Колку е важен к'сметот за бизнисот...:)

  • Креатор на темата Креатор на темата Буковец
  • Време на започнување Време на започнување

Колку е битен к'сметот за развивањето на еден бизнис

  • Само к'сметот треба да ти заигра

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    19

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.ketering.com.mk
Дали мислите дека во почнувањето, а и водењето на еден бизнис поважна улога има ксметот или начинот на работа.
Вчера на маса падна муабет дали е поважно да имаш к'смет во Македонија, или да си врзан со "јаки" луѓе и да имаш сенс за бизнис.
Како пример беа наведени кафичите од улицата Македонија, т.е од Фуфо до Стара Железничка. Сите нудат скоро исти услови, а воопшто не работат исто.
Се однесува стрикно за македонското поднебје и македонските услови.
Чекам ваши коментари.

Еве од денес има и анкета.
 
Знам повеќе кафеани кои што се многу лошо да не кажам катастрофално уредени, хигиена на најниско можно ниво,услуга катастрофа,газдите уште поголема катастрофа, а работат ко луди и исто убаво средени објекти,добра услуга а работат многу слабо.Од ова произегува дека не ќе е само до начинот на работа,треба да ти игра и ксметот.:)
 
К'сметот не дека не е битен општо во животот, ама па не мислам дека секогаш е и пресуден. Ако немаш сенс за бизнис, како што вика Буковец, џабе ти е и целиот к'смет на свет да го имаш. А така за реденка кафичи кои не работаат исто има примери насекаде ... а зошто е тоа така се знае ... неможе да нудат сите исти квалитети и услови па едни да пливаат во пари, а другите не. Ќе кажам пример од мојот град (кога веќе почнавме за кафичи) ... има реденка кафичи што се наоѓаат до плажата ... преку лето сите се полни дека нормално има и гости и општо цел народ се движи натаму, па нема само еден кафич капацитет да ги собере сите, а на зима ... е на зима воопшто не работаат исто ... се знае каде има најубаво кафе, каде е културен и љубезен персоналот, каде имаат газдите повеќе сенс за работа и тие кафичи работаат подобро. Плукни се на среќата ако незнаеш барем еднаш на две години да го реновираш просторот, да внесеш нешто ново, да знаеш да привлечеш муштерии ... отсекогаш така сум мислела, тоа и кај мене си го практикувам и мислам дека е успешно, барем засега.:icon_lol:
 
Еве ќе кажам...Мое мислење дека ништо не е случајно кога е во прашање разработеноста на кафаните...барем тие што се моментално во тренд. Значи или треба да си добро врзан со одредена група на луѓе, или како што спомна Дивне, да правиш некои новости во кафчичот, да реновираш ли, да внесуваш било какви новитети.
Точно дека к'сметот има улога, ама само 5-10% Се друго е само сенс за бизнис и паметно работење.
 
Зависи за кој бизнис се зборува, за кафаните пресудно е баш тоа (за жал) т.е. оресудно е кој е газда - кој работи таму - кои луѓе одат, па после тоа доаѓа на ред услугата и квалитетот. Така функционира тоа тука кај на со Мкд :(. Во останатите бизниси, во производство на пример веќе полека се сменаа работите, муштериите бараат квалитет, бараат брза услуга и тнт (ЕУ ориентирани де :icon_lol:). Треба уште долго време да помине тука кај нас па некои основни бизнис шанси да станат рамноправни и реални, сеуште е многу важен фактот дали си "близок со власта" или не. Во било кој град тука кај нас правите "чорбаџии" се или тие на кои дедоим им оставил илјадници хектари ниви па сега тие успеале да ги "денационализираат" или пак тие што се на власт.
Вечерта кога наречниците ни го одредувале к`сметот ни го одредиле на сите ист: 150 евра во месецот, па ти ако сакаш и 5 кафани отвори.
 
Голем фактор е?
еве ти еден конкретен случај
Познаник отвори продавница,перална,работилница,салон за плочки и уште што не и сето крахира на истите места се отворија слични работи и живуркаат,туку само да поентирам .
Истиов тип моментално држи меанче со интересно име ДО КОГА ВАКА кое бај да веј сам си е кум
 
Си треба да ти упали кецот...ксмет си треба, ама и треба да се има барем малку сенс за бизнис....неможе ништо туку така да се случи...мора да има нешто што ке ги привлече муштериите...не е се до ксметот ама не е и се до парите и вложувањето...мора сенсот и ксметот да проработат во исто време за да тргне бизнисот.
 
Пред се , треба да знаеш и да умееш да се справиш со подемите и падежите, особено во областа на економијата. Ти треба знаење пред се. К`сметот е споредна работа, не дека не треба да имаш, али знаењето и способноста ги клавам пред се.
 
дефинитвно во се друго,а и во бизнисот и тоа многу е важен ксметот
 
Добро е да се има к'смет, ама побитен е начинот на работење
 
Johnny Stulic напиша:
Голем фактор е?
еве ти еден конкретен случај
Познаник отвори продавница,перална,работилница,салон за плочки и уште што не и сето крахира на истите места се отворија слични работи и живуркаат,туку само да поентирам .
Истиов тип моментално држи меанче со интересно име ДО КОГА ВАКА кое бај да веј сам си е кум

Епа тоа ти е до ксметот,примерот горе,што си има веза дали ке знаеш или незнаеш да водиш бизнис кога немаш ксмет
 
Sreka treba da se pocne biznis ama za da se odrzi treba poveke od sreka...treba znaenje
 
Треба к`смет, ама мислам дека тоа не е пресуден фактор за успех во бизнис. Пред се треба да имаш големи познавања во струката и да си рационален за да успееш. А и без познанства, како што наведовте ”јаки” луѓе, потешко е да успееш.
Еве за незнаење ќе кажам пример за тоа се голем дел од градежниците (урбана мафија), чие мото беше само да се почнуваат нови градби на многу локации во исто време, и како резултат на нерационално работење голем дел од нив имаат проблеми со ликвидноста и наравно пропаѓаат.

Значи за да успееш треба да имаш пријатели, к`смет, знање, но би додал и да не си ептен лаком за брз успех, кој според мене е повеќе среќа отколку знаење.
 
Треба да имаш ксмет да некој бизнис да тргне на арно...Ама не е ксметот пресудна ствар.Треба малце мозок не само ксмет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom