BOJ@N
Штрумф Текнувало
Воз побрз и од авион. Кинезите се пофалија со светски рекорд за најбрз патнички воз. Ако досега се патуваше од Пекинг до Шангај 10 часа сега тоа е скратено на помалку од 5 часа.
На тест возењето беше измерена брзина од 486,1 километри на час, со што се сруши светскиот рекорд за најбрз патнички воз. Оваа брзина возот ја постигна на специјални шини поставени помеѓу градовите Заожунг и Бенгбу.
Кина најавува дека е можно оваа патничка линија да профункционира во јули идната година.
Оваа линија е од суштинско значење за Кина бидејќи ги поврзува најголемите два града во најразвиените економски области, па така оваа релација е една од најексплоатираните.
Досега Кина има пуштено во употреба повеќе брзи возови, меѓутоа овој ќе биде најзначаен и најкорисен.
А1
__________________________________
1300 км за 5 часа.
Тоа не е ништо во споредба со нашата железница
180 км за 6 часа.* (БТ-СК)
__________________________________
* ако воопшто стигне до Скопје.

Една од најголемите железнички линии помеѓу Пекинг и Шангај, која е во изработка и чини 32,5 милијарди долари, со должина од 1.326 км, ќе биде отворена во 2012. Времето на патување помеѓу овие два града ќе биде намалено дури за 5 часа.