Живот... длабоко - под кората

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Во најдлабокиот слој на земјината кора за прв пат се откриени знаци на живот а аналитичарите на новата биосфера сугерираат дека е можно живот да постои уште подлабоко, под кората.

При хипотетичко патување до центарот на Земјата, почнувајќи од морското дно, би се минувало низ седимент, низ слој од базалт а потоа би се дошло до слојот од габро, кој што се наоѓа директно над земјината наметка.

5A3F63E480227D4887F41C67AE49757C.jpg

Тимот предводен од Стефан Џованони од Државниот универзитет Орегон во Корвалис успеал да издупчи до 1.391 метри длабочина во слојот од габро, каде што температурата достигнува 102 степени. На таа длабочина тие пронашле колонии на ретки бактерии.

Но, групите на едноклеточни организми што ги откриле во слојот со габро биле многу поразлични. Генетските анализи покажале дека за разлика од нивните “соседи“ од погорните слоеви, бактериите од слојот со габро евоулирале за да се хранат од јаглеводороди како метан и бензен, слично како бактериите што може да се најдат во загадена почва.

Тоа пак, може да значи дека бактериите не се развиле во кората на земјата, туку се спуштиле во неа.

“Оваа длабока биосфера е многу важно откритие,“ изјавил Ролф Педерсен од Универзитетот Берген, истакнувајќи дека реакции при кои абиотично се создаваат нафта и гориво во внатрешноста на кората може да се случат во земјината наметка, што значи дека живот може да постои и уште подлабоко.


Може требаше темава да си ја отворам кај мене :D ...да не излезе дека всушност постојат и оние "интелегентните" од Шамбала :vozbud:
 
Лелее, ова е ко сценариото од Пат кон центарот на Земјата од Жил Верн. Одсекогаш сум ја сметала таа книга за бесмислена, ма каков живот таму.
 
Кога си млад и ја читаш книгата, си замислуваш како едни такви мали човечиња истражуваат под земјата и се надеваш дека ќе стигнат некаде, ќе најдат нешто. :)
Исто и со 20.000 милји под морето, ама тоа подруго е, вода има, апла вода.

Абе, живот има, таму долу. Ама како идеш надолу, незнам дали некој копал над 10-12 метри и нашол нешто??? Има,.... ама за тоа другпат

--- надополнето ---

Кога си млад и ја читаш книгата, си замислуваш како едни такви мали човечиња истражуваат под земјата и се надеваш дека ќе стигнат некаде, ќе најдат нешто. :)
Исто и со 20.000 милји под морето, ама тоа подруго е, вода има, апла вода.

Абе, живот има, таму долу. Ама како идеш надолу, незнам дали некој копал над 10-12 метри и нашол нешто??? Има,.... ама за тоа другпат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom