Петиција до УНЕСКО против дискриминацијата на Македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Локација
јужно од бурегџилницата на аголот
Доколку постои слична тема или е на погрешно место слободно поправете ме .....

Хомоелиниве на сите можни начини се обидуваат да не избришат од лицето на светот....(можат де се колат меѓусебно....но по тоа прашање сите се обединети). Дури им успеа да постават кукавичко јајце во Обединетите Нации...и Мекедонскиот јазик привремено да биде избришан од регистерот на ОН.

До кога ќе го трпиме ваквото однесување....до кога со наведната глава ќе трпиме понижувања...до кога ќе чекаме некој друг да се залага за нашите права наместо ние самите?

Една политичка партија иницираше петиција до УНЕСКО со цел да престане дискриминацијата на Македонскиот јазик. Иако лично сметам дека вакви петиции не треба да бидат иницирани од политички партии, сепак сметам дека петицијата ги надминува партиските интереси и е во полза на сите нас. Не само на Македонците туку и на сите луѓе во светот кој ја ценат својата слобода и својот идентитет. Ова што денес ни се случува на нас Македонците....утре може да му се случи на било кој народ...

Затоа на момент заборавете на вашите предрасуди....и застанете зад оваа петиција....покажете им на лицемерните политичари дека луѓето не се само статистички податоци со кои лесно се манипулира.

Петицијата можете да ја потпишете online:
http://www.petitions24.com/dom_peticija_do_unesco_2010
 
Па ми стои некако иста со оваа

btw апсолутно ја подржувам петицијата и мислам дека сите треба да ја прошириме по социјалните мрежи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom