Анкета на Дневник: Македонците не и веруваат на ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата GORAZDS
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
getImageThumbnail.php

Мнозинството македонски граѓани немаат доверба во политиката на Европската Унија (ЕУ) кон Македонија, открива новата анкета на "Дневник", тематски посветена на напредокот во интеграциите на земјава во ЕУ и во НАТО што ја спроведе агенцијата "Рејтинг".

Од испитаниците, 60 отсто одговориле негативно, додека 38 проценти рекле дека имаат доверба во политиката на Унијата кон државава. Истражувањето на јавното мислење покажува екстремни разлики во ставовите на двете најголеми етнички заедници: додека 72 отсто од Македонците немаат доверба во политиката на ЕУ, а само 24 отсто имаат, кај Албанците 74 проценти се изјасниле позитивно, а само 24 отсто негативно.
Кај партиските рејтинзи, ВМРО-ДПМНЕ останува во водство со 26,7 проценти поддршка, следува СДСМ со 15,4 отсто, па ДУИ со рејтинг од 7,3 отсто, ДПА има поддршка од 2,9 отсто, додека Нова демократија ја поддржуваат 1,6 процент. Обединети за Македонија се со 1,8 отсто рејтинг, а ЛДП со 1,4 процент. Неопределени меѓу оние што сигурно ќе излезат на следните избори се речиси 40 отсто од анкетираните.

Истражувањето е спроведено телефонски, во периодот од 20 до 23 ноември, на репрезентативен примерок од полнолетно население од 1.080 испитаници, пред случувањата поврзани со "А1", а по појавувањето на наводни досиеја за челниците на ДИУ./Дневник
извор:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=67979


До кога ке не лажат со вакви глупави анкети не ми е јасно.
 
што ја спроведе агенцијата "Рејтинг".
Секој месец по 2-3 агенции :)
И јас се поведов по овие анкети, но по укажување на еден форумџија сфатив дека истите се гола вода. Ниту кој им е примерок, ниту кого анкетирале...абе еднаш мене што не ме прашаа, макар за било што...за кучиња, хомосексуалци.
Друго што го имам потенцирано и кај оној со анкетата за хомосексуалците
Истражувањето е спроведено телефонски
од каде им телефони, дали има правен основ да ги земаат/користат броевите без согласност на граѓаните...и така натаму. Битно е...лошо-граѓанинот нема многу да му се дума околу овие прашања, но веднаш ќе си вреже во глава -аха, значи албанецот сака ова, македонецот она...ние не сме за да живееме заедно, оваа партија си ја сака земјата, онаа не...аха, ...и слични "размислувања" кои секојдневно ги слушаме по пазарите и пиљарите.
Перење мозок со инка, а римјаните културно го нарекле дивиде ет импера
 
Ниту кој им е примерок, ниту кого анкетирале...абе еднаш мене што не ме прашаа, макар за било што...за кучиња, хомосексуалци.
Стварно и мене ме интересира, бил ли некој на форумов или па некој што го познавате некогаш анкетиран телефонски?
 
Стварно и мене ме интересира, бил ли некој на форумов или па некој што го познавате некогаш анкетиран телефонски?
Немаме ние такви телефони ,тие се специјални т.з. анкетарски ,и сите се со бројот 000 000 000 ,ама одлично фунционираат.
 
Зарем не мислите дека сето тоа е пропаганда?
 
абе каква ЕУ нека си ебат матер....
 
Јас па баш мислам дека веродостојна е анкетата. И тука на форумов кога се дискутира исто приметувам голема доза недоверба во ЕУ, и јас самата немам доверба во ЕУ.
 
Јас па баш мислам дека веродостојна е анкетата. И тука на форумов кога се дискутира исто приметувам голема доза недоверба во ЕУ, и јас самата немам доверба во ЕУ.

Колку шо сфанах,тука членовите викат дека никој телефонски не ги анкетирал,од дека ги вадат тие податоци?Ни на нас никојпат не се ни се јавиле...
 
Зарем не мислите дека сето тоа е пропаганда?

Се е пропагнда. Се што се појавува во печатени или телевизиски медиуми. Целото општество е продукт на пропаганда. Е сега ние сме тие, кои веруваме во што ќе веруваме, т.е веруваме во однос на нашите перцепции.

Што се тиче истажувања на јавното мислење, има одредени шеми како се прави тоа. Одредени правила на истражување, каде што сите имаат еднакви шанси да бидат испитани.

--- надополнето ---

Колку шо сфанах,тука членовите викат дека никој телефонски не ги анкетирал,од дека ги вадат тие податоци?Ни на нас никојпат не се ни се јавиле...

Па форумов е мал процент на луѓе. Телефонските истражувања се прават по одредени пресметки каде што преку одреден систем (компјутерски) се избацуваат броеви преку кои се гласа. И мене никогаш не ми се јавиле, ама би одговорила дека немам доверба.
Кога се врши телефонско испитување не се јавуваат кај сите корисници на телефон туку random се бираатда речеме 2000 испитаника.
 
и вие чудни кој оној францускиот амбасадор..како сме сакале во нато а не сме сакале да го смениме името


истото е тука

ги сакаме фондовите на европа - а искрено од срце ја мразиме политиката и односот на старата курва спрема нас - Македонците
 
у последно време многу анкети искочија бе.. се кој од кој по експерт
П.С ја не и верувам на ЕУ... и они праат гомнарии али ај
 
Стварно и мене ме интересира, бил ли некој на форумов или па некој што го познавате некогаш анкетиран телефонски?

До 2008ма редовно ме анкетираа на домашниот телефон. Од избори до дали користам интернет, до доверби... и познавам уште неколку на кои редовно ги анкетираа.
Последниве две години зачестија резултати од анкети но нити се јавиле, нити познавам некој што го анкетирале телефонски.
Изгледа не им се допаѓаа одговорите или не знам што
или она најочигледното во поголем дел ги измислуваат или строго одредена клапа на луѓе со одговори кои им одговараат на нив
 
Стварно и мене ме интересира, бил ли некој на форумов или па некој што го познавате некогаш анкетиран телефонски?

Кајмене еднаш се јавија за некоја анкета за цигари, имав слободно време а и соговорничката беше многу фина :) па одговорив на неколкуте прашања, и то..
 
Кајмене еднаш се јавија за некоја анкета за цигари, имав слободно време а и соговорничката беше многу фина :) па одговорив на неколкуте прашања, и то..
хаха и шо те прашуваа... шо цигари пушиш. колку пари се кои цигари ги познаваш наброј 3 марки на цигари кај купуваш дали у штека или по кутија.. :)

имам и ја правено такви анкети.. еднаш ми се јавува еден дечко и му викам Правиме анкета за цигари дали сте пушач - ДА - какви цигари пушите - КОЖНИ !!!!!
збеснав од смеа ! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom