Зошто ни пречи двојната формула за името?

  • Креатор на темата Креатор на темата VaZoLjIN
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Пријателска рака на солунскиот граданочалник
3B80722614E4794AB98EFB8E645F8445.jpg

Јанис Бутарис сака да ги остави националистичките препукувања за името во минатото
Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Новиот солунски градоначалник, Јанис Бутарис, во следните пет години ќе се обиде да влијае позитивно на отворање на хоризонтите на солунчани, особено на оние што потпаѓаат под националистички страсти.

„Треба да ги убедиме фанатиците дека туристите и посетителите од нашиот северен сосед не можат само да ни оставаат пари по супермаркетите и хотелите. Зошто толку да ни пречи двојната формула? Големиот предизвик за мене е да ги зближам двете срца на Солун, и она со либерални и тоа со понационалистички ставови. Ако успеам, тоа ќе биде крај на едно важно поглавје“, изјави Бутарис во интервју за весникот „Етнос“.

Во разговор за солунскиот весник „Македонија“, Бутарис тврди дека негова цел ќе биде да се обиде да направи промени во менталитетот на солунчани. „Треба да престане фанатизмот од типот ’Македонија е грчка‘. Кој има приговор дека Македонија е грчка? Особено јас бидејќи сум Влав!“, забележува новиот солунски градоначалник, објаснувајќи дека неговото семејство има потекло од Крушево и од Леринско.

Бутарис е првиот градоначалник од левицата по 24 години десничарски градоначалници во Солун. Важи за успешен бизнисмен и филантроп, но и личност со полиберални ставови во врска со голем број контроверзни прашања за дел од поконзервативните жители на Солун, како што е прашањето за името, несогласувањата со Турција околу самата историја на Солун, отвореноста за бракови меѓу хомосексуалците, религиозноста и неговиот спор со солунскиот митрополит Антимос.

Бутарис, во интервјуто за „Етнос“, забележува дека само националистите се сомневаат во неговиот патриотизам и љубов за државата. „За мене патриотизмот не значи дека треба цело време да мавтам со грчкото знаме“, истакнува новиот градоначалник.

За разлика од досегашните градоначалници, кои својата работа ја започнуваа со благослов од митрополитот Антимос, Бутарис поради поотворените ставови уште од изборната кампања е во лоши односи со митрополитот, кој дури и му испрати отворена закана дека никогаш нема да дозволи да стане градоначалник. Сепак, Бутарис не обрнува големо внимание на заканите и отворената контра од страна на митрополитот, забележувајќи дека не сака мешање на Црквата во неговата работа како градоначалник.

Дали нешто почнува да се менува?
 
Е па човекот си има потекло од Македонија, и сигурно почесто бил во контакт со наши луѓе и знае како тие размислуваат,се чувствуваат и што мислат во врска со ова прашање. А штом е успешен бизнисмен неговите хоризонти кон светот се широко отворени. Само ке видиме дали понатаму ке припаден под нечие влијание па да го смени мислењето. И пљус влав е така да припадник на "малцинството" е, а сите ние знаеме кои права ги имаат малцинствата во Грција. Човекот најверојатно е добро запознаен со тие права на малцинствата, или подобро кажано неправа на малцинствата.
 
Според ова што е напишано во текстот ( ако е вистина ) овој ми изгледа на паметен човек. Но, менување на име неможе да има во никој случај, барем не за да се задоволи грција и нејзините западни пријатели.
 
Se e jasno za sto se raboti braka , ovoj znae tocno od kade e i od kade poteknuva , taka bi reagiral sekoj normalen covek .... Samo ova za homoseksualcite ne mu treba , ova da go trgne od pametot i da zavzeme po radikalen stav mislam deka treba da go izberat grcive i pretsedatel da im bide !

--- надополнето ---

Eve uste nesto niz ulicite na Solun sto zname se vee , abe brakja , sto e nase ke si dojde , gleda nekoj odozgore !

--- надополнето ---

Lele da dojde den da se obedinime mislam deka ke puknam od sreka , a Grcija uste nekoj kredit od po nekoja milijarda i nema da bide daleku toj den !
 
грешка има...

„Треба да ги убедиме фанатиците дека туристите и посетителите од нашиот северен сосед не можат само да ни оставаат пари по супермаркетите и хотелите.

Во точната, оргинална изјава не не' вика “туристи и посетители од северен сосед’’ туку “Скопјани’’. Така да не паѓајте во заноси дека се сменило нешто посебно.
Ова ти е класичен грчки левичар, какви шо ги имаат за извоз и кои што никој на гз не ги седнува таму. Сакал да испозира нешто, ама душа не му даде да не нарече Македонци туку Скопјани, све у пичка на тој што го преправал текстот.... а да, дур сме кај реченицава, видете како што не гледаат комшиите... може и ќе ви светне нешто...
 
Текстов е од утрински:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C12BD31B889C234D9DDDB47EB54FC270

И еве да речеме дека човеков има Македонско потекло и сака да им помогне на Македонците во грција.Дали сваќаш што ќе му се деси ако отворено не нарече Македонци нас "скопјаните"
Да го изјавел ова пред изборите ќе помислам дека ги купува Македонските гласови во Егејска ама ова е го изјавува одкако е избран за градоначалник.Кога би дозволиле грците решавање на спорот со двојна формула уште утре ќе беше решен.Ама не се сите либерални како него така да.........
 
Во никој случај на Грците не им одговара двојна формула со оглед на тоа што нивната цел е промена на нашиот идентитет, име и јазик, а со двојна формула нцки што ќе добијат тоа. На сите ни е јасно дека не се работи за промена на името за во ЕУ и НАТО.
 
Сваќам,затоа и "споров" никогаш нема да биде решен.Решението е невозможно.Освен ако не исчезнеме ние Македонците друго решение не постои.А штом сме опстанале 2000 год. под окупација ќе тераме уште долго.
 
ко не исчезнеме ние Македонците друго решение не постои..

Охохоо, па Грците во тоа се крстат. :)
Али па и тие ко да не не знаат. Не можат да не ****, колку што ние можеме да издржиме. :icon_lol:
 
Охохоо, па Грците во тоа се крстат. :)
Али па и тие ко да не не знаат. Не можат да не ****, колку што ние можеме да издржиме. :icon_lol:
Немаат шанса ,ке им направиме тампон зона на “левата страна на кејот“ таму сме биле најјаки и може да тераат до 101 и назад :pos:
 
ова е вест стара 3 дена прв пат кога ја прочитав “Скопјани’’ беше, во меѓувреме овие ја дотерале малце.

И еве да речеме дека човеков има Македонско потекло и сака да им помогне на Македонците во грција.Дали сваќаш што ќе му се деси ако отворено не нарече Македонци нас "скопјаните"
Да го изјавел ова пред изборите ќе помислам дека ги купува Македонските гласови во Егејска ама ова е го изјавува одкако е избран за градоначалник.

прво баце, треба да разбереше дека светов не го водат “либералните’’, тоа не постои, тоа е само младешки трип. Да бил овој доследен на “либералноста’’ и во кампањата ќе се залагал за вакво нешто, па ќе видевме каде ќе беше градоначалник.
Тоа што сега го кажува како став го прави само позер, како секој малоумен и неблагодарен грк од неговата политичка страна и овој сака само да изглуми бунтовност некоја.
Или мислиш им го сместил убаво као “ви го турив, ме избравте, сеа ќе видите’’

второ големо значење им даваш на тие “македонски гласови’’, размисли зошто не се кандидирал Македонец никогаш таму за позиција....
 
ова е вест стара 3 дена прв пат кога ја прочитав “Скопјани’’ беше, во меѓувреме овие ја дотерале малце.

прво баце, треба да разбереше дека светов не го водат “либералните’’, тоа не постои, тоа е само младешки трип. Да бил овој доследен на “либералноста’’ и во кампањата ќе се залагал за вакво нешто, па ќе видевме каде ќе беше градоначалник.
Тоа што сега го кажува како став го прави само позер, како секој малоумен и неблагодарен грк од неговата политичка страна и овој сака само да изглуми бунтовност некоја.
Или мислиш им го сместил убаво као “ви го турив, ме избравте, сеа ќе видите’’

второ големо значење им даваш на тие “македонски гласови’’, размисли зошто не се кандидирал Македонец никогаш таму за позиција....

Сакаш да кажеш "не постојат" или "малце се"
И кај нас до лани немало албански кандидат за председател - не значи дека немаше ни албанци.
 
Сакаш да кажеш "не постојат" или "малце се"
И кај нас до лани немало албански кандидат за председател - не значи дека немаше ни албанци.
Мислам дека сака да ти каже дека на овој му се одбројани деновите и знае дека нема никогаш више да победи на избори па си кажува тоа што му лежи на срцето.Истата приказна ти е со сите екс амбасадори ,премиери и прецедатели на странски држави кои кога се на власт имаат пинг понг топче во грлото , а после тоа даваат изјави како спорот бил измислен, името да не го даваме,дека Гејлада не е во право и сл.
 
Ништо нема да се смени се додека нашиот став останува ист и преговорите продолжат. Додека сакаме да ја покажеме нашата флексибилност во спорот пред меѓународната заедница, губиме територија во оваа „војна“ и ја ставаме Грција во се поповолна позиција. Наместо сега, додека Грција е на колена, да се превземат некои радикални чекори, македонците им даваат финансиска инекција секој ден, одејќи таму на шопинг, одмор или обична прошетка, оставајќи ги парите на држава која ги троши против нив (купувајќи оружје (читај поддршка) од Франција, плаќајќи новинари, политичари и други лобисти).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom