Груевски евакуиран поради пожар

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Поради пожар во хотелот во лондон во кој беше сместен премиерот Груевски, беше евакуиран од безбедносните служби.

grujolondon_36767.jpg
Сето ова се случи првата вечер од тридневната посета на Обединетото кралство.
По завршувањето на средбата со иселениците во македонската амбасада, делегацијата замина кон хотелот во кој престојуваа.
Десетина минути по 23 часот по централно европско време безбедносните служби го евакуирале Груевски преку излезите за итни случаи. Истовремено беше евакуирана и целата делегација надвор од зградата.
Половина час подоцна пожарот кој избувнал на погорните катови, беше локализиран и на сите гости им беше дозволено да се вратат во своите соби.
Според информациите од самото место, животите на гостите не биле доведени во опасност поради брзата интервенција на безбедносните служби. Причините за пожарот се уште се истражуваат.
Груевски утредента се сретна со британскиот премиер Дејвид Камерон со што стана првиот македонски премиер кој официјално влезе на Даунинг стрит 10.


Извор: Сител ТВ
 
Што се не прават вмровциве за да го зголемат рејтингот на вождот.

Шегата на страна, сметате дека пожаров бил случајност?
 
ах бранко бранко што све не ќе направиш за на власт да дојдеш :pos:
 
хаха чекај сеа и некое видео да излезе
 
Што се не прават вмровциве за да го зголемат рејтингот на вождот.

Шегата на страна, сметате дека пожаров бил случајност?

Ако некој со ова сака да си го зголеми рејтингот тогаш марш од политичката сцена во Македонија.
Да, мислам дека пожарот бил случајност.
 
Што се не прават вмровциве за да го зголемат рејтингот на вождот.

Шегата на страна, сметате дека пожаров бил случајност?

Сами не верувам дека го подметнале хахаха, тоа бранко може да го средил само
 
И да изгореше ке му дигневме еден споменик
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom