Врнежи од снег предизвикуваат тешкотии во сообраќајот во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата VaZoLjIN
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
27/11/2010 13:35:00


thumbnail.php



Новите врнежи од снег во Шкотска и во североисточна Англија, како и во централните и југозападните делови на Велика Британија, предизвикаа тешкотии во сообраќајот во реоните зафатени со невремето, пренесува дописникот на МИА од Лондон.
Проблемите се усложнуваат поради невообичаено ниските температури за ова време од годината, кои предизвикуваат многу од локалните патишта во земјата да бидат затворени, а на магистралните да мора да се вози со голема претпазливост.
Во Шкотска и во северните делови од Англија има околу дваесетина сантиметри снег, додека во централните делови од земјата снежната прекривка не е поголема од десет сантиметри.
Досега најмногу снег падна во северен Јоркшир, околу 30 сантиметри, што единствено ги зарадува децата, но за возрасните предизвикува големи проблеми.
Најниската температура ноќеска е измерена во северните делови од Велс, од минус десет степени Целзиусови.
Снегот и студот предизвика желеничкиот сообраќај да се одвива со доцнење на возовите што од Лондон тргнуваат кон северот на земјата, додека авионскиот сообраќај во реоните зафатени со снегот е пореметен поради подмрзнатите писти или поради мали оштетувања на аеродромските инсталации.
Аердоромот во Њукасл е отворен, но сообраќајот се одвива отежнато, особено откако пред два дена таму се случи инцидент кога чартер авионот на туристичката компанија "Томсон" ја промаши пистата при слетување и делумно заврши во полето.
Немаше повредени во овој инцидент, но воздухопловните власти одлучија да ги затворат аеродромот во Норич и во уште неколку помали места.
Поради студот и ниските температури во Шкотска затворени се преку 160 училишта, додека во англиските области зафатени со снегот двојно повеке училишта не работат и неизвесно е дали ќе ги отворат вратите во понеделник.
Во Лондон нема снег и сите аеродроми работат нормално и покрај мошне ниските температури.
Вчера и денеска измерени се минимални температури од минус цетири степени и има мраз, но тој не предизвикува застој во патниот сообраќај, како што тоа се случува на северот од земјата.
Метеоролозите предвидуваат дека ваквото време ќе остане и во првата половина од идната недела. Дотогаш максималаната температура во британскиот главен град нема да биде повисока од два степени, додека минималната ќе продолжи да биде под нулата.




Хрватска заглавена во снегсабота, 27 ноември 2010
x.gif
Снегот кој вчера почна да паѓа во Хрватска предизвика хаос во сообраќајот во државата
sneg-hrvatska-300.jpg


Во текот на ноќта во неколку региони на Хрватска снежната покривка достигна 30 сантиметри. Неколку населени места останаа без напојување со електрична енергија откако поради висината на снежната покривка едно дрво падна врз далновод. Хрватските власти соопштија дека магистралата Загреб-Риека денеска е отворена за сообраќај и оти задолжително е во автомобилите да има зимска опрема. Во Црна Гора во реон на општина Жабљак снежната покривка достигна 43 сантиметри.

Температура под нулата во цела Европа

prazno.gif
prazno.gif
28.11.2010 17:32
sneg-evropa.jpg

Цела Европа со температури под нулата. Првите жртви на студот се пронајдени во Чешка и Полска. Во чешкиот град Брно, синоќа на улица бил најден 41-годишен маж за кој се претпоставува дека починал од студ.
Замрзнати тела биле пронајдени и во Полска. Во овој дел од регионот температурите се движат од минус шест до нула целзиусови степени.
Земјите во Европа се затекнати од обилни врнежи од снег. На северот од Велс се измерени минус 17 целзиусови степени, најниска температура во ноември од 1985. година.
Луѓето изненадени, не очекувале вакви ниски температури.
„Падна толку многу снег во една ноќ. Ова е изненадување после топлото време до неодамна“, вели жител.
И додека Европа се смрзнува, издржливите Руси се радуваат на првиот снег.
„Ова е прекрасен ден, долго го чекавме снегот да дојде, убаво е да се види вакво време“, рече Алексеј Климанов, граѓанин.
Метеоролозите предвидуваат дека од утре ќе дува ветер од Сибир и ќе биде многу постудено. Отежнат е и авионскиот сообраќај, а возачите во најтешко погодените области се предупредени да бидат внимателни и да не тргнуваат на пат освен ако не е неопходно.

314511556_d193dd6295.jpg


316408546_b1c4bb249e.jpg











Ајде аирлија што побрзо и кај нас.......
 
Кога ке дојде бе снегот кај нас многу обожавам да врне снег нез денеот ми го разубавува
 
Ваков снег сакате, да не можеш нормално да функционираш ?
 
Ваков снег сакате, да не можеш нормално да функционираш ?

После ќе пцујат во ДК дека не можеле да стигнат на работа/школо на време, улициве низ град биле ко низ село и сл. :)
 
Груевски и владата се криви што ни касни снегот...мамата нивна!:vozbud:
 
После ќе пцујат во ДК дека не можеле да стигнат на работа/школо на време, улициве низ град биле ко низ село и сл. :)
Замисли чудо никаде не треба да одам спрема заедничко синхронизирано време, односно кога ќе отидам ќе отидам и затоа сакам вакво време.
 
Мрзам снег од дно на душа ,не може да разберам како глуп копиљ сум бил кога се радував на снегот.
Овде го има две недели ,пцујам бетер од чичко купмлуг секој ден кога ја чистам колата од снег.
 
Замисли чудо никаде не треба да одам спрема заедничко синхронизирано време, односно кога ќе отидам ќе отидам и затоа сакам вакво време.

Епа не се сите како тебе. А ако ти можеш да пролонгираш работни обврски некој не може. Со снег од 2 метри и смрзнати коловози тешко е човек да функционира нормално.
 
Na Žabljaku pola metra snega


news_50612.jpg



Na Žabljaku je jutros izmereno 43 centimetra snega, koji i dalje slabije pada, pri temperaturi koja je jedan stepen ispod nule, ali je subjektivni osećaj kao da je minus sedam stepeni Celzijusa, saopšteno je iz Hidrometeorološkog zavoda Crne Gore.


Iz Auto-moto saveza upozoravaju na dodatnu opreznost s obzirom na to da su kolovozi mokri i klizavi, a tamo gde ima snega neophodna je i zimska oprema.

Ќе биде вака нешто:

mp_main_wide_RailwaySnow1880_452.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom