- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Прилепчанец го донесе Дубаи на Кожуф
На инвеститорите од интернационалната групација „МГ“ две години им ја раскажував македонската приказна, пред тие да решат да дојдат на Кожуф, а кога ја видоа планината, таа ги одушеви, раскажува прилепчанецот Блаже Пецески, кој живее и работи во Велика Британија
За 200 милиони евра е продадена приказната за Македонија и за убавините на планината Кожуф, што на странски инвеститори им ја „продал“ 43-годишниот прилепчанец Блаже Пецески кој живее во Велика Британија. Ски-центарот „Кожуф“ потпиша договор за стратегиско партнерство со интернационалната групација „МГ“ со седиште во Дубаи, која станува мнозински акционер во центарот. Групацијата, како што беше соопштено на минатонеделната прес-конференција, се обврзува да инвестира 200 милиони евра за целосна реализација на проектот „Кожув“.
Иницијативата потекнала од Пецески, кој дваесетина години живее надвор од Македонија, а сега работи во Лондон, каде што имал своја такси-компанија.
- Пред две години купив плац на Кожуф, онака на слепо. Ниту еднаш пред тоа не сум бил таму. Мој пријател, оптичар од Прилеп, ми рече купи плац на Кожуф, нема да згрешиш. И купив. Му верував на пријателот кој е спортист. Првиот пат дојдов да ја видам планината сам и беше тоа љубов на прв поглед. Ме одушеви недопрената природа на Кожуф и теренот кој нуди различен вид туризам. Ме одушеви и настојувањето на луѓето од ски-центарот таа природа да се зачува и да се претвори во место за адреналински спортови, без притоа да се направи и најмала штета - раскажува Пецески.
Импресиите од Кожуф им ги раскажувал на своите клиенти, личности од бизнисот, кога тие користеле услуги на неговата такси-компанија во Лондон. Приказната за македонската убавица ја слушнале и претставници на „МГ“ кои во меѓувреме му станале и пријатели, па се заинтересирале.
- Две години им ја кажував приказната за Македонија. Ми требаше време да ги убедам да дојдат. Пред осум месеци заедно бевме на Кожуф, за самите да се уверат во потенцијалот што го нуди планината. Сега веќе немаше потреба од убедување, видоа дека овде вреди да се инвестира. Беа импресионирани - вели Пецески.
Подоцна заедно уште двапати се искачувале на над 2.000 метри надморска височина.
- Мечка не видовме, ама видовме мечкини траги. Знам оти ги има таму. Но, тоа е добро и доказ дека природата е зачувана - продолжи тој.
Неговата животна приказна во странство ја почнал како работник во кујна. Откако завршил средно училиште во земјава, се вработил како ветеринарен техничар, но не се задоволил со тоа. Го владеел англискиот јазик, па заминал во Велика Британија да го вкуси животот, како што вели, во западна земја.
- Почетокотот беше многу тежок. Прво се борев да најдам работа и наоѓав само нископлатени работни места. Почнав во кујна каде што бев помошник. Миев садови, па напредував. Кога се одлучив да заминам таму, бев спремен на се'. Ја прифатив вистината дека мора да се почне од нула. Потоа работев во градежништво, па бев курир со мотоцикл и на крајот со помош на кредити регистрирав такси-компанија. Во пракса, ние вршиме луксузен превоз за ВИП-личности - објаснува Пецески.
Неговите клиенти, вели, малку знаеле за Македонија и за Македонците.
- На шега им велев дека јас сум еден од последните Мохиканци. Македонија обично ја мешаат со Молдавија, немам поим зошто. Еден од нив побара да избројам до десет за да се потсети со чиј јазик е сличен нашиот. Потоа рече дека го потсетува на рускиот - раскажува тој.
Меѓу оние што седеле во автомобилот додека тој возел вели дека биле повеќе познати личности меѓу кои и сопругата на поранешниот британски премиер Тони Блер.
Пецески раскажа и за својата страст кон падобранството, возењето теренски мотор, летање змејови... Летал и со параглајдери на мотор, а кратко време во Македонија се занимавал и со нивно производство и извоз. Сега ја добил улогата на супервизор на Кожуф и вели ќе биде почесто тука.
- Моја задача е да се грижам инвестицијата да се користи беспрекорно. Во иднина, кога ќе заживее центарот ќе настојувам повеќе време да го минуваме во Македонија - вели Пецески.
Тој е оженет за Македонка и има две деца.
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A8E3FE2BEAAE1C489259DA0A1104BEB5