сите ќе одеа на слепо. Стратешката определба, анализите, планирањето и имплементација на планот инвестиција и почетен капитал обрт на капитал, финансиска стабилност, human resources management, логистика, price planning, хиерархиска конституција на фирмата и мал милион фактори се клучни тука. Прашајте некој од запад таму е џунгла ќе те изедат за доручек каква среќа каков бутур.
 
Sussaro напиша:

Ооо. :cuc:
Се согласувам. Ова го учев по менаџмент. Се е тоа наука. За да успееш треба да знаеш. :icon_cool

Одма имаш зелено за постов. :aplauz:
 
pearl напиша:
К'сметот нема никакво влијание за успешен бизнис. Признавам дека може да се случи од 1000 start-ups, барем кај некој да опали кец на десетка од среќа. Но, тоа никако не дава за право, к'сметот да се вметне како еден од значајните фактори за добар бизнис.

Постојат три работи кои можат да ветат, но, никако да гарантираат, развивање на успешен бизнис: research, networking & marketing.
А постои само една работа која е потребна за бизнис: муда до колена :)
А ако имаш муда до колена и добар рисрч, нетворкинг и маркетинг (ама како што велиш овие три работи никако не можат да гарантираат добар бизнис) и никако не ти иде? И шо сеа? ;)

Mногу е лесно онака по учебник, бизнис планови, истражување на пазарот, тантара пантара...џоа Доналд Трамп мултимилјардерска компанија ќе праиме. Во пракса, по исполнувањето на сите предуслови за стартување на добар бизнис или ќе ти тргне, или ќе рикнеш. Или ќе ти иде, или не. Многу заебани коцки треба да се поклопат, кои немаат врска ниту со истражувања на пазар, ниту со маркетинг ниту со ништо кое го спомнува современата економија како наука.
 
Мистичен напиша:

.
Робинсон во својата книга Organisational Behavior тврди дека постојат 2 типа на луѓе кога е во прашање перцепцијата на иднината: intrinsic and extrinsic. Во првата категорија спаѓаат оние луѓе што мислат дека судбината е резултат на некоја надворешен фактор (случајност, Бог итн) а во втората категорија спаѓаат луѓе што веруваат дека самите се творци на сопствената иднина и судбина и иднина и според самиот Робинсон а и спрема други наоди и истражувањаовие вторите имаат поголеми предиспозиции за успех. Така да ти самиот си тој што прави да ти се поклопат коцките. Среќата е фактор но не примарен. Или еве еден упростен пример. Студент А од 700 страни книга успева да научи 600 (значи вложува повеќе труд и не остава се на среќа и случајност). Студент Б ги учи останатите 100 страни и "се моли" да падне нешто од тие 100 страни. Колкави се шансите овој вториов да направи подобар испит од првиот?
 
Sega nakuso vaka: da ulovis mecka treba da otides vo visokite planini (SWOT, PEST,Porter's 5 forces,Value Chain analysis....i kako veke gi naredi Sussaro , ako ostanes na masa vo nekoe kafule ( so Boga napred ) : NIKOGAS ni mecka ni butur......no moze so denovi da talkas po toa visokite planini, a mecka da ne vidis...inaku vo sekoja soba na sekoj zid po koza od mecka bi imalo........ e toa detalot: da ja sretnes meckata, pa uste i da ne duva bocen veter... e toa se narekuva K'SMET :):):)!!!!
Za toa sto e MASALA drug pat :):)!!
 
Sussaro напиша:
.
Робинсон во својата книга Organisational Behavior тврди дека постојат 2 типа на луѓе кога е во прашање перцепцијата на иднината: intrinsic and extrinsic. Во првата категорија спаѓаат оние луѓе што мислат дека судбината е резултат на некоја надворешен фактор (случајност, Бог итн) а во втората категорија спаѓаат луѓе што веруваат дека самите се творци на сопствената иднина и судбина и иднина и според самиот Робинсон а и спрема други наоди и истражувањаовие вторите имаат поголеми предиспозиции за успех. Така да ти самиот си тој што прави да ти се поклопат коцките. Среќата е фактор но не примарен. Или еве еден упростен пример. Студент А од 700 страни книга успева да научи 600 (значи вложува повеќе труд и не остава се на среќа и случајност). Студент Б ги учи останатите 100 страни и "се моли" да падне нешто од тие 100 страни. Колкави се шансите овој вториов да направи подобар испит од првиот?
Eкономијата е наука - точно. Но, ајде малку да го разгледаме овој пример. Значи, имаме различни типови на луѓе:

1. Економист кој мисли дека самиот е творец на својата судбина
2. Економист кој мисли дека судбината е резултат на некои други фактори (случајност, бог...)
3. Човек без факултет кој отвара бизнис, и мисли дека самиот е творец на својата судбина.
4. Исто како третиот тип, само верува во к'смет.

Сите четворица ги направиле до детал сите подготовки и анализи за бизнисот кој го почнуваат. Или, без разлика, некој ги направил, а некој не. Е сега, кажи ми, дали со сигурност ти можеш или пак некоја наука може да одреди на кој ќе му процвета бизнисот, или не? Не според учебник кој има поголеми шанси, туку кој ќе успее во реалноста :)
 
Не и никој не може да ти каже со сигурност. Бизнисот е комбинација на наука и уметност. Ако си ти сликар никој однапред не може да ти каже дали сликите ќе ти се продаваат по 500 денари или по 300000 евра. Бизнисот како и животот е шанса која ти можеш да влијаеш на веројатноста. Ако тргнеш поподготвен ги зголемуваш шансите но не обезбедуваш 100% сигурност. 70-80% е подготовка останатото е среќа. Затоа и гласав за опциа 3 а не опција 4. Значи самиот ти си тој кој ја зголемува веројатноста а се друго...
 
Значи, пак се врти на тоа - роди ме мајко со среќа и фрли ме на ѓубриште :)
 
Зависи од мајката од буништето и секако од среќата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom