Самит на НАТО во Лисабон, Македонија надвор од агендата

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Што ќе се случи тешко е да се прогнозира. Но дека ќе ја влечкаат работата од следните избор тоа е факт. Е после тоа зависи кој ќе победи и како ќе му биде насаден умот. Одложувањето може е добро зошто може да се добие подобра позиција и повеќе попусти од Грците зошто тоа што сега го прифаќаат е незамисливо за некого во МК. Така барањето за поинтензивни преговри и побрзо решавање на спорот нема апсолутно никаква логика во овој момент. Глумење преговори е добра работа може истото и вечно да се прави. Како декалративно несме лоши и преговараме ама не сакаме договор нешто што и Грците го сакаат. Може играта ќе се игра уште многу долго се додека Шумарот (САД) не ги избрка. Тешко е да се предвиди било што но решение нема да има наскоро.
ДПМНЕ е го реши ова се сомневам дека некогаш ќе го направи бидејќи ќе ја изгуби целосно подршката на членството, референдум најверојатно ќе пропадне. А нешто доволно добро што може да се протне со пропаганда тешко ќе се појави во иднина. Шансите се мали.
СДСМ не ми се вериува дека ќе дојде на власт во 2012 поверјатно е 2016 ама до тогаш ќе се сменат доста работи. И тешко е да се предвиди што ќе направат тогаш и колку ќе биде обработен народот од разни пропаганди кој сугерираат промена на уставното име и дали Грција ќе биде исто помека за 6-10 години. Може но далеку е од сигурно.
Значи МК во НАТО неможе да се надева на следните 6-10 години за ЕУ 10-15 години (ова може и да е најоптимистичка проценка).
До тогаш грција ќе стане анархистичка а нато и еу ќе бидат организации на хартија. Нели гледаш дека се зголемува тензијата меѓу нив ...
Тогаш не ни ни требаат нато и еу уствари и сега не ни требаат ... америка паѓа :)
 
Нити Америка паѓа нити Европа паѓа.Никогаш и не паднале.Можеби нема да бидат НАТО или ЕУ но дека тие ќе кројат и ќе сечат тие ќе бидат.А дека ние паѓаме и тоа е точно.Ај да правиме падни стани ама нас изгледа ќе нема ни кој да не крене.
 
Прво во НАТО, после странски инвестиции

25.11.2010

Засега не може да се смета на странски инвестиции во слободната економска зона што треба да се гради кај прилепското село Алинци, на површина од 67 хектари, велат од Регионалната стопанска комора од Прилеп

- Сe додека не станеме членка на НАТО, инвеститорите се плашат да вложуваат во земјата. Чувствуваат одредена несигурност - вели Ристо Најдоски, од оваа комора.
За изградбата на слободната зона кај Алинци се потребни од седум до осум милиони евра. Земјиштето ќе се издава под концесија на 99 години и ќе има 37 парцели. Постојат можности зоната да се прошири уште на дополнителни 37 хектари. Тука ќе можат да градат компании чие производство е ориентирано за извоз.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112410957241&id=10&prilog=0&setIzdanie=22141
 
Колку што се сеќавам, во некои држави се вложуваше и пред да станат нато членки (Бугарија)...исто и ден денес се вложува во некои балкански држави сеуште невлезени во нато (Хрватска, Црна Гора) па и некои немаат ни намера да влегуваат, а странци вложуваат. Несигурност заради судските процеси, матканици и непотизми, заради геодетска управа и катастарот, заради недобро функционирање на одредени институции кои имаат допирни точки со бизнис, безбедност, сигурност, заштита и инвестиции...но заради невлегување во нато, како причина искрено не верувам.
 
На 29 Март 2004, Бугарија стане членка на НАТО. Во следните две години странските инвестиции во БГ се учетвориха:smir:
 
QUO VADIS, NATO?

Оргии на Самитот на НАТО во Лисабон?

Самитот на НАТО во Лисабон за некои делегации помина порелаксирано од напорните разговори за противракетниот штит или соработката со Русија.

Како што пренесува хрватски РТЛ повикувајќи се на португалскиот весник „Кореиро да Мана“ некои членови од грузиската делегација со неколку свои ерменски колеги во петокот направиле вистинска забава, или подобро речено оргија на која имало дури 80 проститутки.

Португалскиот весник наведува дека проститутките биле „шверцувани“ да влезат во луксузниот хотел во Лисабон под изговор дека се дел од ерменската и од грузиската делегација.

Цитирајќи го рускиот весник „Правда“, РТЛ објаснува дека забавата била прекината по барање на францускиот претседател Саркози и неговата делегација кои се жалеле дека во хотелот било неподносливо бучно. Весникот не наведува дека имало и претставници од Ерменија, туку дека забавата ја организирале само Грузијците.

Грузискиот заменик премиер и државен министер за европски и евроатлански интеграции Ѓорги Барамиѕе овие информации ги нарече глупост за која не треба воопшто да се разговара.

И потоа следува негирање на целиот настан

"I am the general manager; I live in the hotel and am here 24 hours a day. I can assure you that nothing happened," IntepressNews quoted the hotel's manager as saying.
- Колку уверливо :pos:
 
по барање на францускиот претседател Саркози и неговата делегација кои се жалеле дека во хотелот било неподносливо бучно.
Да бее бучно, или му било мака што тој не бил у таа гужвичка :) Ех што не не канат на вакви дешавки, штета.
 
Колку што се сеќавам, во некои држави се вложуваше и пред да станат нато членки (Бугарија)...исто и ден денес се вложува во некои балкански држави сеуште невлезени во нато (Хрватска, Црна Гора) па и некои немаат ни намера да влегуваат, а странци вложуваат. Несигурност заради судските процеси, матканици и непотизми, заради геодетска управа и катастарот, заради недобро функционирање на одредени институции кои имаат допирни точки со бизнис, безбедност, сигурност, заштита и инвестиции...но заради невлегување во нато, како причина искрено не верувам.
Едно време инвестициja от 30 милиони се именуваше како голема инвестициja, а днес таква инвестиja се категориза како мала. Това е разликата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom