P
Princ
Гостин
Не знаев каде да ја поставам темава, во Здравје или Наука, ама се одлучив за наука бидејќи сакам од научен аспект да го разгледаме случајов.
Случаите на споени близнаци се 1:100.000. Некои се раѓаат мртви, други умираат при породување, трети умираат во првите неколку месеци после породување, а многу ретки се случаевите кога тие преживуваат и живеат подолго.
Може да бидат споени во една или повеќе точки од телото, а многу ретко и во главите.
Татјана и Криста Хоган се споени во главите и на 25 Октомври наполнија 4 години, среќни и здрави.
Она што научниците ги восхитува е тоа што нивните мозоци и сензорски системи се меѓусебно поврзани.
Значи имаш 2 деца, целосно различни едно од друго, со свои различни карактери, но сепак меѓусебно поврзани.
Докторот Даглас Кохрејн, невролог во детската клиника во Ванкувер, вели
Поради начинот на кој им се поврзани телата (превртена буква V) секое од децата има различно видно поле. Едното дете може да гледа играчка или чаша, а другото да го фати во раце иако не го гледа со очи. Баба им вели дека верува и дека делат мисли.
Исто така, чувствуваат она што другото го чувствува. Ако го боцнеш едното (или го скокотнеш), и другото плаче (или се смее).
Иако нивниот развој за комуникација е одложен, станува се подобар. Нивните зборови засега се бројат на неколку, и говорот им е малку тежок за разбирање. И семејството и истражувачите со нетрпение чекаат објаснување од децата за тоа што го искусуваат.

Нивните мозоци земаат сигнал од видното поле на другиот близнак. Едното може да види тоа што всушност другото го гледа.
Поради начинот на кој им се поврзани телата (превртена буква V) секое од децата има различно видно поле. Едното дете може да гледа играчка или чаша, а другото да го фати во раце иако не го гледа со очи. Баба им вели дека верува и дека делат мисли.
Никој ништо нема да рече, и наеднаш ќе ја слушнеш Татјана како вели "Престани!" и ја удира Кристи.